Кабала: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава vi:Kabbalah (Do Thái Mysticism)
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава lad:Kabala
Ред 159: Ред 159:
[[ky:Каббала]]
[[ky:Каббала]]
[[lv:Kabala]]
[[lv:Kabala]]
[[lad:Kabala]]
[[lt:Kabala]]
[[lt:Kabala]]
[[hu:Kabbala]]
[[hu:Kabbala]]

Преработка од 06:36, 23 август 2012

Кабала (хебрејски: קַבָּלָה, во превод - „примање“) е дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот. Претставува збир на езотерички учења наменети за одредување на духовното значење на Танахот (хебрејската библија) и на традиционалната рабинска литература.[1]

Се верува дека дисциплината настанала уште во антиката преку усмените преданија, додека во вистинска смисла била создадена меѓу Евреите во 12 век. Низ историјата се создала и кабалистичката литература која се темели на четири основни книги. На почетокот на новиот век, таа имала големо влијане врз западната философија, со што била прифатена од познати ренесансни мислители. Денес, постојат организации кои се предводени од главните концепти на кабалата.

Кабалата се состои од три основни составни делови: теоретски, медитациски и практичен.[2]Од нејзините следбеници, кабалата се смета за неопходен дел при проучувањето на Тора (Божјиот Закон).[3] Таа учи на доктрини кои се прифатени од некои Евреи, како вистинско значење на јудаизмот, додека други Евреи овие доктрини ги сметаат за еретички.

Етимологија

Потеклото на поимот „кабала“ е од хебрејскиот збор “кабале“,што означува “примање“,и има почетоци уште од древната Месопотамија, (околу XVIII век п.н.е.) Изучувајќи ги законите на природата на околниот свет, Авраам ги систематизирал своите спознанија и на нивна основа го разработил методот на една едниствена управувачка сила, откривајќи ја преку множеството на различни сили, кој човекот ја прима во себе и ги чувствува. Тој метод тој го нарекол "кабала" (хебрејски – примање).[1]

Тој е познат по тоа што не само што самиот длабоко ја истражувал Замислата на создавањето, туку го пренесувал тоа знаење на другите. Така Авраам станал првиот кабалист, ставајќи почеток на цела плејада на учители на кабалата. Најспособните негови ученици станувале учители, кои пак го пренесувале тоа знаење на следното поколение на следбениците. Оригиналниот јазик на кабалата е хебрејскиот јазик, кој изворно (најпрвин) се создавал од кабалистите и за кабалистите, помагајќи им во меѓусебната комуникација за духовните теми. Голем број кабалистички книги се напишани и на други јазици, но основните термини секогаш се употребуваат на хебрејски.

Историја

Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам) (1884-1954)

Една од хипотезите, кон која се придржуваат кабалистите за да достигнат духовен мир, е дека Кабалата како наука за спознанието на светот има почетоци уште од древниот град во Месопотамија, Ура Халдеј. Преданието од тоа време (околу XVIII век п.н.е.) раскажува за историјата на жителите крај Меѓуречјето, Авраам – човек кој, во целото свое истражување на околниот свет, открил множества на појави на различни сили од природата, кои влијаат на тој свет,а тоа е една единствена сила. Во почетокот му се претскажало, дека тој се наоѓа под влијание на многу сили, но тој целосно го поминал тој слој на спознание и достигнување, дека сите тие сили се јавуваат како дел од една единствена Виша Сила. Авраам таа сила ја нарекол «Создател »

Многу Кабалистички книги се напишани за тоа, почнувајќи со Авраам Патријархот од пред четири илјади години, кој ја напишал книгата наречена “Сефер Јетзира“ (Книгата на Создавањето).[2] Следно важно дело е книгата "Зохар", напишана во вториот век од христијанската ера. Зохар, е проследена во делата на Ари, познат Кабалист од 16-ти век.

