Скопска бискупија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот: Поправа пренасочувања
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Catolic church bitola.jpg|thumb|[[Катедрала Пресвето срце Исусово - Скопје|Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ - Битола]]]]
[[Податотека:Catolic church bitola.jpg|thumb|[[Катедрала Пресвето срце Исусово - Скопје|Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ - Битола]]]]
Римокатоличката '''Скопска бискупија''' ([[латински]]: ''Dioecesis Scopiensis'') е воспоставена во [[2000]] година од страна на Папата [[Јован Павле II]]. Таа припаѓа под [[Врхбосанска надбискупија|Врхбосанската надбискупија]] со седиште во [[Сараево]].
Римокатоличката '''Скопска бискупија''' ([[латински јазик|латински]]: ''Dioecesis Scopiensis'') е воспоставена во [[2000]] година од страна на Папата [[Јован Павле II]]. Таа припаѓа под [[Врхбосанска надбискупија|Врхбосанската надбискупија]] со седиште во [[Сараево]].


Областа на Скопската бискупија ја покрива територијата на [[Република Македонија]]. Според информациите на Радио Ватикан, во 2005 година, во Македонија живеат 20.000 католици, од кои половината припаѓаат на [[Гркокатоличка црква во Македонија|византискиот обред]].
Областа на Скопската бискупија ја покрива територијата на [[Македонија|Република Македонија]]. Според информациите на Радио Ватикан, во 2005 година, во Македонија живеат 20.000 католици, од кои половината припаѓаат на [[грко-католичка црква во Македонија|византискиот обред]].


Д-р [[Киро Стојанов]], бил првиот [[Македонци|Македонец]] назначен за бискуп на Скопската бискупија, во 2005 година. Истовремено, Скопскиот бискуп е и Апостолскиот Егзарх на верниците од византискиот обред на Македонија.
Д-р [[Киро Стојанов]], бил првиот [[Македонци|Македонец]] назначен за бискуп на Скопската бискупија, во 2005 година. Истовремено, Скопскиот бискуп е и Апостолскиот Егзарх на верниците од византискиот обред на Македонија.

Преработка од 13:48, 31 декември 2012

Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ - Битола

Римокатоличката Скопска бискупија (латински: Dioecesis Scopiensis) е воспоставена во 2000 година од страна на Папата Јован Павле II. Таа припаѓа под Врхбосанската надбискупија со седиште во Сараево.

Областа на Скопската бискупија ја покрива територијата на Република Македонија. Според информациите на Радио Ватикан, во 2005 година, во Македонија живеат 20.000 католици, од кои половината припаѓаат на византискиот обред.

Д-р Киро Стојанов, бил првиот Македонец назначен за бискуп на Скопската бискупија, во 2005 година. Истовремено, Скопскиот бискуп е и Апостолскиот Егзарх на верниците од византискиот обред на Македонија.

Скопската бискупија има неколку свештеници на располагање (заредени се тројца во 2004), уште тројца се секуларни свештеници а постојат и околу 14 сестри на милосрдието. Канонската жупа се наоѓа во Катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје (со филијални цркви во Куманово, Тетово, Велес, Штип, Гостивар и Струмица) како и во Катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Битола (со филијала во Охрид).

Сегашен надбискуп на Врхбосанската надбискупија, под која припаѓа и Скопската бискупија е кардинал Винко Пулиќ, а апостолски нунциј на Скопската бискупија е Сантос Абрил и Кастело.

Историски развој

Уште во средината на 17 век, повеќе на хартија отколку во реалноста, постоела Скопска бискупија, чиј поширок дел се наоѓал во западниот Балкан. Светата Столица, само понекогаш именувала бискупи за Скопје, а почесто имала празен престол. Често се случувало повеќето бискупи да не живеат во Македонија. Дури помеѓу 19 век и 20 век, ситуацијата со мисијата се стабилизирала. Во 1924 година Скопската бискупија била формирана како посебна диецеза, додека во 1969 година таа била споена со Косовската бискупија, формирајќи ја Скопско-Призренската бискупија, на чело со монсињор д-р Јоаким Хербут. Новото осамостојување на Скопската бискупија конечно се случило во 2000 година со дефинитивното повлекување на финалните граници во поранешна Југославија, додека пак во Призрен постои само Апостолска Администрација.

Бискупи

Библиографија

[1]