Сун-цу: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава ms:Sun Tzu
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава lad:Sun Tzu
Ред 92: Ред 92:
[[kk:Сұн Зы]]
[[kk:Сұн Зы]]
[[sw:Sun Tzu]]
[[sw:Sun Tzu]]
[[lad:Sun Tzu]]
[[la:Suncius]]
[[la:Suncius]]
[[lv:Sun Dzi]]
[[lv:Sun Dzi]]

Преработка од 19:33, 2 ноември 2012

Сун-цу
Статуа на Сун-цу
Статуа на Сун-цу во Јурихама, Јапонија
Занимањевојсководец
НародностКинез
Период722–481 п.н.е. или 476–221 п.н.е. (спорно)
Предметвоена стратегија
Значајни делаУмешноста на војувањето

Сун-цу или Сун-цу (кинески: 孫子, пинјин: Sūn Zǐ), ц. VI век п.н.е) е автор на трактатотУмешноста на војувањето“, енормно влијателна древна кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.

Името „Сун-цу“ („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Чинг (長卿).

Сун-цу како историска личност

Единствениот зачуван извор за животот на Сун-цу е неговата биографија напишана во II век п.н.е. од историчарот Сима Чиен, кој го опишува како војсководец кој живеел во државата Ву во VI век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители—Конфучиј. Меѓутоа, формата и содржината на „Умешноста на војувањето“ укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.

Сун-цувото дело, „Умешноста на војувањето“, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.

Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески философи и дека Сун-цу не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Џајлсовиот вовед на неговиот превод „Умешноста на војувањето“ од 1910, тој ја обработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.

Според некои Сун-цу бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите сопернички супер-династии за времето на Трите Кралства.

Споменик во Скопје

Сун-цу е претставен на 2,5-метарска скулптура на фасадата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Скопје, меѓу останатите статуи на странски државници и дејци што ја красат надворешноста на ова здание[1].

Поврзано

Македонски изданија

Наводи

  1. Ивановска, Јорданка (31 јули 2011). „Новата фасада ќе ја красат скулптури на странски државници“. Дневник. Посетено на 2 август 2011.

Надворешни врски