Библија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува ku:Kitêba Muqeddes
с r2.7.3) (Робот: Менува ku:Încîl
Ред 145: Ред 145:
[[kg:Biblia]]
[[kg:Biblia]]
[[ht:Bib]]
[[ht:Bib]]
[[ku:Kitêba Muqeddes]]
[[ku:Încîl]]
[[ky:Библия]]
[[ky:Библия]]
[[mrj:Библи]]
[[mrj:Библи]]

Преработка од 11:46, 19 јуни 2012

Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Библијата (од грчки значи нешто свето кое треба да се чува (τα) βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето Писмо.

Библија

Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов Завет. Стариот Завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот Завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје).

Иако најчесто овој збор е користен за еврејските и за христијанските свети книги, „Библија“ понекогаш се однесува и на светите книги на други религии. Оттаму Гуру Грант Саиб често се нарекува „Библија на Сиките“.

Содржина

Библијата од времето кога била составена до денес е една од најпродаваните книги на сите времиња.[1][2][3]

Библијата има 66 книги од кои 39 се Стариот Завет и 27 се Новиот Завет. Таа е разнородна збирка од текстови кои настанувале во долг временски период, почнувајќи од 13 век п.н.е.[4] Во стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, Пророците како и други личности. Стариот Завет претставува завет на Бог со народот Израилев дека „ако ги исполнува заповедите Божји ќе биде народ благословен и дека од тој народ ќе се роди Спасител на Светот, кој ќе биде вечен Цар, и Неговото Царство не ќе има крај“. А Новиот Завет е Завет на Спасителот Господ Исус Христос „дека секој што верува во него ќе живее вечно. Секој што верува дека Господ Исус Христос е вистински Бог нема да умре, но ќе има живот вечен..“

Библијата е компелтирана во 4 век од нашата ера, кога Европа, преку Византија и Рим, официјално го прифаќа христијанството. Во текот на целото средновековие, сè до ренесансата, одговорите на сите прашања биле барани во оваа „Книга над книгите“, а науката била занемарена.

Стар Завет

Стариот Завет е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу Средоземното Море, меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките Еуфрат, Тигар и Нил, а себе се нарекувал Израелов.[5] Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги.

Втората Мојсеева книга изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка, стапот во змија, правење сув пат среде Црвеното Море. Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или Десетте божји заповеди, кои Мојсеј ги добива на Синајската Гора.

Делот наречен Писанија е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи единаесет книги со различни содржини, а најдраматична е Повеста за Јов, во која се зборува за божјата правда. Јов бил „непорочен и праведен“, и немало друг како него на Земјата. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол да внимава на Јов, зашто е многу побожен и чесен. Сатаната одговорил дека е лесно да се биде чесен кога се има толку имот, здрави деца и сè што сака. Вистинската вера се докажува кога ќе му се одземе тоа на Јов, па прашање е дали тој уште ќе го слави Бога. Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата. Тука почнуваат несреќите за Јов: го губи цел имот, децата му загинуваат, а самиот се разболел со страшни рани по телото. На сето ова Јов одговара:

Гол излегов од утробата на мајка ми, и гол ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде.
Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?

И тогаш започнува филозофската расправа за божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Заклучокот е дека човек не може да проникне во божјата правда. На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил. Многумина филозофи ја користат оваа библиска приказна за да расправаат на темата: божја правда. Кјеркегор и Колаковски пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а Гете ја искористил како вовед во својот Фауст.

Песна над песните се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта.

Стави ме како знак на срцето

како печат на раката своја
зашто љубовта е силна како смрт
а љубомората тврда како гроб!
Песна над песните

Во Стариот Завет сликата на Бог е многу различна од претставата за него во христијанството - како бескрајна љубов. Старозаветниот Бог е „љубоморен осветник, господар на лутината, се одмаздува на своите противници, истраен во гневот кон непријателите. Јахве е бавен во гневот, но силен во моќта.“

Стариот Завет завршува со прорекување на појава на божјиот пратеник, месија, кој ќе го донесе новото учење. Со ова, Стариот и Новиот Завет се поврзани.

Новиот Завет

Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната претставена личност е Исус Христос. Содржи 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик, кој во тоа време бил широко застапен, иако Исус и неговите ученици зборувале арамејски јазик. Изобилува со морални приказни и поуки за тоа како да се стане подобар човек.

Новиот Завет започнува со четирите евангелија: според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован, иако тие не се најстарите списи во него. [6] Иако евангелијата се занимаваат со истите случувања, тие го прикажуваат Исус на различни начини. Евангелието според Матеј е посебно познато поради тоа што ја содржи молитвата Оче наш, и поради тоа што ја нагласува разликата на Исусовото учење во однос на учењето од Стариот Завет.

Откровението на Јован Богослов се нарекува уште и апокалипса. Во него авторот ја опишува својата визија за победата на Бог над злото и смртта. Овој дел од Новиот Завет извршил најголема инспирација врз натамошната литература. Инаку, сите елементи од Новиот Завет нашле свој одраз во европската уметност: во сликарството, литературата, музиката, скулптурата. Микеланџело, Леонардо, Дирер, Бах и многу други се инспирирале од темите на Библијата воопшто.

Надворешни врски

Наводи

  1. Businessweek on The Bible: "The Bible (2.5 billion copies sold)" (18 July 2005)
  2. Ash, Russell (2001). Top 10 of Everything 2002. Dorling Kindersley. ISBN 0789480433, 9780789480439 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  3. http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata1.html
  4. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.
  5. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.
  6. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 229.