Според сите Кабалисти,како што на почетокот на самата книга пишува, Зохар бил напишан од Рабинот Шимон Бар Јохаи (Рашби), кој живеел во 2ри и 3ти век од христијанската ера. Постојат мислења во образовните кругови кои изјавуваат, дека Зохар бил напишан во 11тиот век од страна на Кабалистот Рабин Моше де Леон. Ова мислење било демантирано од самиот Рабин Моше де Леон кој рекол дека книгата ја напишал Рашби.

Во 16 век од н.е. се појави кабалист кој ги објасни основите на кабалата - Светиот Ари, Рабинот Исак Луриа (1534-1572). Ари изјавил дека од негово време наваму, мудроста кабала е подготвена да биде отворена за секого.

Коментари на Ариевите дела и на “Зохар“ се појавиле во 20 век, кога е виден најжестокиот излив на човековите желби во историјата. Во текот на овој период, се појавува уникатната душа на Раби Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам). Баал ХаСулам (1884 – 1954 ) ја објаснува мудроста Кабала, на начин разбирлив за нашата генерација. Покрај тоа, Баал ХаСулам бил единствениот Кабалист на 20тиот век, кој пишувал коментари на Зохарот и на Ариевите дела.

Делото на Јехуда Ашлаг го продолжува неговиот првороден син Барух Ашлаг (1906-1991 ,познат како Рабаш. Неговиот ученик и личен асистент д-р Михаел Лајтман,основач и управител на Академијата за изучување и истражување на Kабала “Бнеи Барух“ денес се согледува како најпризнат жив кабалист на автентичната кабала. Бнеи Барух го изучува методот кој е наследство од Јехуда Ашлаг,преку неговиот син Барух Ашлаг,наменет за современиот човек. Бнеи Барух,Институт за истражување и изучување кабала, бесплатно ја споделува мудроста Кабала на современ јазик, со цел да се убрза духовниот развој на човештвото. Наставните материјали преведени на повеќе од 28 јазика, (меѓу кои и на македонски јазик), се базирани врз автентични кабалистички текстови, пренесувани од генерација на генерација.

Кабалистички центар во Лос Анџелес

На преминот од средниот кон новиот век, кабалата влијаела на западната философија преку пантеизмот со неоплатонски елементи, мистицизсам и верување во волшебната моќ на природата. Во тоа време кабалата ја проучувале познати ренесансни мислители, како Љуљ, Фичино, дела Мирандола, Ројхлин, Парацелзиус и Агрипа.


Во последно време, интерес за кабалата пројавуваат и луѓе кои не се Евреи. Од славните личности, најпозната е Мадона.[4]

Основни текстови

Кабалистичката литература, која е основа за поголемиот дел од развојот на кабалистичката мисла, се развила во вториот век по нашата ера. Во основата на кабалата се четири книги.

Првата кабалистичка книга е „Сефер Јецирах“ („Книга на создавањето“ или „Настанување“).

Втората книга е „Сефер Хабахир“ или „Бахир („Книга на сјајот“)“, која за првпат била издадена во Прованса во 1174 година и посочува на тоа дека што и да се случи „овде“, се случува и „онаму“ во Бог и дека сè што постои „овде“ претставува различни бесконечни ммодалитети на Бог и носи различни божествени имиња.

Од осбено значење се и пишувањата на еврејскиот философ и рабин, Ари, кои се познати и како Ариеви писма, а всушност содржат повеќе книги, од кои најчесто изучувана е „Ец Хаим“ („Дрво на животот“).

Концепти

Според кабалата, Библијата во себе ги крие сите тајни на универзумот, но не ги изучува буквално, како книга на заповедта и забраната. Учењето, исто така содржи и многу преданија од Талмудот. Според кабалистичката традиција, патријарсите, пророците и мудреците го пренесувале знаењето усно.

Кабалата се обидува со езотерилни учења да го дефинира Танахот и да ја објасни халахата. Меѓу другото, учењето гопроучува и односот меѓу Бог и создадениот свет, постоењето на доброто и злото и употребата на свети имиња. Според кабала, постојат 72 имиња за бога, а универзумот е создаден од четири димензии на битија.

