Електронска музика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Муг -> Моуг
с r2.7.3) (Робот: Додава ur:برقیاتی موسیقی; козметички промени
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
{{внимание}}
[[Image:Teleharmonium1897.jpg|thumb|[[Telharmonium]], [[Thaddeus Cahill]] 1897]]
[[Податотека:Teleharmonium1897.jpg|thumb|[[Telharmonium]], [[Thaddeus Cahill]] 1897]]


[[Image:Mixtur Trautonium.jpg|thumb|[[Trautonium]], 1928]]
[[Податотека:Mixtur Trautonium.jpg|thumb|[[Trautonium]], 1928]]
Историски гледано, '''електронската музика''' започнува уште во почетокот на [[20 век]]. Во [[1913]] година, [[Луиџи Русоло]] (''Luigi Russolo''), деклариран како [[Футуризам|футурист]], во [[манифест]]от "''L'arte dei Rumori''" ("''[[Уметноста на шумовите]]''") пишува дека [[шум]]от ќе биде револуционерен момент во [[концерт]]ните сали. Тој вели, "Сево ова ќе направи уживателите на 'музиката' да вриштат...". Ќе ги изгради механичките музички [[инструмент]]и наречени ''[[Intonаrumori]]'', кои се инструменти што создаваат шумови.
Историски гледано, '''електронската музика''' започнува уште во почетокот на [[20 век]]. Во [[1913]] година, [[Луиџи Русоло]] (''Luigi Russolo''), деклариран како [[Футуризам|футурист]], во [[манифест]]от "''L'arte dei Rumori''" ("''[[Уметноста на шумовите]]''") пишува дека [[шум]]от ќе биде револуционерен момент во [[концерт]]ните сали. Тој вели, "Сево ова ќе направи уживателите на 'музиката' да вриштат...". Ќе ги изгради механичките музички [[инструмент]]и наречени ''[[Intonаrumori]]'', кои се инструменти што создаваат шумови.


Ред 29: Ред 29:
Генерално гледано, музиката во 20-тиот век станува сè попристапна. Денес е веќе ректост да се чуе музика без било каква електронска манипулација. Од раните 80-ти години кога за прв пат се јавува [[Денс музика|dance музиката]], уште повеќе се засилува и развива употребата на овие уреди.
Генерално гледано, музиката во 20-тиот век станува сè попристапна. Денес е веќе ректост да се чуе музика без било каква електронска манипулација. Од раните 80-ти години кога за прв пат се јавува [[Денс музика|dance музиката]], уште повеќе се засилува и развива употребата на овие уреди.


Простирајќи се назад во 70-тите години за да ги зграби деловите од [[диско|диското]] и [[фанк|фанкот]], како и направите за електронско компонирање, набрзо електронската музика станува целосно нов ентитет. Во нејзиниот дводецениски развоен пат таа создава нови звуци и поджанрови во бескрај.
Простирајќи се назад во 70-тите години за да ги зграби деловите од [[диско]]то и [[фанк]]от, како и направите за електронско компонирање, набрзо електронската музика станува целосно нов ентитет. Во нејзиниот дводецениски развоен пат таа создава нови звуци и поджанрови во бескрај.


Нејзините почетоци се јавуваат во пост-диско средините на [[Чикаго]]/[[Њујорк]] и [[Детроит]], градови кои ги “родиле“ [[хаус|хаусот]] и [[техно|техното]] (секој посебно) во текот на 80-тите.
Нејзините почетоци се јавуваат во пост-диско средините на [[Чикаго]]/[[Њујорк]] и [[Детроит]], градови кои ги “родиле“ [[хаус]]от и [[техно]]то (секој посебно) во текот на 80-тите.
Подоцна во таа декада луѓето од [[Велика Британија]] кои оделе по клубовите најмногу се држеле до спојот на механичкото и сензуалното. Така тие “им ја вратиле услугата на гладните Американци“ со нови стилови како [[џангл]]/[[драм енд бејс]] и [[трип-хоп]].
Подоцна во таа декада луѓето од [[Велика Британија]] кои оделе по клубовите најмногу се држеле до спојот на механичкото и сензуалното. Така тие “им ја вратиле услугата на гладните Американци“ со нови стилови како [[џангл]]/[[драм енд бејс]] и [[трип-хоп]].


