Константин II (Грција): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: be:Канстанцін II, кароль Грэцыі |
с r2.7.2+) (Робот: Менува yo:Constantine II ilẹ̀ Gríìsì |
||
Ред 65: | Ред 65: | ||
[[tr:II. Konstantin (Yunanistan)]] |
[[tr:II. Konstantin (Yunanistan)]] |
||
[[uk:Костянтин II (король Греції)]] |
[[uk:Костянтин II (король Греції)]] |
||
[[yo:Constantine II |
[[yo:Constantine II ilẹ̀ Gríìsì]] |
||
[[zh:康斯坦丁二世 (希腊)]] |
[[zh:康斯坦丁二世 (希腊)]] |
Преработка од 10:57, 31 јули 2012
Константинос II Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας | |
---|---|
Крал на Грција | |
На престол | 6 март 1964 – 1 јунин 1973 ( 9 години и 87 дена) |
Претходник | Павлос I |
Сопружник | Ана Марија |
Деца | Алексија Павлос Никола Принцеза Теодора Филип |
Династија | Династија Глуксбург |
Татко | Павлос I |
Мајка | Фредерика Хановер |
Вероисповед | Грчка православна црква |
Константинос II (грчки: Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας; 2 јуни 1940 во Атина, Грција) бил крал на Грција во периодот од 6 март 1964 до 1973 година.
Тој бил син на Павлос I и Фредерика Хановер[1]. Негова постара сестра е моменталната кралица на Шпанија, Софија. Неговата помлада сестра, Принцеза Ирена Грчка е немажена. Тој бил една година кога Нацистичка Германија извршила инвазија врз Грција. Константинос следните четири години го поминал во егзил во Египет и Кејп Таун, (каде што неговата сестра Ирена е родена), заедно со своето семејство. Тој се вратил во Грција со своето семејство во 1946 година. Кралот Јоргос починал во 1947 година, и неговиот брат Павлос станал крал, правејќи го принц на Константин.
Завршил воено училиште во Атина. Се оженил за Ана Марија Данска. Под влијанието на својата мајка, влегол во конфликт со Јоргос Папандреу , и го принудил да подаде оставка на функцијата премиер на Грција во 1965 година. Политичката криза во земјата довела до воен преврат во 1967 година. Истата година, Константинос направил неуспешен обид за зазимање на власта, па така бил принуден да ја напушти земјата. Но, во 1973 година, од страна на хунтата бил спроведен референдум, кој му дозволил на кралот да се врати во земјата. По паѓањето на хунтата од власт во 1974 година, во земјата бил спроведен нов референдум и со резултата од 67,5% било потврдено решението на народот да земјата биде претседателска република. По ова, Константинос II живее во Лондон.
Наводи
- ↑ Monarchs In Waiting, pp.39-40