Папуа Нова Гвинеја: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Papua New Guinea во tl:Papuwa Bagong Ginea |
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Papuwa Bagong Ginea во tl:Papua New Guinea |
||
Ред 316: | Ред 316: | ||
[[fi:Papua-Uusi-Guinea]] |
[[fi:Papua-Uusi-Guinea]] |
||
[[sv:Papua Nya Guinea]] |
[[sv:Papua Nya Guinea]] |
||
[[tl: |
[[tl:Papua New Guinea]] |
||
[[ta:பப்புவா நியூ கினி]] |
[[ta:பப்புவா நியூ கினி]] |
||
[[tt:Папуа — Яңа Гвинея]] |
[[tt:Папуа — Яңа Гвинея]] |
Преработка од 15:33, 18 јануари 2013
- Ова е статија за државата во Океанија. За останати значења на поимот Гвинеја видете ја страницата за појаснување.
Независна Држава Папуа Нова Гвинеја Papua Niugini Papua New Guinea |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Обединети во различноста[1] | ||||||
Химна: О воздигнете се, Сите вие синови[2] |
||||||
Главен град (и најголем) | Порт Морзби 9°30′S 147°07′E / 9.500° ЈГШ; 147.117° ИГД | |||||
Службен јазик | англиски, ток писин, хири моту | |||||
Демоним | Папуанец Новогвинеец |
|||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
• | Монарх | Елизабета II | ||||
• | Генерален гувернер | Паулиас Матане | ||||
• | Премиер | Мајкл Сомаре | ||||
Независност | од Австралија | |||||
• | самоуправувачки | 1 декември 1973 | ||||
• | Независност | 16 септември 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 462,840 км2 (54-та) | ||||
• | Вода (%) | 2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 6,300,000 [3] (104-та) | ||||
• | Густина | 13 жит/км2 (201-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2005 г. | |||||
• | Вкупен | $14.363 милијарда (126-та) | ||||
• | По жител | $2,418 (131-ва) | ||||
Џиниев коеф. (1996) | 50.9 висок |
|||||
ИЧР (2007) | ▲ 0.530 Error: Invalid HDI value · 145th |
|||||
Валута | Папуа Нова Гвинејска кина (PGK ) |
|||||
Часовен појас | АИСВ (UTC+10) | |||||
• | (ЛСВ) | не е набљудувано (2005) (UTC+10) | ||||
НДД | .pg | |||||
Повик. бр. | 675 |
Папуа Нова Гвинеја (англиски: Papua New Guinea, ток писин: Papua Niugini) или официјално Независна Држава Папуа Нова Гвинеја е држава во Океанија, која го зазема источниот дел на островот Нова Гвинеја и многубројни околни острови. Островот се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, во регионот Меланезија. Главен град на Папуа Нова Гвинеја е Порт Морзби. Оваа држава е една од државите со голема мултикултура, односно во држават има повеќе од 850 различни етнички групи. Вкупното население на Папуа Нова Гвинеја е околу 6 милиони жители. Таа е една од најруралните држави во светот каде 18% од населението живее во урбаните средини. Исто така, оваа држава е една од најретко истражените држави во светот, што се однесува до флората, фауната и етнологијата.
Етимологија
Двојното име на државата доаѓа од комплексната историја пред независноста. Зборот „папуа“ доаѓа од зборот пепуах кој се користел за да се опише остриот воздух во државата, додека името „Нова Гвинеја“ било дадено од шпанскиот истражувач Ињиго Ортиз де Ретез кој во 1545 година запишал дека локалното население го потсетувало на локалното население од Гвинеја, Африка.
Историја
Остатоци од човек на островите биле пронајдени кои датираат од пред 50.000 години. Овие антички жители најверојатно биле од Југоисточна Азија. Земјоделството било развиено уште пред 9.000 години. Поголем бран на доселеници на бреговите на државата дошле пред 2.500 години.
Малку било познато за островите на Западот сè до 19 век, иако трговци од Азија ги посетувале островите.
Северниот дел од државата потпаднал под германска контрола во 1884 и бил дел од Германска Нова Гвинеја. За време на Првата светска војна, државата била окупирана од Австралија и била позната како Британска Нова Гвинеја. Во 1904 година државата го сменила името во Папуа.
