Диомидови Острови: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 3: | Ред 3: | ||
| local name = {{unbulleted list |
| local name = {{unbulleted list |
||
|{{lang-ru|острова Гвоздева}} |
|{{lang-ru|острова Гвоздева}} |
||
|{{lang- |
|{{lang-en|Diomede Islands}} |
||
|ескимски: ''?'' }} |
|ескимски: ''?'' }} |
||
| image name = Diomede Islands Bering Sea Jul 2006.jpg|thumb |
| image name = Diomede Islands Bering Sea Jul 2006.jpg|thumb |
Преработка од 02:14, 11 август 2012
Малиот Диомид (лево) и Големиот Диомид (десно). Поглед кон југ. | |
Географија | |
Место | Берингов Проток |
Координати | 65°47′ СГШ 169°01′ ЗГД |
Управување | |
Диомидовите Острови (руски: острова Диомида) или Гвоздеви Острови (острова Гвоздева), англиски: Diomede Islands) се состојат од два карпести острова:
- Мал Диомид (Little Diomede) им припаѓа на САД (Алјаска). На руски се нарекува остров Крузенштерна, а ескимското име е Ignaluk)
- Голем Диомид (остров Ратмана) ѝ припаѓа на Русија (Чукотски автономен округ). На ескимски се нарекува Imaqliq или Inaliq, а англискиот назив е Big Diomede.
Диомидовите Острови се наоѓаат во средината на Беринговиот Проток помеѓу Алјаска и Сибир. На север е Чукотското, а на југ е Беринговото Море. Островите разговорно се нарекуваат „Денешен Остров“ (Големиот Диомид) и „Вчерашен Остров“ (Малиот Диомид) бидејќи Голем Диомид е 20 часа понапред од Малиот Диомид.
Островите се наречени по маченикот Св. Диомид, чија слава паѓа на денот кога данскиот морепловец Витус Беринг во служба на руската морнарица ги забележал пловејќи по морето.[1]
Местоположба
Помеѓу островите се протега границата на двете земји, како и меѓународната датумска граница. Границата е оддалечена околу 2 км од секој остров и лежи на местоположба 168°58'37" ЗГД. Во најтесниот тел, растојанието меѓу островите изнесува 3,8 км. На западната страна на Малиот Диомид се наоѓа селото Дајомиди (Diomede), кое мештаните го нарекуваат Иналик (Inalik).
Големиот Диомид се смета за најисточна точка на Русија.
Овие острови често се споменуваат како места низ кој би поминувал идејниот мост или тунел преку Беринговиот Проток што треба да ги поврзе Русија и Америка.[2]
Зиме помеѓу островите се протега мост од мраз, што овозможува преминување од САД во Русија (и обратно) одејќи пешки.
Поврзано
Наводи
- ↑ Житија: Светиот маченик Диомид - МПЦ (македонски)
- ↑ Предлошка:Цитирани вести (англиски)
Надворешни врски
„Диомидови Острови“ на Ризницата ? |
- Слики од островите (англиски)
- Мал Диомид (англиски)
- Proposed Trans-Global Идејна автомагистрала и тунел (англиски)
- Мрежна камера: „поглед кон иднината“ (од Малиот кон Големиот Диомид)