Ерусалим: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава or:ଜେରୁଜେଲମ
с r2.7.3) (Робот: Менува cbk-zam:Jerusalén, tl:Herusalen, war:Jerusalén
Ред 468: Ред 468:
[[ceb:Jerusalen]]
[[ceb:Jerusalen]]
[[cs:Jeruzalém]]
[[cs:Jeruzalém]]
[[cbk-zam:Jerusalem]]
[[cbk-zam:Jerusalén]]
[[cy:Jeriwsalem]]
[[cy:Jeriwsalem]]
[[da:Jerusalem]]
[[da:Jerusalem]]
Ред 584: Ред 584:
[[fi:Jerusalem]]
[[fi:Jerusalem]]
[[sv:Jerusalem]]
[[sv:Jerusalem]]
[[tl:Herusalem]]
[[tl:Herusalen]]
[[ta:யெரூசலம்]]
[[ta:யெரூசலம்]]
[[kab:Orcalim]]
[[kab:Orcalim]]
Ред 603: Ред 603:
[[fiu-vro:Jeruusalemm]]
[[fiu-vro:Jeruusalemm]]
[[wa:Djeruzalem]]
[[wa:Djeruzalem]]
[[war:Jerusalem]]
[[war:Jerusalén]]
[[yi:ירושלים]]
[[yi:ירושלים]]
[[yo:Jerúsálẹ́mù]]
[[yo:Jerúsálẹ́mù]]

Преработка од 05:51, 27 јануари 2013

Ерусалим
יְרוּשָׁלַיִם (Јерушалајим)
Официјално знаме на Ерусалим
Официјално знаме на Ерусалим

Знаме
Официјален грб на Ерусалим
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Ерусалим
Mестоположбата на Ерусалим
Координати

31°47′″N, 35°13′″E

Општи податоци
Име
- изворно
- други имиња


Ерусалим
  יְרוּשָׁלַיִם (Јерушалајим)
арапски: القـُدْس (Ал Кудс);
грчки: Ίερουσαλήμ (Јеросалем)
латински:Hierosolyma (Хиерусалем)
Прво доселување 4000 п.н.е.
Стари имиња Салем
Јебус
Сион или Цион
Ир Давид (Давидов град)
Повикувачки број +972 2
Портал www.jerusalem.muni.il
Управа
Земја Израел Израел
Округ Ерусалим
Градоначалник Нир Баркат
Географија
Површина 126 km²
Надморска височина околу 760 m
Население
Население 804,355 (2012)[1] (2007)
Густина 5.750,4 ж./km² (2006)
Етнички групи евреи (65%), муслимани (32%), христијани (2%), други (1%)

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם (audio); арапски:القُدس القُدس (audio) Ал Кудс, арамејски: ܐܘܪܫܠܡ, ’Ūrišlem, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, [2] и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина.[3] Градот брои 804,355 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим.[1][4][iv] Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.[5].

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.[6]. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина[7], а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km²[8], во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век.[9] Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан.[10] Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.[11]

Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН[12][13], а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина.[14][15] По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.[16]

Етимологија

И покрај тоа што оригиналното име на градот е Ерусалим, сепак постојат повеќе теории околу тоа што всушност во превод означува овој термин. Некои веруваат дека името на градот доаѓа од хебрејскиот збор јеруша, што во превод значи наследство и хебрејскиот збор шалом, што во превод значи мир, односно Наследство на Мирот. Според други мислења, зборот “шалом“ доаѓа од хебрејското “шоломо“, што пак асоцира на царот Соломон, градител на Првиот храм[17][18] Вториот дел од зборот е “шалем“, (целосност или хармоничност), што е и најраниот назив на денешниот град Ерусалим,[19] споменат уште во првата книга на Библијата, Настанување.[20] Од друга страна, во Араманските писма напишани на акадски јазик, името на градот се нарекува Урушалем, слично на хебрејското Ир Шалем.[21]

