Придавка: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.3) (Робот: Додава tt:Сыйфат (сүз төркеме) |
дополнување, обновување |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
|||
{{ExamplesSidebar|35%| |
{{ExamplesSidebar|35%| |
||
* Ова е '''висока''' зграда. |
* Ова е '''висока''' зграда. |
||
Ред 8: | Ред 7: | ||
}} |
}} |
||
Во [[граматика]]та, '''придавка''' е збор чија главна [[синтакса|синтаксичка]] улога е да ги модифицира [[именки]]те или [[заменки]]те, давајќи повеќе информации за именката или заменката. Класичната дефиниција за придавките е дека тие се всушност зборови кои ги означуваат особините на предметите и појавите. |
Во [[граматика]]та, '''придавка''' е збор чија главна [[синтакса|синтаксичка]] улога е да ги модифицира [[именки]]те или [[заменки]]те, давајќи повеќе информации за именката или заменката. Класичната дефиниција за придавките е дека тие се всушност зборови кои ги означуваат особините на предметите и појавите. |
||
== Видови придавки == |
|||
1. '''Квалитативните придавки''' означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет. |
|||
''На пр.: добар, убав, мирен (коњ)'' |
|||
2. '''Односните (релативни) придавки''' означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет. |
|||
''На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.'' |
|||
3. '''Бројните придавки''' го означуваат односот на предметите по ред. |
|||
''На пр.: прв, втор (коњ)'' |
|||
4. '''Заменските придавки''' се изведени од заменки и многу наликуваат на нив. |
|||
Разликуваме: |
|||
а) '''Присвојни заменски придавки''' |
|||
* мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши |
|||
* твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши |
|||
* негов, негова, негово; негови; |
|||
* нејзин, нејзина, нејзино; нејзини. нивни, нивна, нивни; нивни |
|||
* како и: свој, своја, свое; свои |
|||
б) '''Заменски придавки''' со показно и квалитативно значење |
|||
* ваков, ваква, вакво; вакви |
|||
* таков, таква, такво; такви |
|||
* каков, каква, какво; какви; |
|||
* онаков, онаква, онакво; онакви; |
|||
* секаков, секаква, секакво; секакви; |
|||
* некаков, некаква, некакво; некакви; |
|||
* никаков, никаква, никакво; никакви; |
|||
* толкав, толкава, толкаво; толкави; |
|||
* колкав, колкава, колкаво; колкави; |
|||
* олкав, олкава, олкаво; олкави; |
|||
* онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави; |
|||
* сиот, сета, сето; сите; |
|||
* сам, сама, само; сами; |
|||
* ист, иста, исто; исти; |
|||
* друг, друга, друго; други. |
|||
== Граматички категории кај придавките == |
|||
Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја. |
|||
Придавката ги има истите граматички категории како именката: [[род]], [[број]] и [[определеност]]. |
|||
1. '''Родот''' кај придавките може да биде машки, женски и среден и зависи од именката до која стои. Односно, ако именката е од [[машки род]], тогаш придавката ќе се прилагоди и ќе биде во [[машки род]] (дрвен стол), ако именката е од [[женски ро]]д и придавката ќе го преземе женскиот род (дрвена маса), а ако е од среден род и придавката ќе биде во [[среден род]] (дрвено столче). |
|||
Родот кај придавката е променлив во зависност од именката која ја определува. |
|||
'''На пр.: м.р. - добар човек; ж.р. - добра жена; ср.р. - добро дете.''' |
|||
(Најлесен начин за определување и разликување на придавките од именките е родот. Кај именките тој е непроменлив, а кај придавките се менува. |
|||
''На пр.: работливост - женски род кој не може да се промени (таа работливост); значи е именка; |
|||
