Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува sh:Die Leiden des jungen Werthers; козметички промени
с r2.7.3) (Робот: Менува tr:Genç Werther'in Acıları
Ред 67: Ред 67:
[[sv:Den unge Werthers lidanden]]
[[sv:Den unge Werthers lidanden]]
[[th:แวเธ่อร์ระทม]]
[[th:แวเธ่อร์ระทม]]
[[tr:Genç Werther’in Acıları]]
[[tr:Genç Werther'in Acıları]]
[[uk:Страждання молодого Вертера]]
[[uk:Страждання молодого Вертера]]
[[vi:Nỗi đau của chàng Werther]]
[[vi:Nỗi đau của chàng Werther]]

Преработка од 00:36, 3 јули 2012

Првото издание од 1774 година

Страдањата на младиот Вертер (Die Leiden des jungen Werthers) се смета за автобиографски роман на Гете, првпат печатен во 1774 година.

Инспирација

Ова дело има своја подлога од животот на Гете. Во 1772 година тој се пресеилил во Вецлар, каде работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на правничката кариера. Во романот ја опишал кралската судска институција во која работел. Таму тој се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како основа за делото.

Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во душата на поетот. Во моментот кога Славе веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од Вецлар, оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се вратил во Франкфурт, и додека се обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за самоубиството на Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот роман.

Кратка содржина

Вертер се запознава со Лота на еден бал, која е ќерка на судија. Тој се вљубува во неа, но таа е веќе свршеница на Алберт. Алберт е добар човек, и не е љубоморен. Тие тројца се дружат, и нивниот живот наликува на Вецларскиот период од животот на Гете. Но, Вертер е многу почувствителен од својот творец: неговите страсти се граничат со безумие, и додека Гете успеал смирено да излезе од тие чувства, карактерот на Вертер уште на почетокот навестува трагедија.

Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба. Тој е аташе. Тука се развива слика на канцелариски педантизам, ситничарско и празно друштво. Предизвикан од еден непријатен случај, Вертер поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е мажена за Алберт. Во душата на Вертер започнува тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон Лота, и висока свест за должноста. Оваа борба завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на Вертер.

Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина. Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, наслутувајќи што се случува во неговата душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од неговдување, и излегла од одајата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.

За романот

Младиот Вертер во книжевноста е првиот поголем претставник на сфаќањето на светот што се нарекува „светска тага“, и кое во почетокот на 19 век завладеало во Европа. Вертер е прототип на оние јунаци кои ја прекриле Европа, дури до Русија, со таен печат на челото, со своите несфатливи страдања, потресувајќи ги чувствителните женски срца. Вертер е возбудлив, чувствителен, фантазер. Тој е личност која стои на граница од нашето време и епохата во која владееле традицијата и авторитетот.

Романот го читала цела Европа. Луѓето се облекувале во неговиот костум, гробот на Јерусалем го посетувале со сентименталности.

Романот е пишуван во форма на дневник, омилената форма на сентименталните поети. Вертер е најкарактеристичниот производ на периодот Sturm und Drang, кој завршува со најголемото дело на Гете, „Фауст“.

има греска во текстот, овој роман не е напишан во вид на дневник, туку во вид на писма==Наводи==

Надворешни врски

  • Die Leiden des jungen Werthers
  • The Sorrows of Young Werther на Проектот „Гутенберг“
  • GradeSaver study guide: The Sorrows of Young Werther
  • Free Audiobook (in German) from LibriVox
  • The-Sorrows-of-Young-Werther.com (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox)
  • Die-Leiden-des-jungen-Werthers.de (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox, in German)
  • „[[William Makepeace Thackeray]]'s [[Sorrows of Werther]]. cs.rice.edu. URL–wikilink conflict (help)

Предлошка:Link GA