Шницла: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава simple:Schnitzel
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава zh:香雞排
Ред 33: Ред 33:
[[sv:Schnitzel]]
[[sv:Schnitzel]]
[[uk:Шніцель]]
[[uk:Шніцель]]
[[zh:香雞排]]

Преработка од 01:10, 16 мај 2012

Виенска шницла.

Шницла или уште нарекувана и Виенска шницла (на германски: Schnitzel или Wiener Schnitzel) е традиционално австриско јадење кое се состои од котлет од телешко месо измешан во брашно и трошки од леб и пржен во путер. Јадењето е популарен дел од виенската и австриска кујна. Во Австрија, јадењето традиционално се служи со парче лимон, џем од боровинка или пак сос од брусница и во зависност од желбата на личноста се додава салата од компири (пире) или пак пржени компири. Иако традиционално, виенската шницла се правела само од телешко месе, денеска таа се прави и од свинско. Во Австрија терминот Wiener Schnitzel (Виенер Шницел) е заштитен со закон и каква било шницла под тоа име мора да биде направена од телешко.[1] Исто така има и регионални верзии на шницлата, како Салзбургската шницла која се служи со печурки, сланина, кромид и други зачини и состојки.

Постои дебата за тоа од каде потекнува шницлата. Некои тврдат дека таа за прв пат била направена во Милано, северна Италија како cotoletta alla milanese, додека други велат дека се појавила во Виена, во 15 или 16 век Исто така постои и теза дека можеби била донесена во Австрија за време на Битката за Виена од 1683 година, од страна на полски или германски трупи. Според друга хипотеза, таа за прв пат била презентирана во 1857 година, од страна на Филд Маршал Радецки, кој поголем дел од животот го поминнал во Милано.

Различни варијанти на шницлата постојат денеска во светот. Во Македонија таа претставува тенко парче бифтек, посолено со сол и бибер, испржена во лебни коцки. Традиционално се служи со гарнир од пржен или варен компир и зелена салата.

Наводи

Надворешни врски

  • Steve Kramer (2007-02-20). „The Wiener Schnitzel step by step instructions“.
  • Инструкции за приготвување на јадењето.