Во еврејската Мидраш, Авраам дошол во градот, кој тогаш го нарекол Шалем.[22] Пророкот го замолил кралот Мелхиседек да му даде благослов. По оваа средба се смета дека бил додаден префиксот јеру, добиено од јерех, име кое Авраам му го дал на Ридот на храмовите.[22]. Од тука доаѓа и Јерушалем, што во превод значи “градот на Шалем“ или “основан од Шалем“.[23] Последната наставка -им е додадена од хебрејската граматика.[24][25]

Се верува дека градот бил наречен и Рушалимум или Урушалимум, што доаѓа од староегипетскиот јазик.[26] Грците кон името на градот го додале префиксот “хиеро“ (свето место), и градот го нарекувале Хиеросолјама. Арапите, градот го нарекувале Ал Кудс(Свето место). Сион или Цион се нарекувал само дел од градот, но подоцна ова име започнало да се употребува и за целиот град. По цар Давид, градот бил познат и како Ир Давид, односно Давидов град.[27]

Историја

Според археолошките откритија, се претпоставува дека градот бил основан околу 4000 година п.н.е.,[28][5] со елементи од бронзената доба во периодот помеѓу 3000 година п.н.е. и 2800 година п.н.е.[28][29] Пронајдените писма од 19 век п.н.е., во кои градот се нарекува Рошламем[28] и Араманските писма се првите називи за градот.[30][31] Некои археолози, вклучувајќи го и Кетлин Кенјон, сметаат дека Ерусалим бил основан од страна на западносемитските народи во околу 26 век п.н.е. Но, според еврејската традиција, градот бил основан од страна на синот на Ное, Сим и неговиот внук Ебер. Според Библијата, градот бил основан од страна на Мелхиседек, истомисленикот на Авраам. Подоцна, градот бил заземен од страна на Давид, кој го претворил во престолнина на своето царство.[32][33][v]

Периоди на храмот

Според хебрејските ракописи, цар Давид со градот владеел во 970 година п.н.е. Тој бил наследен од страна на својот син, Соломон, [34] кој го изградил Ерусалимскиот храм на планината Мориах. Храмот на Соломон, (подоцна наречен Прв Храм) прераснал во големо светилиште во еврејската историја, а се смета дека подоцна во него бил чуван и Ковчегот на Заветот.[35] Повеќе од 600 години, односно сѐ до преземањето на градот од страна на Вавилон, градот останал престолнина на Јудејското кралство и религиозен центар на Израелците.[36] Овој период е познат како период на Првиот Храм.[37] По смртта на Соломон, (930 п.н.е.), градот останал престолнина на царството.[37]


Давидова кула

По освојувањето на градот, завршил првиот период на храмот, и тоа во 586 година п.н.е., со заземањето на градот од страна на Вавилон, рушејќи го храмот на Соломон[37]. По педесет години Евреите откако биле протерани од градот, персискиот крал Кир II им дозволил повторно да се вратат. Со нивното доаѓање, дошла и идејата за повторна реконструкција на ерусалимскиот храм. Тој бил изграден во 516 п.н.е. во времето на Дариј I, односно седумдесет години по уривањето на Првиот храм[38][39]. Градот повторно станал најважен центар на Евреите и нивната култура. Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим попаднал во рамките на Македонската држава. По распадот на Македонската држава, со Ерусалим владеел Птоломеј I Сотир. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на селеквидите.[40]

Еврејско-римски војни


Ерусалим

Имиња

Морија · Сион · Аелија Капитолина

Историја · Хронологија

10 век п.н.е. · 721 п.н.е. · 597 п.н.е.
587 п.н.е. · Период на Вториот храм · 70
614 · 637 · Среден век · 1099
1187 · 1244 · 1917 · 1947 · 1948

Религиозно значење

Јудаизам  · Христијанство · Ислам
Храмова Гора · Западен ѕид
Златна купола · Ал Акса
Светиот Гроб

