Хејмаркетски немири: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Хајмаркетски немири на Хејмаркетски немири
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Хејмаркетските немири''' од [[4 мај]] [[1886]] година се немири во [[Чикаго]] по повод штрајкот од [[1 мај]] за добивање 8-часовен работен ден. Немирите резултирале со жртви, а самиот тек на настаните и денес останува контроверзен. Хејмаркетски немири имаат голема улога во прогласувањето на 1 мај за [[Меѓународен ден на трудот]].
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Хајмаркетски немири''' од [[4 мај]] [[1886]] година се немири во [[Чикаго]] по повод штрајкот од [[1 мај]] за добивање 8-часовен работен ден. Немирите резултирале со жртви, а самиот тек на настаните и денес останува контроверзен. Хајмаркетските немири имаат голема улога во прогласувањето на 1 мај за [[Меѓународен ден на трудот]].


== Позадина ==
== Позадина ==
Ред 6: Ред 5:
Конвенцијата на Федерацијата на организираните трговски и работнички сојузи на САД и Канада во [[1884]] година упатува барање до 1 мај 1886 година да биде донесен закон за 8-часовен работен ден. Истовремено, се одвиваат подготовки за [[генерален штрајк]] на тој ден, во случај да не биде донесен таков закон.
Конвенцијата на Федерацијата на организираните трговски и работнички сојузи на САД и Канада во [[1884]] година упатува барање до 1 мај 1886 година да биде донесен закон за 8-часовен работен ден. Истовремено, се одвиваат подготовки за [[генерален штрајк]] на тој ден, во случај да не биде донесен таков закон.


Бидејќи не е донесен законот, во знак на протест на 1 мај 1886 година се одржуваат собири ширум [[САД]]. Најголемиот собир се случува во [[Чикаго]], каде што присуствуваат околу 90,000 луѓе. Во следните неколку дена во целата земја штрајкуваат 350,000 работници во 1,200 фабрики.
Бидејќи не е донесен законот, во знак на протест на 1 мај 1886 година се одржуваат собири ширум [[САД]]. Најголемиот собир се случува во [[Чикаго]], каде што присуствуваат околу 90.000 луѓе. Во следните неколку дена во целата земја штрајкуваат 350.000 работници во 1.200 фабрики.


Во Чикаго на [[3 мај]] доаѓа до судир помеѓу работници што штрајкувале и работници што биле донесени како [[штрајкбрехер]]и. Чикашката [[полиција]] интервенира и ги напаѓа штрајкувачите, при што се убиени четворица од нив, а повеќемина се повредени. Тоа предизвикува лутина кај работното население на Чикаго, а чикашките [[анархизам|анархисти]] за следниот ден упатуваат повик за собир на [[Хајмаркетски плоштад|Хајмаркетскиот плоштад]]. Во повикот се тврди дека полицијата ги убила штрајкувачите во име на интересите на капиталистите и се повикуваат работниците да ја бараат правдата.
Во Чикаго на [[3 мај]] доаѓа до судир помеѓу работници што штрајкувале и работници што биле донесени како [[штрајкбрехер]]и. Чикашката [[полиција]] интервенира и ги напаѓа штрајкувачите, при што се убиени четворица од нив, а повеќемина се повредени. Тоа предизвикува лутина кај работното население на Чикаго, а чикашките [[анархизам|анархисти]] за следниот ден упатуваат повик за собир на [[Хејмаркетски плоштад|Хејмаркетски плоштад]]. Во повикот се тврди дека полицијата ги убила штрајкувачите во име на интересите на капиталистите и се повикуваат работниците да ја бараат правдата.


