Пиндар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: diq:Pindaros
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава et:Pindaros
Ред 54: Ред 54:
[[da:Pindar]]
[[da:Pindar]]
[[de:Pindar]]
[[de:Pindar]]
[[et:Pindaros]]
[[el:Πίνδαρος]]
[[el:Πίνδαρος]]
[[en:Pindar]]
[[en:Pindar]]

Преработка од 10:17, 11 мај 2012

Пиндар, римска копија на грчка биста од 5 век п.н.е., се чува во Националнит музеј во Неапол)

Пиндар (грчки: Πίνδαρος, Pindaros; латински: Pindarus) (околу 522–443 п.н.е.) бил старогорчки поет, кој се смета за најголем хорски лиричар во Стара Грција. Поетиката ја учел дома, а потоа во Атина. Се знае дека кога Александар Македонски ја освоил Теба, ја поштедил единствено куќата на Пиндар.[1]

За животот и делото

Пиндар живеел во време кога многу гранки од големото стебло на еленската лирика се исушиле, а хорската песна најраскошно расцветала. Од целокупните негови дела потполно се зачувани само четири книги таканаречени епиникии, т.е. победнички песни, песни испеани како благодарност на најголемиот момент во животот на човекот, славата на неговата победа. Од другата негова поезија зачувани се само делови.

Пиндар секогаш зборувал како пророк и свештеник, како учител на мудрости, а и тој самиот себеси не се нарекува поет, туку мудрец. Своето сфаќање на светот и животот го засновал врз својот став кон религијата. Тој е прв кој на боговите и хероите им го придава култниот епитет „свет“. Неговите богови со својата морална чистота се разликуваат многу од боговите кои ги претставува Хомер.

Пиндар со страст вршел корекција на преданијата и митовите од тоа време. Ги отфрла човечките особини кои им се доделувале на боговите, а на прашањето „Што е бог?“, одговарал: „Бог е сè“. Во основа сфаќањето на боговите на Пиндар не се разликува од она на Есхил, освен што идејата за божјата праведност кај Есхил добива трагична сила.

Херојот на кого Пиндар му го подарил своето најголемо внимание е Херакле. Карактеристично за Пиндар е верувањето дека способност е нешто вродено, нешто наследено преку крвта од „божествените“ претци, па затоа тој не ја цени научената, туку само вродената способност, или она што го нарекуваме „природна дарба“. Сепак не ги отфрла сосема искуството и „учењето од старите“. Сепак, секое човечкот битие е ограничено, и според Пиндар, „безнадежно е да се бара среќата без бог или против бога“.

Пиндар е најголемиот и последниот гласник на еолско-дорскиот начин на живеење, како што се живеело во богатите кругови кон почетокот на 5 век п.н.е. Пиндар е учител само на еден сталеж: на благородниците.

За стилот на Пиндар: мислите му се ројат и брзо летаат, не застанувајќи на детали, едната ја престигнува другата, зборовите како да не можат да се стигнат. Јазичниот израз му е збогатен со нови и смели метафори, сјајни слики. Во богатството на сликите му нема рамен. Споредбите се ретки и не се разработени како кај Хомер, туку само се навестени. Величенствените воведи во неговите епиникии, самиот Пиндар ги споредувал со „портата на палата која е украсена со златни столбови“. Наречјето му е дорско-беотско.

Од 45 епиникии колку што има, секоја има свој посебен метрички облик.

Влијанија

Во духот и дикцијата на хорската лирика на Софокле се забележува влијанието на Пиндар.

Меѓу другите негови наследници се: Џон Драјден и Александар Поп во Англија, како и Русите Лермонтoв, Г.Р. Державин, Пушкин и други.

Наводи

  1. Plutarch, Life of Alexander 11.6; Arrian, Anabasis Alexandri 1.9.10

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Historic editions