Демографија · Луѓе

Патријарси · Рабини
Голем муфтија · Градоначалници

Археолошки градби  · Најпознати места
Населби · Планини
Транспорт  · Образование
Позиции
Источен Ерусалим

Ерусалимски закон · Ден на Ерусалим
Знаме · Грб

Градот бил заземен од страна на Римјаните во 70 година, во времето на императорот Тит. Во времето кога Римската Империја била во својот најголем подем, Ирод бил назначен како поданик на императорот во еврејските земји. Тој започнал со обнова на градот, градејќи многу кули, палати и храмови, од кои најпознат е Храмот на Ирод, изграден на местото на поранешниот храм на Соломон. Во негово време, големината на ридот на храмовите бил проширен двојно.[41][42][34]. Во 6 век, градот спаѓал во јудејската провинција на Римската Империја,[43] а Ирод бил наследен од страна на Агрипа III во 96 година. Римската улога и господарство во Ерусалим и регионот ја предизвикала првата еврејско-римска војна. За време на оваа војна, во 70 година, повторно е урнат Ерусалимскиот Храм. Во 130 година, император Адријан го романизирал градот, менувајќи му го името во Аелија Капитолина. [44] Градот повторно станал престолнина за времето на тригодишниот конфликт меѓу Евреите и Римјаните, конфликт наречен Бар Кокба конфликт од 132 година. По три години, императорот Адријан повторно го зазел градот, и им забранил на сите Евреи да се вратат назад. Адријан ја вклучил јудејската провинција во т.н. палестинска провинција, според Филистинците кои се обиделе да ја де-јудаизираат земјата.[45][46] Евреите, во градот Аелија Капитолина се вратиле во 4 век.

Во текот на 4 век, градот останал во склопот на Римската Империја, а по нејзиниот распад во Византија. Во тоа време римскиот император го реконструирал градот во христијански, градејќи го Светиот Гроб. Популацијата на градот кон крајот на Вториот период на храмот нагло била зголемена на 200.000,[47][45] а Евреите во времето на Константин I, повторно биле протерени од градот.[48]

Римско-персиски војни

Со ширењето на Сасанидското царство, и градот Ерусалим бил вклучен во неговата територија. [49]

Со опсадата на Ерусалим, во 614 година, градот паднал по 21 ден опсада во рацете на Персијците. Персијците извршиле масакар над 90.000 христијани.[50] Градот останал петнаесет години под раководство на Сасанидското царство, кога византискиот император Хераклиус го зазел во 629 година.[49]

Исламска улога во градот

Златната купола

Градот Ерусалим е прогласен за трет најсвет град во исламот, веднаш по Мека и Медина. Во раноисламската ера, градот бил нарекуван Ал Баит Ал Мукадас, а подоцна, како што е до ден денес, градот е познат како Ал Кудс Ал Шариф. Во 638 година исламскиот калифат веќе доминирал во Ерусалим.[51] Со муслиманското освојување на Сирија, Евреите повторно се вратиле во градот. [52] Калифот Умар Ибн Ал Катаб успеал да постигне договор со монофизитистичкиот патријарх Софрониј Ерусалимски за осигурување на светите христијански места, и договор со кој се гарантирала безбедноста на христијанското население во градот oд муслиманите.[53] Умар бил водич во пронаѓањето на каменот во Ридот на храмовите, и наредил да се изгради џамија. Во периодот од 679 до 688 година, џамијата на Умар добила дрвена правоаголна форма, и била проширена со што нејзината внатрешност можела да собере 3.000 верници.[54] Златната купола повторно била обновена за време на умајадскиот калиф Абд ал Малик во 7 век.[55] Ова го кажува и историчарот Ал Мукадас, кој напишал дека Абд ал Малик изградил светилиште со цел да ги надмине ерусалимските цркви кои биле изградени многу порано.[54] Во следните 400 години, Ерусалим останал под раководство на Арапите,[56], сѐ до крстоносните војни.