== Собирот на Хајмаркетскиот плоштад ==
== Собирот на Хејмаркетскиот плоштад ==


Собирот започнува мирно, вечерта на 4 мај. Говор држи анархистот [[Август Спис]], кој во својот говор, според сведоштвото на многумина присутни, кажува дека не е таму за да провоцира никого.
Собирот започнува мирно, вечерта на 4 мај. Говор држи анархистот [[Август Спис]], кој во својот говор, според сведоштвото на многумина присутни, кажува дека не е таму за да провоцира никого.
Ред 17: Ред 16:


== Судење и егзекуции ==
== Судење и егзекуции ==
[[Image:Haymarket Martyr's Memorial.jpg|thumb|Споменик за жртвите на Хајмаркетските немири, Чикаго]]
[[Image:Haymarket Martyr's Memorial.jpg|thumb|Споменик за жртвите на Хејмаркетски немири, Чикаго]]
Во врска со убиството на полицаецот Деган се обвинети осуммнина кои непосредно или посредно биле поврзани со организирањето на собирот. Тоа се: [[Август Спис]], [[Алберт Парсонс]], [[Адолф Фишер]], [[Џорџ Енгел]], [[Луис Линг]], [[Михаел Шваб]], [[Самуел Филден]] и [[Оскар Небе]]. Од нив петмина се германски имигранти, а уште еден со германско потекло.
Во врска со убиството на полицаецот Деган се обвинети осуммнина кои непосредно или посредно биле поврзани со организирањето на собирот. Тоа се: [[Август Спис]], [[Алберт Парсонс]], [[Адолф Фишер]], [[Џорџ Енгел]], [[Луис Линг]], [[Михаел Шваб]], [[Самуел Филден]] и [[Оскар Небе]]. Од нив петмина се германски имигранти, а уште еден со германско потекло.


Ред 26: Ред 25:
Одбраната го изнесува случајот пред Врховниот суд на Илиноис, а потоа и пред [[Врховен суд на САД|Врховниот суд на САД]]. Ниту во првиот ниту во вториот случај првобитната пресуда не е преиначена. По завршувањето на жалбената постапка, [[гувернер]]от на [[Илиноис]], [[Ричард Оглезби]], ги преиначува пресудите за Филден и Шваб од смртни во доживотни, а бесењето на останатите е закажано за [[11 ноември]] [[1887]] година. Претходниот ден Линг извршува самоубиство, а останатите четворица, Спис, Парсонс, Фишер и Енгел на закажаниот ден за нивно егзекутирани се изведени пред бесилка. При тоа тие ја пеат „[[Марсељеза]]та“, химна на меѓународното револуционерно движење во тоа време, а при бесењето, Спис извикува: „Ќе дојде време кога нашето молчење ќе биде помоќно од гласовите што ги задушувате денес.“
Одбраната го изнесува случајот пред Врховниот суд на Илиноис, а потоа и пред [[Врховен суд на САД|Врховниот суд на САД]]. Ниту во првиот ниту во вториот случај првобитната пресуда не е преиначена. По завршувањето на жалбената постапка, [[гувернер]]от на [[Илиноис]], [[Ричард Оглезби]], ги преиначува пресудите за Филден и Шваб од смртни во доживотни, а бесењето на останатите е закажано за [[11 ноември]] [[1887]] година. Претходниот ден Линг извршува самоубиство, а останатите четворица, Спис, Парсонс, Фишер и Енгел на закажаниот ден за нивно егзекутирани се изведени пред бесилка. При тоа тие ја пеат „[[Марсељеза]]та“, химна на меѓународното револуционерно движење во тоа време, а при бесењето, Спис извикува: „Ќе дојде време кога нашето молчење ќе биде помоќно од гласовите што ги задушувате денес.“


Судењето на осуммината чикашки анархисти (познати како „[[Хајмаркетски маченици]]“) во левичарски, но и во научни кругови се смета за едно од најсериозните кршење на правдата во историјата на САД.
Судењето на осуммината чикашки анархисти (познати како „[[Хејмаркетски маченици]]“) во левичарски, но и во научни кругови се смета за едно од најсериозните кршење на правдата во историјата на САД.


[[Категорија:Историја на САД]]
[[Категорија:Историја на САД]]

Преработка од 13:52, 3 мај 2012

Хејмаркетските немири од 4 мај 1886 година се немири во Чикаго по повод штрајкот од 1 мај за добивање 8-часовен работен ден. Немирите резултирале со жртви, а самиот тек на настаните и денес останува контроверзен. Хејмаркетски немири имаат голема улога во прогласувањето на 1 мај за Меѓународен ден на трудот.