работлив - машки род, но можеме да го промениме - работлива - женски род; работливо - среден род; значи е придавка.) |
|||
'' |
|||
2. '''Бројот''' кај придавките исто така зависи од бројот на именката што ја определува. Придавките имаат еднински форми за машки, женски и среден род и една форма за множина. |
|||
''На пр: добар, добра, добро; добри.'' |
|||
3. Кај граматичката категорија определеност, придавката го презема членот од именката. |
|||
Кога имаме определена [[синтагма]] (именска група од [[придавка]] и [[именка]]), го членуваме само првиот [[збор]], односно придавката (не може да се членуваат двата збора, туку само првиот). |
|||
'''На пр.: (добар) човекот - добриот човек.''' |
|||
== Степенување на придавки == |
|||
Карактеристично за квалитативните придавки е тоа што образуваат форми на [[компарација]]. Со нив се изразува степенот на дадениот квалитет кога се споредуваат два или повеќе предмети. |
|||
Разликуваме: |
|||
1. [[Позитив]] - основната форма на придавката (добар). |
|||
''На пр.: Тој е добар ученик.'' |
|||
2. [[Компаратив]] - форма за споредување на два предмета. |
|||
Се образува со префиксот: по-, кој се пишува слеано со придавката (подобар). |
|||
''На пр.: Тој е подобар ученик од Горан.'' |
|||
3. [[Суперлатив]] - форма за споредување на еден со повеќе предмети. |
|||
Се образува со префиксот: нај-, кој се пишува слеано со придавката (најдобар). |
|||
''На пр.: Тој е најдобар ученик во класот.'' |
|||
== Образување на придавкие == |
|||
Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со суфикси. |
|||
1. Образување од именки обично се прави со суфиксите: |
|||
* ов/ -ев (јаболков); |
|||
* ски/ -шки/ -чки (свински, морски, тиквешки, човечки); |
|||
* ен (дрвен, златен, устен); |
|||
* ест (пердувест); |
|||
* ин (теткин); |
|||
* ји (птичји, кравји) |
|||
* ав (крастав) |
|||
2. Од глаголите се образуваат придавки со следните [[суфикси]]: |
|||
* ен (плетен, шиен); |
|||
* ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки); |
|||
* лив (предвидлив, миризлив); |
|||
* телен (растителен). |
|||
3. Од други придавки: |
|||
* кав (дебелкав, жолетникав); |
|||
* ичок/ - ечок (слабичок, малечок); |
|||
* узлав (белузлав). |
|||
4. Од [[прилози]]: |
|||
* ен/ -шен (долен, овдешен). |
|||
5. Од бројни основи: |
|||
* ен (двоен, троен) |
|||
* ти (петти); |
|||
* ичен (првичен, вторичен). |
|||
== Функција на придавки во реченица == |
|||
Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката. |
|||
''На пр.: |
|||
1. Добра книга. |
|||
2. Книгата е добра.'' |
|||
Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на [[атрибут]]. |
|||
Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот [[глагол]] сум - е) и тогаш е дел од прирокот ([[именски прирок]]). |
|||
{{лингвистика-никулец}} |
|||
{{Зборовни групи}} |
{{Зборовни групи}} |
||
Преработка од 02:00, 1 септември 2012
Примери |
---|
|
Во граматиката, придавка е збор чија главна синтаксичка улога е да ги модифицира именките или заменките, давајќи повеќе информации за именката или заменката. Класичната дефиниција за придавките е дека тие се всушност зборови кои ги означуваат особините на предметите и појавите.
Видови придавки
1. Квалитативните придавки означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.
На пр.: добар, убав, мирен (коњ)
2. Односните (релативни) придавки означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет.
На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.
3. Бројните придавки го означуваат односот на предметите по ред.
На пр.: прв, втор (коњ)
4. Заменските придавки се изведени од заменки и многу наликуваат на нив.