Крстоносци, Саладин и Мамлуците

Преземање на градот од страна на крстоносците

Во 1099 година, Ерусалим бил освоен од страна на крстоносците. Со заземањето на градот, новите господари извршиле големи масакри врз нехристијанското население, пред сѐ врз муслиманското и еврејското. Крстоносците го населиле Ерусалим со христијанско население, главно од Европа, и го формирале Ерусалимското кралство. Населението на градот значително се намалило од 70.000 на 30.000.[57] Во 1187 година, градот бил заземен од страна на Саладин, кој дозволил повторно да се вратат муслиманите и Евреите во градот.[58] Во 1244 година, Ерусалим бил заземен од страна на Татарите, кои повторно ги избркале Евреите од градот, и извршиле голем масакар врз христијаните.[59] Во периодот од 1250 до 1517 година, Ерусалим бил управуван од страна на Малмуците, и во текот на нивното владеење имало постојани борби меѓу нив и крстоносците.

Улогата на османлиите во градот

Во 1517 година, градот влегол во составот на Османлиската империја, и под раководство на Османлиите останал сѐ до 1917 година.[58] Во времето на Сулејман Величенствениот, Ерусалим бил значително обновен, вклучувајќи ги ѕидините околу стариот дел на градот. Во склопот на оваа империја, Ерусалим останал како провинција и како голем религиозен центар, покрај новосоздадените Каиро и Дамаск.[60] Исто така, Османлиите воспоставиле бројни конзулства во градот, а транспортната мрежа била проширена, што означува дека градот бил потполно модернизиран.[61] Во текот на 19 век, градот бил поврзан со Јафа, а од 1892 година била изградена и железничка пруга.[61] Во 1840 година, многу Евреи од Алжир и Северна Африка се населиле во градот.[62] Така, според прускиот конзулат, населението на градот било 16.410 жители, од кои 7.120 Евреи, 5.000 муслимани, 3.390 христијани, 800 Османлии и 100 Европјани.[62] The volume of Christian pilgrims increased under the Ottomans, doubling the city's population around Easter time.[63]

Во почетокот на 1860 година, градот започнал да се шири и надвор од старите ѕидини. Така, биле изградени новите населби: Руската населба и Мишкенот Шананим.[64]

Британскиот мандат и војната од 1948 година

Влегувањето во градот во 1917 година

Во 1917 година, по битката за Ерусалим, британската армија го зазела градот под раководство на Едмунд Аленби.[65] Така, во 1922 година, Обединетите нации ѝ доделија мандат на Велика Британија врз територијата на Палестина. Во периодот од 1922 до 1948 година, целото население на градот се зголемило од 52.000 на 165.000 жители, од кои две третини биле Евреи, а една третина им припаѓала на муслиманите и христијаните.[66] Тензијата во Палестина меѓу Арапите и Евреите сѐ повеќе растела. Дошло до нови нередија, најпрвин во 1920 година, а подоцна и во 1929 година. Под раководство на Велика Британија, градот започнал да се шири кон западниот и северниот дел од градот.[67][68] Во 1925 година бил изграден и првиот еврејски универзитет.[69]

Со истекувањето на британскиот мандат во Палестина, во 1947 година бил создаден нов план за градот Ерусалим, под раководство на Обединетите нации.[70] Официјалното резиме било заминување на воените трупи на десет години, и излегување на референдум кој би одлучил за иднината на оваа територија. Но, планот не се остварил, заради започнувањето на војната за независност на новата држава Израел.

Војната завршила така што Ерусалим бил поделен меѓу Израел и Јордан. Со договорот од 1949 година, централниот дел од градот и Скопуската Планина му припаднале на Израел. Градот бил поделен на источен и западен Ерусалим. Со декларацијата за независност, градот станал главна престолнина на Израел, а Јордан само формално го анексирал Источен Ерусалим во 1950 година.[71][72] За време на шестдневната војна, Израел го зазел Источен Ерусалим и го зачувал суверенитетот на градот, Евреите ги добиле светите места, а била распуштена мароканската населба која се наоѓала до Западниот Ѕид[73] со што бил расчистен патот кон светото еврејско место.[74]