Позадина

Конвенцијата на Федерацијата на организираните трговски и работнички сојузи на САД и Канада во 1884 година упатува барање до 1 мај 1886 година да биде донесен закон за 8-часовен работен ден. Истовремено, се одвиваат подготовки за генерален штрајк на тој ден, во случај да не биде донесен таков закон.

Бидејќи не е донесен законот, во знак на протест на 1 мај 1886 година се одржуваат собири ширум САД. Најголемиот собир се случува во Чикаго, каде што присуствуваат околу 90.000 луѓе. Во следните неколку дена во целата земја штрајкуваат 350.000 работници во 1.200 фабрики.

Во Чикаго на 3 мај доаѓа до судир помеѓу работници што штрајкувале и работници што биле донесени како штрајкбрехери. Чикашката полиција интервенира и ги напаѓа штрајкувачите, при што се убиени четворица од нив, а повеќемина се повредени. Тоа предизвикува лутина кај работното население на Чикаго, а чикашките анархисти за следниот ден упатуваат повик за собир на Хејмаркетски плоштад. Во повикот се тврди дека полицијата ги убила штрајкувачите во име на интересите на капиталистите и се повикуваат работниците да ја бараат правдата.

Собирот на Хејмаркетскиот плоштад

Собирот започнува мирно, вечерта на 4 мај. Говор држи анархистот Август Спис, кој во својот говор, според сведоштвото на многумина присутни, кажува дека не е таму за да провоцира никого.

Во меѓувреме многумина полицајци го набљудуваат собирот. Насобраниот народ е мирно настроен. По одредено време полицијата им наредува на присутните да се разотидат и почнува да настапува во формација кон бината. Некој фрла бомба врз полицијата, која експлодира и го убива полицаецот Матијас Деган. Полицијата веднаш возвраќа со оган. Настанува гужва при што 7 полицајци и најмалку 4 работници се убиени. Бројката на повредени работници не е позната, бидејќи кај работниците постоел страв да побараат медицинска помош за да не бидат обвинети во врска со немирите.

Судење и егзекуции

Споменик за жртвите на Хејмаркетски немири, Чикаго

Во врска со убиството на полицаецот Деган се обвинети осуммнина кои непосредно или посредно биле поврзани со организирањето на собирот. Тоа се: Август Спис, Алберт Парсонс, Адолф Фишер, Џорџ Енгел, Луис Линг, Михаел Шваб, Самуел Филден и Оскар Небе. Од нив петмина се германски имигранти, а уште еден со германско потекло.

На нивното судење не е понуден никаков доказ дека кој било од обвинетите имал каква било врска со фрлањето на бомбата, но обвинителството го застапува мислењето дека лицето што ја фрлило бомбата било поттикнато да го направи тоа од обвинетите, кои како заговорници поради тоа се исто одговорни.

Поротата одлучува дека сите осуммина се виновни, при што седуммина се осудени на смрт, а Небе добива казна од 15 години затвор. Пресудата предизвикува големо незадоволство и протести во работничките и левичарските кругови во САД и во странство, кои во прв ред осудувајќи ја класната природа на пресудата.

Одбраната го изнесува случајот пред Врховниот суд на Илиноис, а потоа и пред Врховниот суд на САД. Ниту во првиот ниту во вториот случај првобитната пресуда не е преиначена. По завршувањето на жалбената постапка, гувернерот на Илиноис, Ричард Оглезби, ги преиначува пресудите за Филден и Шваб од смртни во доживотни, а бесењето на останатите е закажано за 11 ноември 1887 година. Претходниот ден Линг извршува самоубиство, а останатите четворица, Спис, Парсонс, Фишер и Енгел на закажаниот ден за нивно егзекутирани се изведени пред бесилка. При тоа тие ја пеат „Марсељезата“, химна на меѓународното револуционерно движење во тоа време, а при бесењето, Спис извикува: „Ќе дојде време кога нашето молчење ќе биде помоќно од гласовите што ги задушувате денес.“

Судењето на осуммината чикашки анархисти (познати како „Хејмаркетски маченици“) во левичарски, но и во научни кругови се смета за едно од најсериозните кршење на правдата во историјата на САД.