Атомска орбитала: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава tl:Atomikong orbital
Ред 48: Ред 48:
[[sv:Atomorbital]]
[[sv:Atomorbital]]
[[tl:Atomikong orbital]]
[[tl:Atomikong orbital]]
[[ta:எலக்ட்ரான் சுற்றுவட்டப்பாதை]]
[[ta:அணுப் பரிதியம்]]
[[th:ออร์บิทัลของอะตอม]]
[[th:ออร์บิทัลของอะตอม]]
[[tr:Atomik orbital]]
[[tr:Atomik orbital]]

Преработка од 06:19, 29 ноември 2012

Атомска орбитала е математичка функција која го опишува брановидното однесување на електроните во еден атом. Тргнувајќи од оваа функција, може да се одреди (пресмета) регионот во кој може да се најде електронот кој кружи околу еден атом. Всушност, атомските орбитали ги претставуваат можните квантни состојби на еден електрон во електронскиот облак околу еден атом.

Електронски атомски и молекулски орбитали. Табелата со орбитали (на лево) е одредена со зголемувањето на енергијата (види Маделунгово правило). Забележи дека атомските орбитали се функции од три варијабли (два агли и растојанието од атомското јадро, r). Овие илустрации ја претставуваат аголната компонента на орбиталата, а не целосната орбитала.

Идејата за орбитоидното движење на електроните внатре во атомот била за прв пат објавена во 1904 година. Од 1913, па до 1926 година, за електроните се мислело дека орбитираат околу атомското јадро на сличен начин како планетите околу Сонцето. Објаснувањето на природата на електронските "орбити" било една од главните причини за развојот на квантната механика. Во квантната механика, атомските орбитали се дефинираат како бранови функции над просторот, индексирани со квантните броеви n, l и m на орбиталата, или со имињата користени при електронските конфигурации, како што е покажано на десно. Бидејќи електроните неможат да се опишат како цврсти честици (како што е планетата), посоодветна аналогија за дефинирање на електронот е онаа која вели дека тој претставува чудно обликувана атмосфера (облак) која кружи околу релативно мала планета (атомското јадро). Поради разликите кои постојат со класично-механичките орбити, терминот "орбита" (која го опишува движењето на електроните околу атомот) е заменет со орбитала.

Имињата на орбиталите (s, p, d, f, g, h,...) се изведени од карактеристиките на нивните спектроскопски линии: sharp (остра), principal (главна), diffuse (дифузна) и fundamental (основна), а останатите се именуваат по азбучен ред. Предлошка:Никулец од областа на физиката