Социјализам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава fy:Sosjalisme
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава ckb:سۆسیالیزم
Ред 38: Ред 38:
[[br:Sokialouriezh]]
[[br:Sokialouriezh]]
[[ca:Socialisme]]
[[ca:Socialisme]]
[[ckb:سۆسیالیزم]]
[[cs:Socialismus]]
[[cs:Socialismus]]
[[cy:Sosialaeth]]
[[cy:Sosialaeth]]

Преработка од 14:31, 10 октомври 2012

Дел од темата Политика

СОЦИЈАЛИЗАМ

Red flag
Струи

АфриканскиДемократскиАрапски
ЗеленРеволуционерен
Социјален анархизам
СојузничкиСлободарски
СоцијалдемократијаКомунизам
Социјалистичка пазарна економија

Клучни теми и прашања

Типови
Историја
Економија
Држава
Критики

Организации и луѓе

Првата интернационала
Втората интернационала
Третата интернационала (Коминтерна)
Четвртата интернационала
Социјалистичка интернационала
Интернационална социјалистичка организација
Светска организација на демократска младина
Интернационален сојуз на социјалистичка младина

Сродни теми

Анархизам · Самоуправување
Класна борба
Диктатура на пролетеријатот
Егалитаризам · Equality of outcome
Impossibilism · Интернационализам
Марксизам · Пролетерска револуција

Социјалистички портал
Политички портал ·

Социјализмот е идеологија чие централно залагање е замена на капиталистичкото општество со општество што ќе се карактеризира со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Најчесто социјализмот се сфаќа во значењето што му го даде марксизмот, имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон комунизам.

Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат социјалдемократите, демократските социјалисти, комунистите и анархистите, потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.

Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:

• Дали замената на капиталистичкото со социјалистичко општество треба да се изврши по пат на револуција или преку еволуција?

• Дали треба да се национализираат сите средства за производство, дали треба да се национализираат само одредени средства за производство, или треба средствата за производство веднаш да преминат во општествена сопственост?

• Дали треба да се укине демократијата по доаѓањето на власт, односно, дали и во која мера треба да се прифати демократијата која постои во капитализмот?

• Кој треба да биде двигател во градењето на социјализмот: обичните граѓани („пролетеријатот“) или партијата што дојде на власт со социјалистички претензии?

• Каков треба да биде односот кон оние што се противат на новата социјалистичка власт? Дали нивните човекови права треба да се почитуваат или не?

• Дали треба да им се посветува посебно внимание на прашањата што предизвикуваат значителен интерес, а не се поврзани со економските односи помеѓу класите, како заштитата на животната средина, феминизмот итн.?

• Дали режимите на чие чело беа или се комунисти (како Советскиот Сојуз, Кина, Куба, СФР Југославија итн.) можат да се сметаат за социјалистички или беа облици на државен капитализам?