Иако во раната фаза скоро целата електронска музика била за играње, во почетокот на 90-тите години [[продуцент|продуцентите]] правеле музика и за слушање (на слушалки), како и за чилаут зони (зони за разонода, релаксација). Сето тоа резултирало со десетина стилски фузии како амбиент-хаус, експериментално техно, [[тек-хаус]], електро-техно, и така натаму.
Иако во раната фаза скоро целата електронска музика била за играње, во почетокот на 90-тите години [[продуцент]]ите правеле музика и за слушање (на слушалки), како и за чилаут зони (зони за разонода, релаксација). Сето тоа резултирало со десетина стилски фузии како амбиент-хаус, експериментално техно, [[тек-хаус]], електро-техно, и така натаму.
Типично за многуте стилови насобрани под еден чадор било фокусирањето кон играчките елементи (''danceable grooves''), слободната (лабава) структура на песната, а кај многу продуценти и непопустливата желба да најдат нов звук, без оглед на тоа колку бил млак резултатот.
Типично за многуте стилови насобрани под еден чадор било фокусирањето кон играчките елементи (''danceable grooves''), слободната (лабава) структура на песната, а кај многу продуценти и непопустливата желба да најдат нов звук, без оглед на тоа колку бил млак резултатот.


Ред 108: Ред 108:
[[tr:Elektronik müzik]]
[[tr:Elektronik müzik]]
[[uk:Електронна музика]]
[[uk:Електронна музика]]
[[ur:برقیاتی موسیقی]]
[[vi:Nhạc điện tử]]
[[vi:Nhạc điện tử]]
[[war:Musika elektronika]]
[[war:Musika elektronika]]

Преработка од 02:49, 22 јуни 2012

Telharmonium, Thaddeus Cahill 1897
Trautonium, 1928

Историски гледано, електронската музика започнува уште во почетокот на 20 век. Во 1913 година, Луиџи Русоло (Luigi Russolo), деклариран како футурист, во манифестот "L'arte dei Rumori" ("Уметноста на шумовите") пишува дека шумот ќе биде револуционерен момент во концертните сали. Тој вели, "Сево ова ќе направи уживателите на 'музиката' да вриштат...". Ќе ги изгради механичките музички инструменти наречени Intonаrumori, кои се инструменти што создаваат шумови.

До 50-тите години на 20-тиот век ќе бидат патентирани повеќе електрични и електронски инструменти (како теремин (Theremin), мартенови бранови (Ondes Martenot), траутониум (Trautonium), органата хамонд (Hammond Organ) итн.), што значи дека се развиваат нови потреби во музиката. Академските композитори се интересираат сè повеќе околу овие инструменти и пишуваат дела кои ќе останат во класичниот концертен репертоар на 20-тиот век. Оливие Месијан (Olivier Messiaen), Дариус Мијо (Darius Milhaud), Едгар Варез (Edgard Varèse), Пиер Булез (Pierre Boulez) ќе напишат дела за мартенови бранови кој е единствен електричен инструмент кој ќе се изучува на Конзерваториумите во Франција; Трутониумот ќе биде интересен за германскиот композитор Пол Хиндемит (Paul Hindemith). Истиот инструмент ќе биде искористен во Хичкоковиот "Птици" итн. Хамонд органата, која е можеби и најупотребуваниот електричен инструмент, најчесто од поп, рок и џез изведувачите, ќе биде привлечен и за композиторот Џорџ Гершвин (George Gershwin).