Разликуваме:
а) Присвојни заменски придавки
- мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши
- твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
- негов, негова, негово; негови;
- нејзин, нејзина, нејзино; нејзини. нивни, нивна, нивни; нивни
- како и: свој, своја, свое; свои
б) Заменски придавки со показно и квалитативно значење
- ваков, ваква, вакво; вакви
- таков, таква, такво; такви
- каков, каква, какво; какви;
- онаков, онаква, онакво; онакви;
- секаков, секаква, секакво; секакви;
- некаков, некаква, некакво; некакви;
- никаков, никаква, никакво; никакви;
- толкав, толкава, толкаво; толкави;
- колкав, колкава, колкаво; колкави;
- олкав, олкава, олкаво; олкави;
- онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
- сиот, сета, сето; сите;
- сам, сама, само; сами;
- ист, иста, исто; исти;
- друг, друга, друго; други.
Граматички категории кај придавките
Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја. Придавката ги има истите граматички категории како именката: род, број и определеност.
1. Родот кај придавките може да биде машки, женски и среден и зависи од именката до која стои. Односно, ако именката е од машки род, тогаш придавката ќе се прилагоди и ќе биде во машки род (дрвен стол), ако именката е од женски род и придавката ќе го преземе женскиот род (дрвена маса), а ако е од среден род и придавката ќе биде во среден род (дрвено столче).
Родот кај придавката е променлив во зависност од именката која ја определува.
На пр.: м.р. - добар човек; ж.р. - добра жена; ср.р. - добро дете.
(Најлесен начин за определување и разликување на придавките од именките е родот. Кај именките тој е непроменлив, а кај придавките се менува.
На пр.: работливост - женски род кој не може да се промени (таа работливост); значи е именка; работлив - машки род, но можеме да го промениме - работлива - женски род; работливо - среден род; значи е придавка.)
2. Бројот кај придавките исто така зависи од бројот на именката што ја определува. Придавките имаат еднински форми за машки, женски и среден род и една форма за множина.
На пр: добар, добра, добро; добри.
3. Кај граматичката категорија определеност, придавката го презема членот од именката.
Кога имаме определена синтагма (именска група од придавка и именка), го членуваме само првиот збор, односно придавката (не може да се членуваат двата збора, туку само првиот).
На пр.: (добар) човекот - добриот човек.
Степенување на придавки
Карактеристично за квалитативните придавки е тоа што образуваат форми на компарација. Со нив се изразува степенот на дадениот квалитет кога се споредуваат два или повеќе предмети.
Разликуваме: 1. Позитив - основната форма на придавката (добар).
На пр.: Тој е добар ученик.
2. Компаратив - форма за споредување на два предмета. Се образува со префиксот: по-, кој се пишува слеано со придавката (подобар).
На пр.: Тој е подобар ученик од Горан.
3. Суперлатив - форма за споредување на еден со повеќе предмети. Се образува со префиксот: нај-, кој се пишува слеано со придавката (најдобар).
На пр.: Тој е најдобар ученик во класот.
Образување на придавкие
Дел од придавките се образуваат од други зборови (особено односните) со суфикси.
1. Образување од именки обично се прави со суфиксите:
- ов/ -ев (јаболков);
- ски/ -шки/ -чки (свински, морски, тиквешки, човечки);
- ен (дрвен, златен, устен);
- ест (пердувест);
- ин (теткин);
- ји (птичји, кравји)
- ав (крастав)
2. Од глаголите се образуваат придавки со следните суфикси:
- ен (плетен, шиен);
- ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);
- лив (предвидлив, миризлив);
- телен (растителен).
3. Од други придавки:
- кав (дебелкав, жолетникав);
- ичок/ - ечок (слабичок, малечок);
- узлав (белузлав).
4. Од прилози:
- ен/ -шен (долен, овдешен).
5. Од бројни основи:
- ен (двоен, троен)
- ти (петти);
- ичен (првичен, вторичен).
Функција на придавки во реченица
Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката.
На пр.: 1. Добра книга. 2. Книгата е добра.
Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на атрибут.
Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот глагол сум - е) и тогаш е дел од прирокот (именски прирок).