Јазично семејство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава et:Keelkond
MastiBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Менува lij:Clascificaçion de lengue
Ред 89: Ред 89:
[[lv:Valodu saime]]
[[lv:Valodu saime]]
[[lt:Kalbų šeimos]]
[[lt:Kalbų šeimos]]
[[lij:Classificaçion de lengue]]
[[lij:Clascificaçion de lengue]]
[[hu:Nyelvcsalád]]
[[hu:Nyelvcsalád]]
[[ml:ഭാഷാഗോത്രങ്ങൾ]]
[[ml:ഭാഷാഗോത്രങ്ങൾ]]

Преработка од 23:36, 9 јуни 2012

Јазично семејство е термин кој се користи во лингвистиката да се означи група јазици кои се генетски поврзани и потекнуваат од еден заеднички прото-јазик. Името потекнува од модело „јазично стебло“ од историската лингвистика, каде се прави метафора меѓу сродноста на јазиците и сродноста на луѓето.

Според податоците на Ethnologue од 2009 година, во светот има 6.909 живи јазици.[1] Еден јазик се определува за „жив“ ако истиот се користи како основно средство за комуникација од одредена група на луѓе. Точниот број на живите јазици во светот варира од 5.000 до 10.000, во зависност од тоа што се подразбира под дефиницијата „јазик“ и како да се класифицираат дијалектите. Покрај живите јазици, постојат голем број на мртви и исчезнати јазици.

Структура

Едно јазично семејство е филогенска единица, што значи, сите членови потекнуваат еден заеднички предок и сите потомци од тој заеднички прајазик се вметнати во семејството. Сепак, секоја класификација на јазиците може да се нарече „семејство“. Така на пример имаме јазично семејство индоевропски јазици, но и подгрупите на ова јазично семејство можат да се означат како семејства, односно, словенско јазично семејство, германско јазично семејство, романско јазично семејство итн.

Јазичното семејство може да биде поделено на помали филогенски единици, често наречени „гранки“ на семејството, бидејќи историски и традиционално јазичното семејство се претставува како дрво. Така на пример, турските јазици, угро-финските јазици, монголските јазици и тунгуските јазици се гранки на уралското јазично стебло.

Останата класификација

Изолирани јазици

Повеќето од светските јазици се дел од едно од јазичните семејства. Тие јазици кои немаат сродни или поврзани јазици се наречени изолирани јазици. Изолираните јазици сочинуваат свое посебно јазично семејство. Таков изолиран јазик на пример е баскискиот јазик. Сепак и во рамките на едно јазично семејство има изолиран член, како што е ерменскиот јазик во индоевропските јазици. Општо гледано, јазичарите сметаат дека и изолираните јазици имаат сродни јазици, но временската разлика е толку голема што тешко е да се реставрира изумрениот сроден јазик.

Јазичен контакт

Мешаните јазици настануваат кога два јазика стапуваат во контакт и со тек на времето се добива нов јазик, кој е мешавина на двата природни јазика. Ваквите јазици се класифицираат во посебни семејства наречени мешани јазици или креолски јазици. Како пример за мешаните јазици се хаитскиот креолски јазик или ток писин.

Распространетост

Наводи

Поврзано

Надворешни врски