Според кабалата, смислата на животот е да се прима радост и исполнување, што Бог им го наменил на луѓето. За човекот да се ослободи од сите негативни работи, кои од тоа го одвојуваат, потребен е духовен напор. Кабала се карактеризира со насоченост кон внатрешноста, односно пронаоѓање на светото божествено во внатрешните длабочини на сите работи. Автентичната кабала не се поврзува со маѓии, црвени конци, амајлии, медитации, свети води, тарот карти, или било што друго што произлегло од нејзиното криење и неразбирање, како и од нејзината популарност.

Сфаќањето на Бога

Кабалистичкото дрво на десетте сефироти

Според Кабалата, секоја идеја израснува од Бога,[5] и целото учење се заснова врз ова верување. Кабалата учи дека Господ не е ниту материја ниту дух, туку креатор на тие две.

Сефирот

Сефироти (סְפִירוֹת) се десетте еманации на Бог, со кои тој го создал универзумот. Сефиротите одговараат на различните нивоа на создавање и произлегуваат од создавачот заради создавање на универзумот. Сефиротите се сфаќаат како откривање на божјата волја,[6] а никако не смеат да се сфатат како десет различни „божества“, туку само како десет начини преку кои еден Бог ја открива својата волја. Не е Бог тој што врши промени, туку способноста да се забележи Бог.

Имињата на десетте сафироти се:

  • Круна.
  • Мудрост.
  • Знаење или разум.
  • Добрина.
  • Суд или храброст.
  • Хармонија или убавина.
  • Победа.
  • Слава.
  • Основа.
  • Суверенитет или царство.

Овие сефироти, со заедничко име се познати и како „дрво на десет сефироти“, односно „дрво на десет сефири“. Сефиротите се активираат со изговорување на божјите имиња на хебрејски, визуелизација на архетиповите поврзани за секој сефирот одделно и различните бои кои ја активираат енергијата на одделни сефироти.[7]

Дрво на животот

Според кабалата, дрвото на животот го претставува патот до Бога.[8] Дрвото се состои од три столба: десен - женски, лев - машки и среден столб. Се поклопува со деловите од човечкото тело, при што највисокиот сефирот одговара на главата, најнискиот на стапалата, средниот на плексусот итн. Дрвото на животот претставува основа на сите кабалистички магиски ритуали. Магиската техника се одвива од највисокиот сефирот кон најнискиот, додека медитациската се одвива обратно, од најнискиот кон највисокиот. Целта на медитациската техника е да се развијат личните особини, додека магиската го менува и создава свето.

Зохар

“Отворете си го срцето, и јас ќе ви го откријам светот“

Зохар [3] е збирка на коментари на Тора.

Сигурно не постои книга, околу која имало толку мистерија, контроверзии и загатки, колку што се собрало во текот на годините околу Книгата “Зохар”. Историјата на нејзиното пишување, исчезнувањето и нејзиното повторно појавување во нашето време личи на најинтересен детективски роман. “Зохар” е книга на претскажувања и откривања кои можат да ги дешифрираат само кабалистите. Таа била напишана во Израел, во малата тесна пештера Идра Раба скриена во шумите на Цват, во подножјето на планината Мирон.

Во неа пишува за сé: за мирот и војната, за човекот и власта, за создавањето и уништувањето, за управувањето со Вселената и со иднината на човештвото. Сите пророштва на Нострадамус, сите откритија на Галилеј, Њутн, Ајнштајн – сé е веќе запишано во оваа книга.

Откривањето на Зохар значи откривање на нашиот внатрешен свет и нашиот неограничен потенцијал. Или како уште се нарекува “кодот“ на нашите души.

Во Кабалистичкиот пристап, на прашањето зошто Зохар бил напишан, е далеку поважно од прашањето кој всушност го напишал. Целта на Зохар е да биде водич, за да луѓето го досегнат потеклото на нивните души.Овој пат до потеклото на душата се состои од 125 чекори. Рабинот Шимон Бар Јохаи (Рашби), го изразил севкупниот духовен пат низ тие 125 чекори и го нарекол “Зохар“ - "Сјај “ (блесок) на хебрејски.

