Млади и неуморни: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
| run_time = 60 минути (30 минути од 1973 to 1980)
| run_time = 60 минути (30 минути од 1973 to 1980)
| official_website = http://www.theyoungandtherestless.com/index.php
| official_website = http://www.theyoungandtherestless.com/index.php
| num_episodes = 8,691 (до [[24 јули]], [[2007]])
| num_episodes = 8,832 (до [[15 февруари]], [[2008]])
| imdb_id = 0069658
| imdb_id = 0069658
| tv_com_id = 100
| tv_com_id = 100

Преработка од 00:58, 16 февруари 2008

Предлошка:Инфокутија Телевизиска емисија Млади и неуморни (англиски: The Young and the Restless) е популарна американска телевизиска сапуница, која се емитува секој работен ден на телевизијата CBS, од 26 март 1973. Создадена е од Вилијам Бел и Ли Филип Бел, кои ја сместија драмата во серијата во измислениот град Џеноа Сити, Висконсин.

На почетокот, серијата се фокусираше на семејните и професионалните животи на две семејства во Џеноа Сити, богатите Брукс и сиромашните Фостерс. По многубројни промени на глумците во раните 1980ти, главна тема на серијата станаа семејствата Абот и Њуман, нивните две поединечни компании и ривалството меѓу нив. Меѓутоа, една главна приказна владее во серијата уште од скоро самиот почеток, а тоа е ривалството помеѓу Џил Фостер Абот и Кетрин Кенселор.

На почетокот, Млади и неуморни беше емитувана во полчасовни епизоди, пет пати неделно. Од 1 февруари 1980, се емитуваат едночасовни епизоди. Млади и неуморни е најгледаната дневна драма на американска телевизија. Во 2006, екипата што ја снима серијата ги прослави нејзините 900 недели (18 години) по ред на врвот на гледаноста на дневните серии и програми.

Млади и неуморни има освоено седум Дневни Еми Награди за најдобра драмска серија. Само Главна болница има освоено повеќе (девет).

Во 2001, Млади и неуморни почна да се снима и симултано емитува во висока дефиниција (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.

Пред неколку години, Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница. Прикажаните епизоди беа од 25 мај 1998 - 1999.

Сегашни глумци

Актер Улога Статус
Питер Бергман Џек Абот 1989- (#2)
Мелоди Томас Скот Ники Њуман 1979- (#2)
Ерик Брејден Виктор Њуман 1980-
Мишел Стафорд Филис Самерс Њуман 1994-1997, 2000- (#1)
Шерон Кејс Шерон Абот 1995-2003, 2003- (се појавува 1994-1995)
Џошуа Мороу Николас Њуман 1994-
Џудит Чепмен Глорија Бардвел 2005- (#2)
Џини Купер Кетрин Кенселор 1973-
Даг Дејвидсон Пол Вилијамс 1978-
Дон Дајмонт Бред Карлтон 1985-1996, 1998-
Брајтон Дивон Хемилтон 2004-
Едријен Франц Емброжа Мур Ешби 2006-
Даниел Гудард Кејн Ешби 2007-
Мајкл Грациадеи Даниел Ромалоти 2004-
Амелија Хајнл Викторија Њуман 2005- (#3)
Винсент Иризари Дејвид Чоу 2007-
Кристел Калил Лили Винтерс Ромалоти 2002-2005, 2006- (#1)
Кристијан ЛеБланк Мајкл Болдвин 1991-1993, 1997-
Кејт Линдер Естер Валентин 1985-
Тед Лакинбил ЏејТи Хелстром 2001- (се појавува 1999-2001)
Емили О Брајен Џена Хокс 2006-2007, 2007-
Ниа Пиплес Карен Тејлор 2007-
Ајал Родел Адриан Корбел 2006-
Грег Рикарт Кевин Фишер 2003-
Деана Русо Логан Армстронг 2007
Веил Блум Хедер Стивенс 2007-
Ерик Стајнберг Џи Мин Ким 2006-
Кристоф Сент Џон Нил Винтерс 1991-
Џес Волтон Џил Фостер Абот 1987- (#4)

Насловна мелодија

“Nadia’s theme” е музичката тема на Млади и неуморни од самиот почеток на серијата во 1973. Мелодијата била оригинално наречена “Cotton’s Dream” и напишана од Бери Де Ворзон и Пери Боткин Јр. за филмот Благословете ги ѕверовите и децата. Подоцна, мелодијата била прекрстена во “Nadia’s theme” по настапот на романската гиманстичарка Надиа Команечи на летните олимписки игри во 1976 и прикажувањето на овој настап на ABC со музиката од популарната сапуница.

Гледаност

На самиот почеток во 70-тите, серијата беше на дното на гледаноста, како и сите серии при дебутот. Веќе по една-две сезони, гледаноста порасна, а во 1988-1989, се искачи на врвот и до сега ни една сапуница ја нема симнато.

Историја на дневната гледаност: Најгледана недела (Ноември 16-20 1981)

Сапуница Домаќинства (Термин) Телевизија Гледачи
Главна болница 16.0 (3-4pm) ABC 30 милиони
Сите мои деца 10.2 (1-2pm) ABC 14 милиони
Еден живот за живеење 10.2 (2-3pm) ABC 13.9 милиони
Водечко светло 7.9 (3-4pm) CBS 8.3 милиони
Млади и неуморни 7.3 (12:30-1:30pm) CBS 8 милиони

1995 гледаност

Сапуница Милиони гледачи
Млади и неуморни 4.155
Сите мои деца 3.891
Главна болница 3.343
Смели и убави 3.247
Еден живот за живеење 3.152

Надворешни врски