Тимар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12: Ред 12:


== Тимар ==
== Тимар ==
Тимарот најчесто не преставувал компактна територијална целина, тој се состоел од земји кои се наоѓале во различни области, оваа мерка на османлиската власт имала за цел да го спречи спахијата да создаде силна лична власт врз тимарот, да ја злоупотреби својата положба преку собирање на разни давачи, да го отуѓи тимарот, односно да го претвори во личен посед.


== Литература ==
== Литература ==

Преработка од 15:46, 19 октомври 2012

Тимар претставува имот со приход до 19.999 акчи (османлиски сребрени пари). Турските паши на своите офицери со царски берати им давале на управување тимари на определени места. Управителите на тимарите, спахиите, имале право да ги собираат сите даноци од доделеното земјиште задржувајќи за себе одреден дел. Со приходите од тимарите, спахиите заработувале за својата издршка, вклучително и трошоците за своето вооружување. Спахијата бил должен да учествува во воените походи на турската армија со вооружени коњаници, по еден на секои 3.000 акчиња приход на својот тимар. За посебни заслуги, процентот кој го земал спахијата од вкупните приходи можел и да се зголеми. Тимарот најчесто се доделувал во замена за извршување на воена должост, колку биле поголеми приходите толку биле поголеми и обврските кон државата. Понекогаш некои тимари се доделувале на невоени лица, но влегувале во владеачката османлиска класа, понекогаш кадиите, преставници на османлискиот судски систем добивале тимари за извршување на своите должности.

Доколку приходите од тимарот биле од 19.999 до 100.000 акчи, тимарот се нарекувал зиамет, а доколу приходот надминувал 100.000 акчиња се нарекувал хас.[1]

Тимарски систем

Во Отоманската империја, тимарскиот систем овозможувал планираниот приход на освоените територии да се дистрибуира во форма на подарок за времено располагање помеѓу спахиите и другите офицери во армијата, како што се јаничарите и кулаците. Во ретки случаи можно било и жена да управува со тимар, се разбира тоа важело за жени кои биле значајни во царската фамилија или биле високо рангирани во отоманската елита.[2]

Уживателот на тимарот имал право на контрола на обработливото земјиште, имотите на поданиците, необработливото земјиште, овошките, шумите и водите на територијата на тимарот кој го добил од државата на користење.[3] Спахијата или другите лица кои добиле на користење тимар, можеле да ангажираат други луѓе за собирање на даноците, имале право да задржуваат дел од прибраниот данок за свои потреби, биле одговорни за надгледување на територијата на тимарот и начинот на кој се обработувало земјиштето во посед на поданиците. Уживателот на тимарот можел да биде награден ако добро управувал со тимарот но исто така можел да биде и казнет ако лошо управувал со тимарот. Корисникот на тимарот имал авторитет да казнува и апси прекршители на јавниот ред и мир на територија која му била доделена од државата, со претходна согласност од локалниот судија (кадија). Уживатело на тимарот имал должност да ги штити поданиците и лицата на својата териоторија и да се придружи на царската армија за време на воените походи. Корисникот не бил сопственик на тимарот.

Тимарот бил мириска земја, односно во сопственост на османлиската држава, мириската земја не можеле да се наследува ниту да се продава. Тимарот можел да премине во користење од татко на син, меѓутоа новиот корисник требало да биде запишен во османлискиот дефтер со сите права и обрврски кон државата, ако не ги исполнел обврските го губел тимарот, а тој се доделувал на друго лице.

Тимар

Тимарот најчесто не преставувал компактна територијална целина, тој се состоел од земји кои се наоѓале во различни области, оваа мерка на османлиската власт имала за цел да го спречи спахијата да создаде силна лична власт врз тимарот, да ја злоупотреби својата положба преку собирање на разни давачи, да го отуѓи тимарот, односно да го претвори во личен посед.

Литература

  • Gwinn, Robert P, Charles E. Swanson, and Philip W. Goetz. The New Encyclopædia Britannica.vol. 8, 11, 10. London: Encyclopædia Britannica, Inc., 1986
  • Goffman, Daniel. The Ottoman Empire and Early Modern Europe. Cambridge: Cambridge University, 2007
  • Inalcik, Halil. An Economic and Social history of the Ottoman Empire 1300–1914.Cambridge: Cambridge University Press, 1994
  • Inalcik, Halil. “Ottoman Methods of conquest.” Studia Islamica. 2 (1954): 103–129
  • Lewis, Bernard. “Ottoman Land Tenure and Taxation in Syria.” Studia Islamic. (1979), pp. 109–124
  • Murphey, Rhoads. “Ottoman Census Methods in the Mid-Sixteenth Century: Three Case Histories.” Studia Islamica. (1990), pp. 115–126
  • Ozel, Oktay. “Limits of the Almighty: Mehmed II’s ‘Land Reform’ Revised.” Journal of the Economic and Social History of the Orient. 42 (1999), pp. 226–246
  • Reindl-Kiel, Hedda. “A Woman Timar Holder in Ankara Province during the Second of the 16th Century.” Journal of the Economic and Social History of the Orient. 40 (1997), pp. 2007–238
  • Wiesner-Hanks, Merry E. Early Modern Europe 1450–1789. Cambridge: Cambridge University Press, 2006

Поврзано

Референци

  1. Özoğlu, Hakan (2004). Kurdish notables and the Ottoman state: evolving identities, competing loyalties, and shifting boundaries. SUNY Press. стр. 52–. ISBN 978-0-7914-5993-5.
  2. Reindl-Kiel, 208
  3. Inalcik (1994) 114