Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава stq:Emil Erich Kästner
с r2.7.3) (Робот: Брише diq:Erich Kästner
Ред 71: Ред 71:
[[th:เอริช เคสท์เนอร์]]
[[th:เอริช เคสท์เนอร์]]
[[tr:Erich Kästner]]
[[tr:Erich Kästner]]
[[diq:Erich Kästner]]

Преработка од 06:54, 10 декември 2012

Потписот на Ерих Кестнер, од 1920 година

Емил Ерих Кестнер (23 февруари 189929 јули 1974) бил германски писател, поет, сценарист и сатиричар, познат посебно по хуморот и книгите за деца.

Живот и дело

Кога Хитлер и национал-социјализмот ја освојуваат власта во 1933 година, многу познати германски писатели антифашисти се принудени да емигрираат во други европски и воневропски земји, а Готфрид Бен и Ерих Кестнер остануваат во фашистичка Германија, но како антинацисти. Осудени се на молчење, необјавување, книжевна смрт. Во тоа време и сè до конечното уништување на Хитлеровска Германија во мај 1945 година, Хитлеровците ги палат сите книги со напредни идеи и содржини. Ерих Кестнер гледа како горат неговите дела, верувајќи сепак дека хуманистичкиот дел на човештвото ќе победи еден ден и дека неговите книги најпосле трајно ќе заживеат свој втор живот.

Во тоа време на конц-логори и на воено уништување на Европа и делови од Африка, Ерих Кестнер е млад творечки оневозможен, но и доволно ознат и ценет писател во Германија и Европа, пред сè со своето дело за деца „Емил и детективите“ (1928), но познат и како поет, драмски писател, романсиер и сатиричар. Работел и како новинар, и тоа се чини оставило длабоки траги во неговото дело. Тој е мошне обраозван човек. Веќе во 1925 година е доктор по филозофија.

Во неговит голем опус се издвојуваат романите: „Фабијан“, „Мал граничен промет“, „Исчезнатата минијатура“; потоа драмите „Животот во ова време“, „Училиште за доктори“; стихозбирките „Кратко и јасно“, „Срце на опашот“, „Малата лирска куќна аптека на д-р Е.К.“, „Врева во огледалото“; филмското сценарио за познатиот филм „Минхаузен“; романите за деца „Емил и детективите“, „Летечкиот клас“, „Тончек и Точкица“, „Двојната Лота“, „Емил и тројцата близнаци“, „35-ти мај“ и други.

Критики

Во книжевната историја за Ерих Кестнер е утврдено дека е „критичар на своето време“, „лекар на својата епоха“, дека е хуморист, сатиричар и моралист, којшто служејќи се со иронија и карикатура сака да ги вознемири срцата и воопшто совеста на луѓето. Повикувајќи ги на протест, самиот Кестнер пишува дека: „Моралистот на својата епоха не ѝ го покажува обичното, туку искривеното огледало.“ Според него, „карикатурата е легитимно уметничко средство“, и таа претставува „краен степен на она што тој т.е. моралистот е кадарен да стори“.

Кестнер е претставник на т.н. велеградска книжевност од 1920-те години, претставник на германските сатиричари (покрај Курт Тухолски и Валтер Меринг), претставник на т.н. објективистичка лирика (покрај Јоаким Рингелнац) на тоа време кое е време на една од најстравотните воени апокалипси.

Книгите за деца

Ерих Кестнер е оптимист, но тој не го идеализира ни животот ни детскиот свет. Тој не пишува за да им се допадне на децата, туку за да им ги открие вистините за животот. „Емил и детективите“ е првото дело со кое Кестнер станал славен не само во својата татковина, туку и низ светот. Книгата содржи интересна галерија на јунаци: мајката на јунакот госпоѓа Фишбајн, инаку фризерка, неговата баба, братучедот Хигхен, останатите деца-детективи, крадецот Грундајс и други. Емил е без татко и уште од пет години за него се грижи неговата мајка која сака Емил да не почувствува дека е со еден родител. Емил е одличен ученик. Кестнер возбудливо и едноставно раскажува как опатувајќи во воз, додека спие човекот со тврда шапка, Грундајс му ги краде парите, и како детективите го фаќаат. Во фабулата се преплетуваат можното и неможното. Некои критичари овој роман го нарекоа „хигиенска книга“ после толку нездрави книги за деца.

Кестнер не сака да им робува на шемите при цртањето на ликовите. Во детскиот свет нема шеми, па не може да ги има ни во литературата за деца. Кестнер не го изолира детето од средината, туку секогаш го согледува во соодноси, во интеракции. Тоа конкретно се гледа од неговиот роман „Летечкиот клас“ во кој се зборува за животот во интернат, за пречекот на Новата година, за другарството. Таков е и романот „Тончек и Точкица“, каде со живи реалистични бои се насликани водечките јунаци од насловот на овој социјален роман. Тончек е дете на сиромашни родители, а Точкица на богати. Но децата не се виновни за својата социјална припадност, но сепак тоа ќе се одрази врз нивните детски симпатии.

Пишувајќи ги романите за деца, Кестнер секогаш ја има предвид „тешката рака на животот“, но секогаш е оптимист. Сака да го увери детето дека постои излез и од најтешката ситуација. Таа тешка рака паѓа и врз душите на сестрите близначки Лота и Лујза, во романот „Двојната Лота“. По разводот на нивните родители, девојчињата се раздвоени. Мирната Лота ѝ припаѓа на мајката Лујзалота Кернер, а палавата Лујза на таткото Лудвик Палфи. После низа околности, и двете сестри доаѓаат на летување на Билското Езеро, не знаејќи дека се сестри, но кога дознаваат дека се сестри, прават сè за да ги спојат своите родители повторно. Ова е возбудлива и трогателна приказна. Приказната завршува со хепиенд, иако сè до крајот читателот стравува за судбината на двете деца.

Наводи

Надворешни врски