Оние кои немаат духовно достигнување, Зохар го читаат како збирка алегории и легенди кои можат да се толкуваат и различно се третирани од страна на секоја индивидуа. Но, за оние со духовно достигнување, односно за Кабалистите, Зохар е практичен водач за внатрешните акции кои ги изведуваат, со цел да откријат подлабоки, повисоки состојби на согледување, и сензација.

Зохар не може да се сфати и почувствува непосредно, туку бара подготовка на духовноста, пред да се пристапи кон книгата. Најголемиот кабалист на нашето време Раби Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам) напишал “Вовед на Зохар“, за прецизно водење кон подготовката, кон оваа длабока книга, пред да се студира. Како да им се пристапи на некои термини, фрази, и концепти во Зохар, да се зголеми неговото користење како водач за духовно остварување, избегнувајќи изгубеност во материјализирани претстави, бидејќи човечкиот ум е наклонет кон давање облик.

Од крајот на 2009та год.д-р Михаел Лајтман го објаснува “Зохар“ прецизно, но разбирливо за нашата генерација, бесплатно и достапно за сите на веб страната на Академијата за истражување и изучување кабала: [4]

Херметичка кабала

Херметичката кабала е дел од западната езотерична и мистична традиција. Се темели на философската основа за многу херметички општества, како Златната зора, розекрајцерите, Њу Ејџ и бројни неопаганистички движења..

Во себе содржи бројни влијанија кои произлегуваат од еврејската кабала, алхемијата, астрологијата, херметизмот, паганските верувања, неоплатонизмот и таротот.

Поврзано

Наводи

  1. Imbued with Holiness
  2. Bettini, Dolores, стр. 15.
  3. The Written Law (The Torah)
  4. Kabbalah: is Madonna losing her religion?, The Independent, 9 јули 2006
  5. Артур Курцвеил, Кабала за почетници, стр.84
  6. The Song of the Soul, Yechiel Bar-Lev, стр. 73.
  7. Encausse, Gerard (Papus), The Qabalah: Secret Tradition of the West. York Beach, ME: Samuel Weiser, Inc. (2000), стр. 83-84, ISBN 0-87728-936-0.
  8. Falcon, T. & Blatner, D. (2001), Judaism for Dummies, New York, NY: Wiley, John & Sons, Inc. стр. 78.

Литература

  • The Zohar: annotations to the Ashlag Commentary , Date Published: February 2009 ISBN : 978-1-897448-09-0 [5]
  • Mihael, Laitman, "Attaining the Worlds Beyond" , Toronto, 2005,ISBN 9780973190908, [6]
  • Mihael, Laitman, "Kabbalah, Science and the Meaning of Life: Because your life has meaning." Toronto, 2006,ISBN : 0973826894[7]
  • Bnei Baruh, Kabbalah Education & Research Institute, "Kabbalah for the Student" Toronto, August 2009 ISBN : 9781897448151 [8]
  • Idel, MosheЌ Kabbalah: New Perspectives. New Haven and London: Yale University Press, 1988.
  • Scholem, Gershom; Kabbalah, Jewish Publication Society, 1974.
  • Kellogg, Michael R., Wondrous Wisdom, Laitman Publishers, Toronto, 2005, ISBN 0-9732315-8-0.
  • Михаел Лајтман, Откриена кабала, Клуб Матица 2011, Скопје, ISBN 978-608-10-0117-4.
  • Michael Laitman: Quantum Kabbala: Neue Physik und kabbalistische Spiritualität; Berlin: Allegria (Ulstein), 2007, ISBN 978-3-7934-2105-4.
  • Giovanni Pico della Mirandola: Conclusiones philosophicae, kabblisticae et theologicae sive theses DCCCC, 1486 – Philosophische, kabbalistische und theologische Schlussfolgerungen.
  • Franz Bardon: Der Schlüssel zur wahren Kabbalah, Wuppertal: Rüggeberg, 1998.

Надворешни врски