Во 1939 година, Џон Кејџ (John Cage), смело ќе го напише првото електронско дело "Imaginary Landscape #1" во кое како инструменти се користат два грамофони со можност за варирање на брзината на вртежите во секунда, перкусии и шум. Со ова јасно се предвидуваат диџеите.

Во 1948, Пјер Шафер (Pierre Schaeffer) ќе направи дело од звуци од парни машини, свирења на локомотиви и други звуци на возови. "Etude aux Chemins de Fer" (Железничка Етида). Ова ќе биде прва снимка на обработка на повеќе звуци во историјата. Така ќе се создаде "musique concrète" (конкретна музика), која значи дека со звуците се работи директно (конкретно), а не преку абстрактниот нотен запис. До 1951 година тој работи со грамофони, за да од 1951 се фокусира на магнетофонските ленти кои ќе останат основен медиум уште долго време.

Во САД, во 1952 година ќе биде организиран првиот концерт на електронска музика во МоМА (Музејот за Модерна Уметност во Њујорк). На концертот ќе бидат изведени дела на Ото Луенинг (Otto Luening) и Владимир Усашевски (Vladimir Ussachevsky).

Во 1953 година во Западноeвропскотo Радио (WDR - Westdeutscher Rundfunk) во Германија официјално ќе се отвори најзначајното студио за електронска музика во тој период, опремено со генератор на синусоидни звуци, генератор на бел шум, мелокорд (Melochord) и монокорд (Monochord) и снимачи на ленти. Тука германскиот композитор Карлхајнц Штокхаузен (Karheinz Stockhausen) ќе ги напише првите целосно електронски дела со помош на есенцата на звукот, синусоидите. Од почеотокот на 50-тите години започнува поинтензивно и посериозно да се пројавува интерес за електронската музика. Веќе магнетофонските ленти масовно стануваат дел од класичните концерти. Се пишуваат дела за електронски музички медиуми. Во 1958 година, Philips на Светскиот Саем во Брисел ќе изгради павиљон каде што ќе бидат изведени две многу важни електронски дела, "Poème Electronique" од Едгар Варез и "Concrète PH" од Јанис Ксенакис (Iannis Xenakis). "Poème Electronique" e мегаломанско дело кое во својата изведба вклучува 400 звучници за репродукција на звукот во простор, проекции на звуци и светла во боја. Ова е едно од позначајните електронски дела кое ќе го најави добата на surround-от . САД во перидот на 50-тите години се развива во друг правец, што ќе биде можеби и најголемата револуција во 20-тиот век; компонирање музика со компјутер. Лабораториите на Бел Телефоун (Bell Telephone Labs) уште во 1957 година, предводени од Макс Метјус (Max Matthews) ќе ја напишат првата компјутерска програма за генерирање на дигитално аудио, наречена Music I. Во наредните години ќе се напишат и Music II, Music III и Music IV. Жан Клод Рисе (Jean-Claude Risset) во истите лаборатории со помош на Music IV за прв пат успешно ќе синтетизира акустичен звук, во овој случај звук на труба. Со ова се започнува на големо, истражувањето во физичките можности на звукот и во дигиталната синтеза на звукот. Макс Метјус, Жоан Милер (Joan Miller) и други ќе создадат и синтетизираат и човечки гласови.

Првиот синтетизер е создаден од Роберт Моуг (Robert Moog) во 1964. Тој се состои од модуларни компоненти како осцилатори, филтри, генератори на енвелопи, засилувачи, миксери и како посредник за свирење се користи тастатурата. Овој инструмент, кој активно се користи и денес, ќе го привлече вниманието на поп, рок и електро сцената.

Веќе од 60-тите години постои зрела средина за создавање на сериозни и комплексни електронски дела. Со текот на времето, овие електронски уреди стануваат парично сè попристапни и со тоа се зголемува нивната употреба во популарната музика. Од друга страна, авангардната сцена, сè повеќе работи на мултимедијалноста.

