Еребица: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с r2.7.2+) (Робот: Додава ba:Ҡыр тауығы |
с r2.7.2) (Робот: Додава cs:Koroptev, ht:Pèdri |
||
Ред 49: | Ред 49: | ||
[[br:Perdix]] |
[[br:Perdix]] |
||
[[ca:Perdix]] |
[[ca:Perdix]] |
||
[[cs:Koroptev]] |
|||
[[de:Rebhühner]] |
[[de:Rebhühner]] |
||
[[nv:Naaʼahóóhaiłbáhí]] |
[[nv:Naaʼahóóhaiłbáhí]] |
||
Ред 56: | Ред 57: | ||
[[fr:Perdix (genre)]] |
[[fr:Perdix (genre)]] |
||
[[kk:Шілдер]] |
[[kk:Шілдер]] |
||
[[ht:Pèdri]] |
|||
[[mrj:Ирмызы]] |
[[mrj:Ирмызы]] |
||
[[lv:Laukirbes]] |
[[lv:Laukirbes]] |
Преработка од 14:45, 25 октомври 2012
Еребица | |
---|---|
Grey Partridge | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Galliformes |
Семејство: | Phasianidae |
Род: | Perdix Brisson, 1760 |
Видови | |
P. perdix |
Еребицата е род на птици од фамилијата на кокошки. Спаѓа во групата на пердувест ловен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и еребицата камењарка. На подрачјето на република Македонија живее средноевропската полска еребица Perdix perdix.
Полска Еребица
Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, меѓутоа може ретко да се најде и на повисоки места, на повисока надморска височина.
Изглед
Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.
Размножување
Живеат во парови, кои ги образуваат во периодот од февруари и март. Брзо после тоа почнуваат да се парат и женката положува до 18 сиво-зелени јајца, во претходно направено гнездо. Женката лежи на јајцата 24 дена, додека мажјакот чува стража. По испилувањето на младите потребана е голема количина на храна, која ја сочинуваат најмногу инсектите.
Еребица Камењарка
Еребицата камењарка може да се сретне на Алпите, во јужна и средна Италија и на некои делови на Балканскиот полуостров, во Македонија се среќава најчесто во Мариово. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.
Изглед
Еребицата камењарка е голема до 36 cm, а распонот на крилјата може да и достигне до 60 cm. Истото како и полската еребица се одликува со изразито пепелава боја, додека во долниот дел од телото и преовладува белата боја со црни шари. Оваа врста на птици живее во мали јата и се храни со семки, капини, инсекти и полжави.
Размножување
Животниот век на оваа еребица може да трае и до 8 години, на кои често влијаат непријателите како што се лисиците, куните, творовите, птиците грабливки и др. Сезоната на парење е во периодот на пролетта. Женката снесува од 10 до 15 бели јајца со црвени пеги на кои лежи од 24 до 26 денови.