Кутлеш: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14: Ред 14:
[[Податотека:Phillip Museum.jpg|мини|Ковчегот со 16-зрачното сонце пронајден во гробницата во Кутлеш]]
[[Податотека:Phillip Museum.jpg|мини|Ковчегот со 16-зрачното сонце пронајден во гробницата во Кутлеш]]
[[Податотека:Ancient Macedonian Symbol.jpg|мини|Симбол на [[античка Македонија]]]]
[[Податотека:Ancient Macedonian Symbol.jpg|мини|Симбол на [[античка Македонија]]]]
'''Кутлеш''' ([[грч.]] ''Βεργίνα'', ''Вергина'') е [[село]] кое се наоѓа во [[Егејска Македонија]], во долното течение на река Бистрица околу 80 км југозападно од [[Солун]], во периферијата [[Централна Македонија (периферија)|Централна Македонија - Central Macedonia]], [[Грција]]. Денеска тоа претставува мало гратче со над илјада жители. Денешниот [[Грчки јазик|грчки]] назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на Митрополитот од Бер(Вериа) според легендарна кралица од античка Вероиа. По Договорот од [[Лозана]] кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 фамилии, властите оформиле една населба во која сместиле 131 фамилија со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на локалното делумно протераното [[Македонци|македонско]] православно и целосно прогонетото муслиманско, како и [[Турци|турско]] и друго население. <ref>[http://makedonija.name/history/aegean-macedonia makedonija.name]</ref>.
'''Кутлеш''' ([[грч.]] ''Βεργίνα'', ''Вергина'') е [[село]] кое се наоѓа во [[Егејска Македонија]], во долното течение на река Бистрица околу 80 км југозападно од [[Солун]], во областа [[Централна Македонија (периферија)|Централна Македонија]], [[Грција]]. Денеска тоа претставува мало гратче со над илјада жители. Денешниот [[Грчки јазик|грчки]] назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на Митрополитот од Бер(Вериа) според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 фамилии, властите оформиле една населба во која сместиле 131 фамилија со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на локалното делумно протераното [[Македонци|македонско]] православно и целосно прогонетото муслиманско, како и [[Турци|турско]] и друго население. <ref>[http://makedonija.name/history/aegean-macedonia makedonija.name]</ref>.
== Ѕвездата од Кутлеш ==
== Ѕвездата од Кутлеш ==

Преработка од 02:46, 13 јануари 2013

Координати: 40°28′52″N, 022°18′49″E

Археолошки локалитет Ајга
светско наследство на УНЕСКО
Влезот на еден од гробовите.
КритериумКултурен: i, iii
Навод780
Запис1996 (20то заседание)
Ковчегот со 16-зрачното сонце пронајден во гробницата во Кутлеш
Симбол на античка Македонија

Кутлеш (грч. Βεργίνα, Вергина) е село кое се наоѓа во Егејска Македонија, во долното течение на река Бистрица околу 80 км југозападно од Солун, во областа Централна Македонија, Грција. Денеска тоа претставува мало гратче со над илјада жители. Денешниот грчки назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на Митрополитот од Бер(Вериа) според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 фамилии, властите оформиле една населба во која сместиле 131 фамилија со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на локалното делумно протераното македонско православно и целосно прогонетото муслиманско, како и турско и друго население. [1].

Ѕвездата од Кутлеш

Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како македонско сонце или ѕвезда од Кутлеш. Инаку овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.

Според Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот).

Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на Грците од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со Македонија) и на Егејска Македонија во Грција.

Наводи

  1. makedonija.name

Видете исто така