Свети Никола: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава th:นักบุญนิโคลัส
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава lij:San Nichioso
Ред 105: Ред 105:
[[lb:Kleeschen]]
[[lb:Kleeschen]]
[[lt:Šv. Mikalojus]]
[[lt:Šv. Mikalojus]]
[[lij:San Nichioso]]
[[li:Sinterklaos]]
[[li:Sinterklaos]]
[[hu:Szent Miklós]]
[[hu:Szent Miklós]]

Преработка од 18:39, 26 ноември 2012

Свети Никола
Άγιος Νικόλαος
Бискуп на Мира, бранител на Православие
Роден(а) околу февруари 15, Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „д“(декември-02-15) 270 година, Патара, Ликија, Мала Азија денешна Турција)
Починал(а) 330 година 6 декември Ликија
Почитуван(а) во Христијанство
Слава 6 декември/19 декември

Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος) или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Живот

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.

Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затварано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во Римското Царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година[1][2] .

Пренос на моштите

На 26 август 1071 година Византија на чело со Роман IV (владеел во периодот од 1068 - 1071 година) била поразена во битката кај Манцикерт во Мала Азија, со селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката завршила со пораз на византијците а Роман IV бил заробен. После оваа битка Византија привремено ја губи контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Византијците ја повратиле на кратко контролата врз Мала Азија за време на Алексеј I Комнин.

Во тоа конфузно време некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на 9 мај 1087 година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од Бари и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во Бари, Италија, кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.

Заштитник и светец

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како „Господар на морето“. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.

Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот календар и на 19 според новиот.

Свети Никола во Македонија

Во Република Македонија, празникот Свети Никола се слави на 19 декември и на 22 мај како Свети Никола Летни.

Градот Свети Николе на овој ден го прославува својот градски празник.

Цркви посветени на Свети Никола

Наводи

  1. „Who is St. Nicholas?“. St. Nicholas Center. Посетено на 7 декември 2010.
  2. „St. Nicholas“. Orthodox America. Посетено на 7 декември 2010.