Географија

Градот Ерусалим се наоѓа јужно од Јудејската Планина, источно од Маслиновата Планина и југоисточно од Скопуската. Стариот град се наоѓа на 760 метри надморска височина.[75] Кидрон, Хином и Тиропоеон се наоѓаат јужно од Стариот град.[76]

Во библиско време, градот бил опколен од бадемови, маслинови и борови дрвја. Но, со вековните борби кои се воделе на овие простори, овие шумички биле уништени. Снабдувањето на градот со вода од секогаш претставувало проблем.[77]

Ерусалим се наоѓа на 60 km источно од Тел Авив, [78] и Средоземно Море, 35 km од Мртво Море.[79] Во близина на градот се наоѓаат Витлеем и Беит Јала на југ, Абу Дис и Мале Адумим на исток, Мевасерет Сион на запад, и Рамалах и Гиват Зев на север.[80][81][82]


Панорама на ридот на храмовите

Клима

Градот се карактеризира со медитеранска клима, со топли суви лета, и ладни врнежливи зими. Обично во градот паѓа снег еднаш или два пати во годината, а големи врнежи од снег се појавуваат во просек од три до четири години. Месец јануари е најстудениот месец во годината, со температура од 8 °C (46 °F), а јули и август се најжешките месеци, со температура од 23 °C (73 °F). Температурата обично варира во денот и ноќта, и градот во летниот период има студени ноќи. Средниот годишен врнеж од дожд е околу 590 ml, а обично месеците мај и октомври се најврнежливи во годината. [83]

Климатски податоци за Ерусалим
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Извор: The Weather Channel[83]

Демографија

Популација на Ерусалим
Година Број на жители
1844 15.510
1876 25.030
1896 45.420
1922 62.578
1931 90.053
1944 157.000
1948 165.000
1967 263.307
1980 407.100
1985 457.700
1990 524.400
1995 617.000
2000 657.500
2005 706.400

Во декември, 2007 година, популацијата на Ерусалим изнесувала 747.600 луѓе, од кои 64% Евреи, 32% муслимани и 2% христијани.[1][3][84] Во споредба со 2000 година, процентот на Евреи во градот е намален, поради зголемениот прираст на палестинското население во градот и заминувањето на Евреите од градот. Во стариот дел од градот живеат 32.488 Евреи.[85]

Во текот на 2005 година, околу 2.850 нови емигранти биле населени во Ерусалим, повеќето од нив по потекло од САД, Франција и Русија. Во поглед на наталитетот на градот, во 2005 година, 16.000 жители го напуштиле градот, а само 10.000 се населиле.[3] Во истата година, целосната популација на Ерусалим се зголемила за 13.000 или 1,8%, но религиозните и етничките тензии сè повеќе растат. Арапската популација побрзо нараснува во градот во поглед на еврејската.[3] Во споредба со минатото, во 1967 година, процентот на Евреите во градот бил 74%, а по четири декади процентот се намалил за 9%. [86]За наталитетот на градот големо влијание имаат и финансиите со кои располагаат жителите на градот. Така, многумина се иселуваат од градот поради немање финансиски средства. Тие обично се населуваат во околните градови или села, каде условите за живот се поефтини.[87]

Општински совет на Ерусалим

Ерусалимската општина е составена од градоначалник и 31 советник, кои се избираат на секои пет години. Моментален градоначалник на градот е Нир Баркат, и на оваа функција е од 2008 година.[88][89] Најдолго време, градоначалник на градот бил Теди Колек, кој поминал 29 години на оваа позиција. Обично, градското собрание е затворено за посетители, но за туристите се отвора еднаш месечно.[89] Седиштето на ерусалимската општина и градоначалничката канцеларија се наоѓа на плоштадот Сафра на улица Јафа. Новата општинска зграда била отворена во 1993 година.[90] Градот спаѓа во ерусалимскиот регион, каде Ерусалим е главен град.

Политички статус

Парламентот на Израел, Кнесет

На 5 декември 1949 година Израел го прогласил Ерусалим за главен град на новата држава[91] и сите владини организации и министерства биле лоцирани во градот.[92] За време на војната, Ерусалим бил разделен на источен и западен, а само западниот дел од градот бил престолнина на градот, додека останатиот бил под управата на Јордан, сѐ до Шестдневната војна кога Израел го анексирал источен Ерусалим, вклопувајќи го со преостанатиот дел од градот. На тој начин, со дефинитивниот изгласен Ерусалимски закон во 1980 година, градот бил прогласен за престолнина на Израел.[93]

Ваквите постапки на властите на Израел, создавајќи “Обединет Ерусалим“, не биле прифатени од страна на некои држави како добронамерни.[94][91] Некои земји отвориле конзулати во Ерусалим, како и свои амбасади, но повеќето од нив се дислоцирале во Тел Авив, главно поради сѐ позачестените етнички конфликти меѓу Арапите и Евреите во градот.[95][96]

Можеби најзабележителна градба во градот, по оние на ридот на храмовите се владините институции, вклучувајќи го Кнесет, [97] [98] и официјалната резиденција на претседателот на Израел и премиерот на Израел. Пред основањето на израелската држава, Ерусалим бил користен како административен центар на британскиот мандат.[99]

Религија

Западниот ѕид во стариот град
Џамијата Ал Акса, третото најсвето место во исламот

Ерусалим претставува многу значајно место за јудаизмот, исламот и христијанството. Во градот се наоѓаат 1204 синагоги, 158 цркви и 73 џамии.[100]

Базиликата Светиот Гроб

Јудаизам во Ерусалим

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот. За Евреите, Ерусалим е градот престолнина на царот Давид за своето царство во 10 век п.н.е. Ерусалим е градот каде некогаш бил изграден Храмот на Соломон и Вториот ерусалимски храм.[6] Во градот на Сионската Гора се наоѓа Гробот на Давид. Денеска се смета дека Западниот Ѕид е единствено нешто што останало од некогашниот ерусалимски храм, и затоа денес ова место е најсветото во јудаизмот, на ридот на храмовите.[101] Речиси сите синагоги во светот се изградени според оние во Ерусалим,[102] и Кадош Хакадашим.[103] Според Евреите, ова е еден единствен храм кој постои, бидејќи самата синагога тие не ја признаваат како храм. Исто така, според нив овде е точното место каде Бог директно ги прима аманетите на човекот.


Ислам во Ерусалим

Ерусалим е третото најсвето место за исламот, веднаш по Мека и Медина.[7] Муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед од Мека дошол во Ерусалим на ридот на храмовите, од каде со својот коњ воскреснал кон небото.[104][105] Најсвето место во Ерусалим за исламот е џамијата Ал Акса.[106]. Освен Ал Акса, големо значење има и Златната купола, во која се наоѓа местото од каде пророкот Мухамед воскреснал кон небото.[107] Денес, бројот на муслимани во градот се претпоставува дека е околу 100.000, но некогаш тој број изнесувал многу повеќе. Но по прогласувањето на независноста на Израел, и по арапско-израелскиот конфликт, нивниот број значително се намалил.

Христијанство во Ерусалим

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос. Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по роѓањето,[108] а подоцна дошол во храмот каде проповедал.[109] Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гробот на Давид.[110][111] Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос[112]. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.[113] Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос.[113][114][115] Градинарскиот гроб пак се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскреснал.

