Разлика помеѓу преработките на „Свети Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
проширување на содржината на статијата
(проширување на содржината на статијата)
 
== Чинот на светците ==
: ''За дополнителни информации за животот на светците видете го комплетното [[:s:Житие за Пречистанските преподобномаченици|Житие за Пречистанските преподобномаченици]] на [[Wikisource]].''
Во манастирот пред да биде нападнат од турската војска се одржувала богослужба во која присуствувале петнаесетина монаси. Монахот Аверикиј забележал дека војската ќе нападне и веднаш им кажал на останатите дека безбожниците напаѓаат и дека оној што е подготвен да пострада за верата, нека остане со него. На крајот со него останале уште монасите Пајсиј и Евнувиј, кои подоцна биле маченички погубени, а манастирот изгорен.
Среде природните убавини на планината Цоцан во близина на [[Кичево]], манастирот „Пречиста - Кичевска“ се издигнал како дом на [[Богородица]], посветен на светото Благовештение. Кон средината на [[XVI век]], монашкото братство од овој манастир станало вистинска утеха и крепост за напатениот народ кој страдал под тешкото османлиско ропство. Гласот за нивната слава и духовна сила допрел и до злонамерните Агарјани, па тие на 27от ден од месец [[март]], [[1558]] [[лето]] [[Господ]]ово, со сета своја јарост се упатиле кон светата Богородична обител. Браќата заедно со присутните мирјани, биле собрани, како и обично, во храмот на заедничка Литургија. Во часот кога од певницата, со умилен молитвен глас, бавно прозвучила херувимската песна, отец Аверикиј, којшто морал да исполни некое послушание надвор, втрчал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен, насилнички османлиски аскер. Тогаш преподобниот старец Евнувиј, заедно со уште еден монах Пајсиј, подготвени да примат маченички венец, останале во манастирот, а останатите монаси и мирјани заминале во шумата и таму пронашле безбедно место да ја довршат Литургијата. По службата, откако се увериле дека Агарјаните биле заминати, монасите се вратиле и тука затекнале страшна и тажна слика: сè било уништено, храмот бил во пламен, а на местото Γοсподинец близу манастирската чешма, лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Тие откако најрешително одбиле да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани непоколебливо ја исповедале својата силна вера во Спасителот [[Христос]], биле подложени на страшни измачувања и примиле маченички венец со отсекување на нивните божествени глави. Сите селани од околните села се собрале за да ја споделат болката со осиротеното и обездомено братство. Притоа, со стравопочит и солзи во очите, тие им се поклонувале и ги целивале телата на светите преподобномаченици. Но тагата се преплетувала со радост заради стекнувањето на тројца нови застапници за народот пред [[Бог]]а.
Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распуштила, туку продолжила со својата монашко – евангелска просветна дејност. За шест години бил изѕидан нов [[храм]] од [[камен]].
 
== Осветување ==
Прославата на нивното осветување започна на [[1 август]] [[2012]] година, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритите Нектариј и Партениј, игумен Дамаскин, протоереите Војне Ристески и Игор Никовски, еромонахот Доситеј, протоѓаконите Димко Миланов и Сашо Ристов и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Во текот на Вечерната богослужба се направи и литија, а по завршувањето на вечерната, беше извршен парастос за новите пречистански преподобномаченици. На Парастосот чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Агатангел и Иларион и спомнатите свештенослужители.
Светците Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј се осветени на ден Илинден во знак на 45-годишнината на Македонската првавославна црква.<ref>[http://denesen.mk/web/2012/05/29/mpc-ispraka-dokazi-za-svojata-45-godisna-zivost/ МПЦ испраќа докази за својата 45 годишна живост]</ref> Церемонијата на нивното осветување започна во 9 часот во Свeтa Богородица - Пречиста и беше отворенa од [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан]].<ref name=dnevnik>[http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=31E8B33264022E43B3187AD5D931EAE3 Тројца нови светци добија и нова икона]</ref> На церемонијата присуствуваја сите митрополити на православната црква.
Торжествата продолжија утредента, со света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство [[Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан]], во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Наум, Агатангел, Пимен и Иларион, Епископот Климент, архимандритите Нектариј, Партениј и Јосиф, протоереј-ставрофорите Ѓорѓи Лапоски, Ацо Гиревски, Тоди Јован од [[Албанска Православна црква|Албанската православна црква]], Ефтим Бетински и Никола Грамбозов, игуменот Дамаскин, протоерите Темелко Донески и Игор Никовски, еромонасите Доситеј, Макариј и Вартоломеј, свештениците Сашо Ристески, Никола Христоски и Владо Недески, протоѓаконите Димко Миланов, Антонио Дујовски, Сашо Ристов, Горан Кутлешоски и Влатко Стојменов и ѓаконите Дејан Борисов, Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Антоние Попоски. По завршувањето на Малиот вход, Епископот Климент ја прочита Одлуката на САС на [[МПЦ-ОА]] за прогласување на новите светии, а Митрополитот Тимотеј го прочита нивното житие. Веднаш потоа Архиепископот Стефан ја освети новата [[икона]] на пречистанските новомаченици, дело на сестринството од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, и со неа го благослови многубројниот верен народ, кој беспоштедно и без двоумење дојде да се поклони на новите преоподобномаченици, но и да земе активно учество и да стане дел од преданието. Покрај верниот македонски народ, церемонијата беше збогатена и со присуството на група монахињи и монаси од [[Романска Православна црква|Романската православна црква]]. По завршувањето на Литургијата беше извршен парастос за сите паднати борци за слободата на македонскиот народ и црква во предилинденскиот и поилинденскиот период. Прославата заврши со свечена литија околу манастирот, а на одреденото место се освети и камен-темелникот за новиот манастирски конак, каде ќе биде изградена и капела посветена на пречистанските преподобномаченици.
 
Протоерејот Игор Никовски го прочита Илинденското послание, во кое Архиепископот, покрај другото, на верните чеда на Македонската православна црква им порача: „Националната и духовна слобода се меѓусебно поврзани. Секој што прави грев, роб му е на гревот“ (Јован 8,34).
Светците добија нова [[икона]] која е нацртана од монахињите од [[Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица|манастирот Свети Ѓорѓи]] во [[Рајчица]] каде се претставени под заедничкиот натпис ''Пречистански преподобномаченици''. Исто така за нив е напишана и посебна богослужба од химнографот на [[Цариградската патријаршија]] јеромонахот ''Атанасиј Симонопетрински''.<ref name=dnevnik></ref> Истовремено за тројцата светци е напишано и посебно житие - биографија, во кое детаљно се опишани нивниот живот и големата животна жртва што тие ја дале за да се зачува [[христијанство]]то на овие простори.
 
== Наводи ==
#[http://denesen.mk/web/2012/05/29/mpc-ispraka-dokazi-za-svojata-45-godisna-zivost/ МПЦ испраќа докази за својата 45 годишна живост]
#[http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=31E8B33264022E43B3187AD5D931EAE3 Тројца нови светци добија и нова икона <small>''(30.07.2012, 18:05)''</small>]
#[http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5138 Илинден и прогласување на новите Пречистански преподобномаченици <small>''(03.08.2012 19:17)''</small>]
#[[:s:Житие за Пречистанските преподобномаченици|Житие за Пречистанските преподобномаченици]]
{{reflist}}
 
188

уредувања

Прегледник