Опсада на Цариград (717–718): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава ko:콘스탄티노폴리스 공성전 (717~718년)
Chobot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Менува ko:콘스탄티노폴리스 공방전 (717~718년)
Ред 73: Ред 73:
[[es:Sitio de Constantinopla (717-718)]]
[[es:Sitio de Constantinopla (717-718)]]
[[fr:Siège de Constantinople (717-718)]]
[[fr:Siège de Constantinople (717-718)]]
[[ko:콘스탄티노폴리스 공성전 (717~718년)]]
[[ko:콘스탄티노폴리스 공방전 (717~718년)]]
[[hy:Կոստանդնուպոլսի պաշարում (717-718)]]
[[hy:Կոստանդնուպոլսի պաշարում (717-718)]]
[[it:Assedio di Costantinopoli (717)]]
[[it:Assedio di Costantinopoli (717)]]

Преработка од 07:55, 10 јули 2012

За другите опсади на градот видете Опсада на Константинопол
Втора арапска опсада на Константинопол
Дел од Византиско-арапски војни
Датум 717 - 718
Место Константинопол, Византија (денеска Истанбул, Турција)
Исход Победа на Византија, помогнета од страна на Бугарската држава;
Завојувани страни
Омејадски калифат Бугарска империја
Византија
Команданти и водачи
Маслама ибн Абд ал-Малик,
Адмирал Сулејман
Лав III Исавријанин,
хан Тервел
Сила
непознат број на Коњаница
2,560 бродови[1]
30,000 Византијци,
50,000 Бугари
Жртви и загуби
непознато,
2,555 бродови
непознато

Опсадата на Константинопол од 718 година е вториот обид на Арапите да го заземат градот од страна на Византија.

Позадина

Во текот на 7 век, арапските територии се простирале на три континента: Азија, Африка и Европа. Претходно веќе биле заземени поранешните византиски провинции: Сирија, Палестина, Египет и Северна Африка. Во почетокот на 8 век било уништено и Визиготското кралство во Шпанија. Муслиманскиот калифат претставувал најголема закана за христијанска Европа.

Опсада

По првата неуспешна опсада на градот, Арапите направиле уште еден обид за преземање на Константинопол. Во текот на 717 година, една голема арапска армија се упатила кон престолнината на Византија. Таа броила околу 80.000 души и истата била предводена од страна на Маслама, брат на калифот Сулејман ибн Адд ал-Малик, околу 1.800 воени бродови. Градот бил од сите страни најпрвин заобиколен а со тоа и опседнат. Императорот Лав III Исавријанин побарал помош од повеќе земји во Европа. Калифот Сулејман загинал во борбите во 717 година, а на негово место застанал Умар II кој само ја продолжил опсадата. Византискиот император се обратил до бугарскиот хан Тервел. Тој испратил војска кон градот и со помош на Византија во битката им нанеле пораз. Тоа го принудило на Маслама да нареди неговите војници да ископаат нов ров главно сасочен против Бугарите и престолнината, но притоа многу згрешил бидејќи самиот тој се ставил во стапица односно опсада.

Зима и крај

Настапила многу студена зима. Голем број на муслимански војници почеинале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. И покрај настанатата состојба, опсадата продолжила и веќе следната година арапите повторно се обидиле да го преземат градот но тие биле тешко поразени и биле принудени да се повлечат. Загубите на арапските сили биле многу големи.

Значење

Овој пораз задал силен удар врз калифот Умар II и Омејдскиот калифат. Доколку градот паднал во рацете на калифатот, Византија најверојатно ќе се распаднала а со тоа би се отворила можност порано да започне муслиманската експанзија низ христијанска Европа која сепак тоа се случило 700 години подоцна, од страна на Османлиската империја. Во Европа владееле вистински нереди по пропаста на Римската империја. Голем број на современи историчари, неуспехот на муслиманите го гледаат во прекумерната одалеченост којшто требало војската да ја помине за да дојде до портите на градот. Помошта од бугарската држава можеби била еден од клучните фактори за победата на Византија во битката кај Акронион. Голем број на музичари и поети бугарскиот хан Тервел го прогласиле за “спасител на Европа“. Битката кај Тулуз и битката кај Појатје дополнително придонеле за слабеење на калифатот.

Видете исто


Наводи

  1. M. McCormick, Origins of the European Economy: Communications and Commerce, A.D. 300-900, 412

Литература