Грамофонска плоча: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Грамофонска плоча''' е вид на носач на звук, многу популарен во 80-тите години на 20 век. Позна...
(нема разлика)

Преработка од 03:20, 15 април 2008

Грамофонска плоча е вид на носач на звук, многу популарен во 80-тите години на 20 век. Позната е и како LP и винил. Плочата е округла и од поливинилска маса. Во неа, спирално кон центарот се врежани траки на кои различна назабеност значи различен звук.

LP плочите имаат пречник од 12 инчи, се вртат со 33 1/3 вртежи во минута и содржат околу 15-ина песни. Постојат и други, специјални плочи за синглови, 8 инчни во пречник, со брзина од 45 вртежи во минута и содржат обично една или две песни.