Хомофобија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Chobot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Менува ko:동성애 혐오증
JackieBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава be:Гамафобія
Ред 34: Ред 34:
[[af:Homofobie]]
[[af:Homofobie]]
[[ar:رهاب المثلية]]
[[ar:رهاب المثلية]]
[[be:Гамафобія]]
[[bg:Хомофобия]]
[[bg:Хомофобия]]
[[br:Homofobiezh]]
[[br:Homofobiezh]]

Преработка од 01:19, 11 ноември 2012

Предомислувањето на општеството за сексуалната ориентација беше кристализирано во поимот хомофобија, кој хетеросексуалниот психолог Џорџ Веинберг го изнесе во доцните 1960-ти години. Веинберг го употреби зборот ‘хомофобија’ за да го означи стравот кај хетеросексуалците да бидат во блиски кругови со хомосексуалците, како и противењето на хомосексуалците кон самите себе си. Зборот прв пат се појави во печат во 1969 година и беше долго анализиран во Веинберговата книга во 1972 година, ‘Општеството и здравиот хомосексуалец’.

Американскиот наследен речник (издание 1992 година) ја дефинира хомофобијата како “аверзија кон хомосексуалните луѓе или нивниот начин на живот или култура” и “однесување или постапки базирани на оваа аверзија”. Други дефиниции ја идентификуваат хомофобијата како ‘нелогичен страв од хомосексуалноста’.

Луѓето со хомосексуална или бисексуална ориентација долго време се жигосани и се срамотени. Меѓутоа, со напредокот на геј политичкото движење во доцните 1960-ти години, хомосексуалното осудување како неморално, криминално и болно се најде под зголемено испитување. Кога Американската Психијатриска Асоцијација ја отфрли хомосексуалноста како психијатриска дијагноза во 1973 година, прашањето зошто некои хетеросексуалци имаат силни негативни ставови за хомосексуалците, почна да добива сериозно научно значење.

Недостатоци

Со покажување на научното внимание и популаризацијата на антигеј непријателствата, создавањето на овие термини го означи текот на работите. Сепак, тие имаат значајни недостатоци.

Критичарите приметија дека дефиницијата за ‘хомофобија’ е проблематична од најмалку две причини.

Прво, научните истражувања не наговестуваат дека хетеросексуалните антигеј ставови можат да се смеетаат за ‘фобија’ во болничка смисла. Навистина, ограничените достапни податоци укажуваат на тоа дека многу хетеросексуалци кои покажуваат непријателство кон геј мажите и лезбејките, не ги манифестираат психолошките реакции кон хомосексуалноста кои се поврзани со други фобии.

Второ, употребата на ‘хомофобија’ наговестува дека антигеј предрасудата е повеќе индивидуален, болнички ентитет отколку општествен феномен вкоренет во културните идеологии и меѓучовечките односи. И над се, ‘фобијата’ е вообичаено искусена како нефункционална и непријатна. Антигеј предрасудите се, меѓутоа, често високо функционални за хетеросексуалците кои ги манифестираат.

Како што станаа антигеј ставовите се повеќе централни за конзервативните политички и религиозни идеологии уште од 1980-тите години, овие недостатоци станаа се повеќе проблематични. Сепак, хетеросексизмот, со неговиот историски голем фокус на културните идеологии над индивидуалните ставови, не е задоволителна замена за хомофобијата.

Видете исто така

Надворешни врски

Предлошка:Link GA