Абдул Азис: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox Ottoman sultan
{{Инфокутија за личност
| име=Абдул Азис
|Sultan_Name=Абдул Азис
|image_portrait=Sultan Abd-ul-Aziz - P. Sebah Sebah, Jean Pascal (1838-1910).jpg
| портрет=Abdul-aziz.jpg
|image_tugra=Tughra of Abdülaziz.JPG
| опис=Султан на [[Отоманска империја|Отоманската империја]]
|Military=Пад на Отоманската Империја
| наставка=
|title=[[Список на османлиски султани|Отомански султан]]|title2=[[Калиф]]
| роден-дата= {{роден на|8|февруари|1830}}
|before=[[Абдул Меџит І]]
| роден-место=[[Константинопол]], [[Отоманска империја|Отоманската империја]]
|after=[[Мурат V]]
| починал-дата={{починал на|4|јуни|1876}}
|birth_date=февруари 1830
| починал-место=[[Константинопол]], [[Отоманска империја|Отоманската империја]]
|birth_place=[[Константинопол]]
}}
|death_date={{death date and age|1876|6|4|1830|2|9|df=y}}
|death_place=[[Палата Чираган]]
|years=1861–76}}

'''Абдул Азис''' ([[османлиски јазик]]:'' عبد العزيز‘Abdü’l-`Azīz'') ({{роден на|8|февруари|1830}} во {{роден во|Отомански Константинопол}} - {{починал на|4|јуни|1876}} во {{починал во|Отомански Константинопол}}) бил триесетивториот [[султан]] на [[Отоманска империја|Отоманската империја]] во периодот од 1861 до 1876 година. Тој го наследил својот [[Абдул Меџит І]], а самиот тој бил наследен од својот брат [[Мурат V]]. Тој бил син на [[Махмуд II]] и [[Пертевниjaл султан]].
'''Абдул Азис''' ([[османлиски јазик]]:'' عبد العزيز‘Abdü’l-`Azīz'') ({{роден на|8|февруари|1830}} во {{роден во|Отомански Константинопол}} - {{починал на|4|јуни|1876}} во {{починал во|Отомански Константинопол}}) бил триесетивториот [[султан]] на [[Отоманска империја|Отоманската империја]] во периодот од 1861 до 1876 година. Тој го наследил својот [[Абдул Меџит І]], а самиот тој бил наследен од својот брат [[Мурат V]]. Тој бил син на [[Махмуд II]] и [[Пертевниjaл султан]].



Преработка од 15:43, 20 јануари 2013

   Абдул Азис
Отомански султан
Калиф
Владеење1861–76
ПериодПад на Отоманската Империја
Полно имеАбдул Азис
Роденфевруари 1830
МестоКонстантинопол
Починал4 јуни 1876(1876-06-04) (возр. 46)
МестоПалата Чираган
ПретходникАбдул Меџит І
НаследникМурат V
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Абдул Азис (османлиски јазик: عبد العزيز‘Abdü’l-`Azīz) (8 февруари 1830 во Отомански Константинопол - 4 јуни 1876 во Отомански Константинопол) бил триесетивториот султан на Отоманската империја во периодот од 1861 до 1876 година. Тој го наследил својот Абдул Меџит І, а самиот тој бил наследен од својот брат Мурат V. Тој бил син на Махмуд II и Пертевниjaл султан.

Управување

Уште пред да дојде на тронот во 1857 година му се родил син Јусуф Изедин. Во периодот од 1861 до 1871 година продолжил да ги спроведува реформите од Танзиматот на чело со неговите главни министри Мехмед Фуад Паша и Мехмед Емин Али Паша. Новата административна поделба на империјата односно воведувањето на вилаетите била направена во 1864 година а Државниот совет во 1868 година. Во 1861 година Истанбулскиот универзитет бил организиран во модерна академска институција.

Абдул Азис одржувал добри односи со Втората француска република и Велика Британија. Во 1867 година тој станал првиот отомански султан кој бил во посета на Западна Европа. Неговата посета била во Обединетото Кралство каде бил прогласен за Витез на Подвеската од кралица Викторија. Во 1869 година присуствувал на oтварањето на Суецкиот канал.

По 1871 година Франција била поразена од страна на Прусија. По ова неговата надворешна политика се свртела кон градење на пријателски односи со Русија, но бунтовите на Балканот продолжиле. Во 1875 година започнало Херцеговинското востание а следната 1876 и Априлското востание во Бугарија. По ова следувале и убиствата на конзулите во Солун.

Големите расходи на султанот за отоманската морнарица како и големите плати довеле до зголемување на јавниот долг на земјата и до зголемување на незадоволството меѓу народот. Така на 30 мај 1876 година бил соборен од престолот од страна на неговите министри, а по неколку дена и починал. Се смета дека тој се самоубил иако подоцна според султанот Абдул Хамид II тој бил убиен од неговите министри. По назначувањето на Мурат V[1] за нов султан на империјата, тој веднаш започнал да покажува знаци на лудило и јавноста сакала да се врати стариот султан.

Во текот на неговото владеење била модернизирана отоманската морнарица. Во 1875 година морнарицата имала 21 воен брод и 173 помали бродови станувајќи трета најголема флота по онаа на Британија и Франција. Тој ја направил и првата Железничка станица во Сиркечи, го основал Археолошкиот музеј, биле издадени првите поштрнски марки.

Наводи