Бисалтија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:
[[en:Bisaltia]]
[[en:Bisaltia]]
[[es:Bisaltia]]
[[es:Bisaltia]]
[[fr:Bisaltie]]
[[it:Bisaltia]]
[[it:Bisaltia]]
[[lt:Bizaltija]]
[[lt:Bizaltija]]

Преработка од 19:43, 19 јануари 2013

Македонското кралство, непосредно по смрта на Филип Македонски, 336 гпне
Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)

Бисалтија била област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Стримон).[1] Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.[2]

Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Aлександар I Македонски во V в. пне.

Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.[3]

По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.


Наводи

  1. Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960
  2. Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195
  3. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957