Териториите биле соединето во Територија на Папуа и Нова Гвинеја кои подоцна биле преименувани во Папуа Нова Гвинеја.
Потоа следело мирно отцепување од Австралија на 16 септември 1975 година.
Географија и клима
Со 462.840 km2, Папуа Нова Гвинеја е педесет и петтата држава во светот по територија, после Камерун.
Папуа Нова Гвинеја е повеќето планинска држава со највисок врв од 4.509 метри и повеќето од државата е покриена со тропски дождовни шуми. Околу островот Нова Гвинеја има корален гребен.
Државата се наоѓа во регионот наречен Огнен прстен и има неколку активни вулкани и ерупциите се фреквентни. Исто така земјотресите се чести, понекогаш следени со цунами.
Копното на државата е источниот дел на островот Нова Гвинеја, каде се наоѓаат најголемите градови, вклучувајќи го главниот град Порт Морзби и Лае.
Папуа Нова Гвинеја е една од ретките држави кои се наоѓаат на екваторот, а при тоа да има врнежи од снег.
Политички систем
Папуа Нова Гвинеја е член на Комонвелтот на Нации и кралицата Елизабета II е шеф на државата. Во Папуа Нова Гвинеја кралицата е претставена од генералниот гувернер Паулиас Матане. Папуа Нова Гвинеја и Соломоновите Острови се различни од другите Комонвелски држави по тоа што генералниот гувернер се избира од страна на парламентот.
Извршната власт е во рацете на премиерот на Папуа Нова Гвинеја кој го предводи кабинетот. Парламентот на Папуа Нова Гвинеја има 109 членови, од кои 20 се зафатени од 19-те гувернери на покраините. Членовите се избрани преки регуларни избори со мандат од пет години.
Административна поделба
Папуа Нова Гвинеја е поделена на четири региони, кои не се прва административна поделба, туку се важен фактор од социјален и трговски аспект.
Државата има 20 покраини: 18 покраини, автономен регион Бугенвил и област на главниот град.
Економија
Папуа Нова Гвинеја е богата со природни ресурси, но ископувањето на рудата е отежнато поради непристапниот терен, скапата инфраструктура и законите. Земјоделството е извор на егзистенција на околу 85% од населението. Минералните депозити, како што се нафта, бакар и злато, се 72% од извозот на Папуа Нова Гвинеја.
Население, јазик и религија
Папуа Нова Гвинеја е најнехомогена нација во светот. Има стотици етнички групи во државата, од кои мнозинството се дел од групата наречена Папуанци чии претци дошле во регионот пред илјадници години. Исто така има и австронезици, кинези, европејци, филипинци и микронезијци.
Уставот и владата на Папуа Нова Гвинеја гарантираат слободни верски права. Според пописот од 2002, 96% од населението се христијани, припадници на најразлични црковни заедници.
Папуа Нова Гвинеја има многу јазици. Бројката на јазици во државата е над 820 или 12% од вкупната бројка на јазици во светот. Староседелските јазици се делат на две групи: австронезиски јазици и неавстронезиски јазици или папуански јазици. Во државата има три официјални јазици, меѓу кои и англиски јазик иако не е многу зборуван. Лингва франка е ток писински јазик. Тој е пиџин јазик. Во јужниот регион на Папуа Нова Гвинеја не се зборува овој јазик и таму најзастапен и официјален е хири моту јазикот.
Култура
Културата на Папуа Нова Гвинеја е комплексна и разновидна. Забележани се над илјада културни групи. Поради оваа различитост има многу различни стилови на живеење, секоја група има своја уметност, танци, оружје, архитектура и музика. Повеќето од овие различни групи имаат свој јазик.
Наводи
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ "BBC Country profile: Papua New Guinea", news.bbc.co.uk, 20 април 2008. Проверено 20 април 2008.
Поврзано
Надворешни врски
Повеќе за Папуа Нова Гвинеја на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Општи информации
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Папуа Нова Гвинеја“ (англиски)
- Папуа Нова Гвинеја на UCB
- Папуа Нова Гвинеја на Curlie (англиски)
- Wiki за Папуа Нова Гвинеја
- Бизнис дирекија на Папуа Нова Гвинеја
|