Култура

Освен тоа што Ерусалим е познат како религиозен град, тој е познат и по своите културни манифестации. Израелскиот музеј годишно прима околу милион посетители, од кои една третина се туристи.[116] Музејот Светилиште на Книгата се наоѓа во непосредна близина на Израелскиот музеј.[117] Рокфелерскиот музеј се наоѓа во Источен Ерусалим и е првиот музеј во овој регион отворен во 1938 година.[118][119] На ридот на храмовите се наоѓа исламскиот музеј, изграден во 1923 година каде се чуваат многу исламски артефакти. [120]

Израелскиот национален музеј Јад Вашем е музеј кој е посветен на жртвите од холокаустот,[121] и поседува повеќе од 100.000 книги и материјали за тоа време. Јад Вашем е посветен на скоро 1 500 000 евреиски деца кои биле погубени од страна на нацистите.[122] The Museum on the Seam, which explores issues of coexistence through art is situated on the road dividing eastern and western Jerusalem.[123]

Ерусалимскиот симфорниски оркестар, кој бил создаден во 1940 година[124] е еден од најпознатите во светот.[124]

Економија

Историски, економијата на Ерусалим најмногу е поддржана од религиозни причини, посебно затоа што е лоциран далеку од Газа и Јафа.[125] Екомомскиот туризам во Ерусалим е во голем степен развиен поради туристичките или религиозните посети на стариот дел од градот. [3] До 1967 година, Источен Ерусалим бил поразвиен во однос на Западен Ерусалим.[125] Статистиката покажува дека бројот на вработени кај арапските домаќинства е 76,1%, додека кај еврејските домаќинства тој процент е 66,8%. Степенот на невработеност во Ерусалим е 8,3%, и е подобар во однос на Тел Авив и Хајфа [3] како и на ниво на целата држава, каде тој процент изнесува 9,0%. Но, сиромаштијата во градот сѐ повеќе расте во последните години, и се смета дека тој степен е околу 40%.[126] Само 8,5% од жителите на ерусалимскиот регион се вработени во производниот сектор, 17,9% се вработени во образованието, 12,6% во здравството, 6,4% во комуникациите, 6,15 во хотели или ресторани, а 8,2% во администрацијата.[127]

Транспорт

Ерусалимската автобуска станица

Авионскиот превоз до Ерусалим е осигурен преку аеродромот Атарот од 2001 година. Пред тоа, овој аеродром бил користен за воени цели на израелската војска. Во Ерусалим се наоѓа и Еџед Бас, втора по големина компанија во светот за производство на автобуси[128] која истовремено управува и со ерусалимската станица на улица Јафа. Од 2008 година, единствен застапник за такси превоз во градот е Еџед Бас.

Градот е поврзан и со израелската железница, но во моментот се гради нова железничка станица во правец од Тел Авив до Ерусалим[129] која се очекува да биде довршена во 2011 година.

Образование

Евреискиот универзитет во Ерусалим

Ерусалим е град на престижни универзитети, на кој се предава на хебрејски јазик, арапски јазик и англиски јазик. Основан во 1925 година, Еврејскиот универзитет во Ерусалим е рангиран меѓу стоте највисоки едукативни установи во светот. [130] Друга научна установа е Ерусалимскиот колеџ на технологијата, основан во 1969 година како и Ерусалимската академија на музиката и танцот, основана во 1958 година.

За исламскиот свет, во Ерусалим е отворен универзитетот Ал Кудс, основан во 1984 година.[131] Ова е и единствениот арапски универзитет во градот.[132]

Спорт

Двата најпопуларни спортови во Ерусалим се кошарката и фудбалот.[133] Беитар Ерусалим е еден од најпопуларниот фудбалски клубови во Ерусалим и Израел. Некои членови на фан клубот се политичари или естрадни ѕвезди. [134] Другиот градски фудбалски тим, и еден од најголемите ривали на Беитар Ерусалим е Хапоел Катамон. Беитар Ерусалим има победувано пет пати во израелскиот куп,[135] а Хапоел Катамон има победено само еднаш. Овие два клуба своите домашни натпревари ги играат на стадионот Теди, кој во 1992 година бил изграден со капацитет од 21.600 гледачи.[136] Во кошарката, Хапоел Ерусалим е најдобриот тим, игра во израелската лига каде што ја има освоено три пати, во УЛЕБ купот еднаш и во Лига Хал.[137]

Познати личности

Родени во градот

Починале во градот

Надворешни врски