Шпанска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава mzn:ایسپانیای دله‌یی جنگ
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава gd:Cogadh Sìobhalta na Spàinne
Ред 69: Ред 69:
[[fur:Vuere di Spagne]]
[[fur:Vuere di Spagne]]
[[ga:Cogadh Cathartha na Spáinne]]
[[ga:Cogadh Cathartha na Spáinne]]
[[gd:Cogadh Sìobhalta na Spàinne]]
[[gl:Guerra Civil Española]]
[[gl:Guerra Civil Española]]
[[ko:스페인 내전]]
[[ko:스페인 내전]]

Преработка од 07:58, 23 ноември 2012

Шпанската граѓанска војна (17 јули 19361 април 1939), позната и како Шпанската револуција, е војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франциско Франко од друга.

Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.

По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.

Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.

Македонци во Шпанската граѓанска војна

Биста на Спас Банџов во Охрид

На страната на Републиката се бореле и 329 Македонци,[1] од трите делови на Македонија. Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Алжир, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:[2] Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Димитар Тодоров, Петар Калев, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.

Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето, Мадрид и на други места. На воените боишта животите ги положија 65 Македонци.[3]

Литература

  • Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.) „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961.
  • Перо Коробар, Божо Стефановски „Во меѓународните бригади на Шпанија“ (ур.) „Студентски збор“, Скопје, 1989.

Наводи

Надворешни врски


Предлошка:Никулец од областа на историјата

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA