Човекови права: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21: Ред 21:
* Осудувањето на [[смрт]]
* Осудувањето на [[смрт]]
* Ако човекот е продаден или третиран како [[слуга]]
* Ако човекот е продаден или третиран како [[слуга]]
* Пристап до вода за пиење
* Немање на пристап до чиста вода за пиење
* Непостоење на безплатно [[школување]]
* Непостоење на бесплатно [[школување]]
* Казнувањето на личност без правилно судење
* Казнување на личност без правилно судење
* Немањето [[право на глас]] или политичка репрезентација
* Немањето [[право на глас]] или политичка репрезентација

== Членови од Универзалната декларација за човекови права ==
''Член 1.''
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.

''Член 2.''
Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.

''Член 3.''
Секој има право на живот, слобода и сигурност.

''Член 4.''
Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.

''Член 5.''
Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

''Член 6.''
Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот

''Член 7.''
Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.

''Член 8.''
Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.

''Член 9.''
Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.

''Член 10.''
Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.

''Член 11.''
1. Секој обвинет за кривично дело има право да се претпоставува дека е невин се додека не се докаже неговата вина во согласнсот со закон и на јавно судење, на кое тој ги има сите гаранции неопходни за неговата одбрана.

2. Никој нема да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство или пропуст, што не претставувале кривично дело според националното или меѓународното право во времето кога тоа било сторено. Исто така, не смее да се изрече казна поголема од онаа што се применувала во времето кога било сторено кривичното дело.

''Член 12.''
Никој нема да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој има право на правна заштита од таквото вмешување или напади.
''Член 13.''


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 14:34, 26 јули 2012

Американската декларација за човекови права по војната за независност на 4 јули 1776

Правата и слободите на човекот и граѓанинот се основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се најасниот показател за карактерот на власта. Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта (властодршците) за злоупотреби и арбитрарност кон правата и слободите на човекот.

Историја

Голем чекор кон развојот на правата и слободите на човекот и граѓанинот, во вистинска смисла на зборот - човековата историја се чини со право ја смета Големата Повелба за Правата (латински: Magna Carta Libertatum) од 1215 година, кога англиските феудалци, стекнале за себе одредени привилегии од тогашниот крал. Ова било зачеток за подоцнежно проширување на корпусот на правата и слободите на човекот.

На повисоко ниво за правата на човекот била Франција, со Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот (француски: Declaration des droits de l’home et du citoyen) во 1789 година. Оваа Декларација ја објавила слободата, рамноправноста, приватната сопственост и отпорот против насилството како природни и неотуѓиви права.

Од особено значење во оваа тематска целина има Универзалната Декларација за Човековите Права (англиски: Universal Declaration of Human Rights), која ја усвоила Генералното Собрание на Обединетите Нации на своето заседание во Париз на 10 декември 1948 година. Тргнувајќи од начелото дека „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и во правата”.

Денес

Република Македонија, од 1997 година ја прифати јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.

Човековите права се сметаат за прекршени во следниве неколку примери:

  • Непризнавањето на раса или етничка група
  • Ако жените не бидат третирани како еднакви со мажите
  • Ако религиозни групи не бидат третирани како еднакви со други
  • Осудувањето на смрт
  • Ако човекот е продаден или третиран како слуга
  • Немање на пристап до чиста вода за пиење
  • Непостоење на бесплатно школување
  • Казнување на личност без правилно судење
  • Немањето право на глас или политичка репрезентација

Членови од Универзалната декларација за човекови права

Член 1. Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.

Член 2. Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.

Член 3. Секој има право на живот, слобода и сигурност.

Член 4. Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.

Член 5. Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

Член 6. Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот

Член 7. Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.

Член 8. Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.

Член 9. Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.

Член 10. Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.

Член 11. 1. Секој обвинет за кривично дело има право да се претпоставува дека е невин се додека не се докаже неговата вина во согласнсот со закон и на јавно судење, на кое тој ги има сите гаранции неопходни за неговата одбрана.

2. Никој нема да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство или пропуст, што не претставувале кривично дело според националното или меѓународното право во времето кога тоа било сторено. Исто така, не смее да се изрече казна поголема од онаа што се применувала во времето кога било сторено кривичното дело.

Член 12. Никој нема да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој има право на правна заштита од таквото вмешување или напади. Член 13.

Надворешни врски