Сава Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Василиј и Сава имале различни погледи за политичкот пат на Црна Гора. Додека, Сава се залагал за соработка со [[Венецијанската република]], тогашниот архимандрит Василија сакал Црна Гора да се поврзе со некоја голема сила и со надворешна помош Црногорците да ја продолжат борбата против [[Османлиската империја]]. Во 1750 година, Василиј во [[Белград]] бил хиротонисан од страна на патријархот Атанасиј, а новиот владика се вратил во [[Црна Гора]]. Василиј успеал да се издигне како главна политичка личност во [[Црна Гора]] и целосно го потиснал Сава кој почнал да игра второстепена улога во општествениот и политичкиот живот на [[Црна Гора]], а оваа подредена положба Сава ја имал се до својата смрт.
[[Податотека:Шќепан Мали.jpg|мини|лево|200п|Шќепан Мали]][[Податотека:AtlBalk1750.jpg|мини|десно|250п|Балканот во 1750 година]]
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир [[Хаџи Мехмед Паша]] со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот <ref>Ј. Томић, Црногорски митрополит Василеје Петровић у Црну Гору по првом повратку из Русије 1754-1756, Глас САН 88, 1911</ref>. По неплаќањето на харачот дошло до политички случувања во кој владиката Сава не учествувал се до смрта на Василиј во 1766 година.
 
По смрта на Василиј, настапил период племенска анархија, а Владиката Сава немал вијание меѓу Црногорците. Во 1767 година на историската сцена во Црна Гора се појавила една мистериозна личност т.н [[Шќепан Мали]]. Тој себеси се преставувал како рускиот цар [[Петар III (Русија)|Петар III]]. Бидејќи [[култ]]от кон Русија веќе фатил силни корени, благодарение на дејноста на владиката [[Василије Петровиќ Његош|Василије]], самопрогласениот руски цар брзо и енергично успеал да ја наметне својата власт врз [[Црногорци]]те. Владиката Сава во почетокот не се сомневал во Шќепан, меѓутоа за да ја провери точноста на информацијата се обратил до русиот преставник во Цариград, кој од своја страна известил дека Шќепан е изманик. Владиката Сава набргу потоа дошол во судир со [[Шќепан Мали]], но владиката Сава бил затворен од страна на приврзаниците на Шќепан и бил ослободен во пролета 1768 година.

Прегледник