Во 1970 година, тогашниот претседател на Франција, Жорж Помпиду (Georges Pompidou), ќе го покани композиторот Пјер Булез да го создава и води првиот Институт за Музички Истражувања во асоцијација на новоформираниот Национален Центар за Современа Уметност. Овој центар ќе стане познат како "Centre Pompidou", а институтот како IRCAM (Institut de Recherche et Coordination Acoustique/Musique). Се работи за троспратна подземна градба која содржи кaнцеларии, лаборатории, студија за снимање, 'глуви' простории и познатата концертна сала со променливи ѕидови кои овозможуваат различни акустики за различни потреби. Овој институт и денес претставува главен центар на сите мултимедијални истражувања.

Раните 80-ти години се од огромна важност за технологиите во музиката. E-Mu за прв пат ќе го најави Systems Emulator кој е првиот успешно конструиран семплер.

Во 1981 година, електронскиот музички маркет ќе стане пренатрупан и хаотичен. Икатуро Катекаши (Ikaturo Kakehashi), основачот и главниот на Roland, ќе види потреба од воспоставување на индустриски стандард. Заедно со Sequential Circuits, Yamaha и други ќе го дефинираат првиот дигитален универзален протокол наречен МИДИ (Musical Instrument Digital Interface). Првата МИДИ 1.0 спецификација ќе биде издадена во 1983. Со ова се овозможува за прв пат да се воспостави мрежа на сите електронски уреди. Така истата година, Yamaha ќе го создаде првиот МИДИ синтетизер. Истиот ќе биде и прв кој ја употребува и познатата ФМ (фреквентна модулација) за генерирање на звуци.

Генерално гледано, музиката во 20-тиот век станува сè попристапна. Денес е веќе ректост да се чуе музика без било каква електронска манипулација. Од раните 80-ти години кога за прв пат се јавува dance музиката, уште повеќе се засилува и развива употребата на овие уреди.

Простирајќи се назад во 70-тите години за да ги зграби деловите од диското и фанкот, како и направите за електронско компонирање, набрзо електронската музика станува целосно нов ентитет. Во нејзиниот дводецениски развоен пат таа создава нови звуци и поджанрови во бескрај.

Нејзините почетоци се јавуваат во пост-диско средините на Чикаго/Њујорк и Детроит, градови кои ги “родиле“ хаусот и техното (секој посебно) во текот на 80-тите. Подоцна во таа декада луѓето од Велика Британија кои оделе по клубовите најмногу се држеле до спојот на механичкото и сензуалното. Така тие “им ја вратиле услугата на гладните Американци“ со нови стилови како џангл/драм енд бејс и трип-хоп.

Иако во раната фаза скоро целата електронска музика била за играње, во почетокот на 90-тите години продуцентите правеле музика и за слушање (на слушалки), како и за чилаут зони (зони за разонода, релаксација). Сето тоа резултирало со десетина стилски фузии како амбиент-хаус, експериментално техно, тек-хаус, електро-техно, и така натаму. Типично за многуте стилови насобрани под еден чадор било фокусирањето кон играчките елементи (danceable grooves), слободната (лабава) структура на песната, а кај многу продуценти и непопустливата желба да најдат нов звук, без оглед на тоа колку бил млак резултатот.

Во рамките на електронската музика спаѓаат: хаус, техно, транс, брејкбит, џангл, хардкор и даунбит, со нивните многубројни поджанрови.

Kraftwerk и Jean Michel Jarre се едни од пионерите на електронската музика. Други претставници: Depeche Mode, New Order, Erasure, The Prodigy, Orbital, Carl Cox, Paul Oakenfold, Tiësto, Paul van Dyk, Derrick May, LTJ Bukem.

Електронската музика во Македонија

  • Артисти/продуценти
  • Диџеи
  • Промотерски куќи
  • Изданија (албуми и синглови)

Види и