Августајон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава la:Augustaeum (Constantinopolis)
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава pt:Augustaion
Ред 38: Ред 38:
[[la:Augustaeum (Constantinopolis)]]
[[la:Augustaeum (Constantinopolis)]]
[[nl:Augustaion]]
[[nl:Augustaion]]
[[pt:Augustaion]]
[[ru:Августеон]]
[[ru:Августеон]]
[[tr:Augustaion]]
[[tr:Augustaion]]

Преработка од 10:59, 18 декември 2012

Ларта на административниот дел од Константинопол.

Августајон (грчки: Αὐγουσταῖον, латински, Augustaeum) е поранешен плоштад кој се наоѓал во Константинопол, денешен Истанбул, Турција. Овој плоштад приближно се наоѓал на денешниот плоштад Света Софија, односно пред самиот влез од музејот Аја Софија. Местото било изградено како јавен пазар, за да во текот на 6 век биде претворен во затворен плоштад и опкружен со портико. Местото претставувало едно од најзначајните во византиската пестолнина. Плоштадот постоел до крајот на Византиската Империја, иако во урнатини. Денеска сеуште се видливи остатоците од овој плоштад.

Историја

Плоштадот датира од времето на Византион, односно од времето пред да стане престолнина на Источната Римска империја. Кога римскиот император Септимиј Север (193-211) го обновил градот, тој изградил голем плоштад кој бил опкружен со портико. Во центарот на плоштадот се наоѓале монументални објекти. Во центарот на плоштадот стоел еден столб со статуа на богот Хелиос[1]. Во времето кога Константин го претворил градот во престолнина, новиот град го украсил го голем број на монументални споменици.

Плоштадот бил обновен во времето на императорот Лав I (457-474), и повторно во 530-тите, кога бил уништен по бунтот Ника, од страна на Јустинијан I (527-565). Во својата оригинална форма, плоштадот бил отворен за јавноста и функционирал како пазар за храна (агора)[1][2], но по неговата реконструкција од Јустинијан, тој повеќе наликувал на затворен двор каде пристапот бил ограничен. Византиските писатели од 7 век објектот го претставиле како двор на Света Софија.

Овој плоштад од времето на Јустинијан главно во следните векови не бил реновиран. Во доцниот 13 век, по обновувањето на градот од страна на Латинската Империја, плоштадот изгледал како да се наоѓа во склоп на Света Софија. Во 15 век, италијанскиот патник Кристофоро напишал дека плоштадот се наоѓа во урнатини, а веќе во 1540-тите, од него останале само седум столба[1].

Локација

Плоштадот се наоѓал во источниот дел од Константинопол, кој во времето на Византија претставувал административен, верски и церемонијален центар на градот. Плоштадот имал правоаголна форма, и бил ограден со столбови. Најверојатно првите столбови биле изградени во 459 година, и обновени од страна на Јустинијан. Во денешно време е невозможно да се утврдат нговите димензии. Според некои, плоштадот бил голем 85 х 65 метри[1].

На својата источна страна плоштадот граничел со катедралната црква Света Софија и палатата на Патријархот. На запад граничел со сенаторската палата која била изградена од страна на Константин или Јулијан (360-363), на југоисточниот дел се наоѓала Чалке порта односно влезот од императорската палата, а на југозападниот дел се наоѓале големите бањи. Тома I Константинополски во почетокот на 7 век изградил базилика во југоисточниот дел од градот.

Плоштадот бил поплочен од мермер, и имал неколку статуи на императорите на Византија. Во времето на Теодосиј Велики (379-395), статуите на синовите на Константин Велики биле заменети со Аркадиј и Хонориј. Една бронзена статуа на Евдоксија исто така стоела на плоштадот. Паганските обичаи биле критикувани од страна на Јован Златоуст, предизвикувајќи гнев кај царицата, по кое следувал прогон на Јован. Голем дел од статуите биле откриени во 1848 година, и денеска се наоѓаат во дворот на Света Софија. Во времето на Јустинијан, во центарот на плоштадот бил изграден голем столб, познат како Столб на Јустинијан. Во 16 век, столбот бил разрушен од страна на Османлиите.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Katsaveli (2007)
  2. Kazhdan (1991), p. 232

Надворешни врски

Предлошка:Константинопол