Пантери: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: chr:Panthera
с r2.7.1) (Робот: Додава su:Panthera
Ред 154: Ред 154:
[[sah:Бөдөҥ куоскалар уустара]]
[[sah:Бөдөҥ куоскалар уустара]]
[[simple:Panthera]]
[[simple:Panthera]]
[[su:Panthera]]
[[fi:Suurkissat]]
[[fi:Suurkissat]]
[[sv:Panthera]]
[[sv:Panthera]]

Преработка од 08:20, 30 април 2012

Panthera
Период: ран плиоцен до денес
Податотека:4panthera.jpg
Од горе надолу: Лав, Тигар, Јагуар, и Леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Потсемејство: Pantherinae
Род: Panthera
Oken, 1816
Типски вид
Felis pardus
Linnaeus, 1758

Panthera е род од фамилијата мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на подфамилијата Pantherinae. Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека panthera може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“[1].

Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки карактеристики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните карактеристики на гркланот[2].

Еволуција

Како поголемиот дел од фамилијата мачки, и родот Пантери бил тема на многу дебати и таксономски промени. База на родот се смета дека е изумрениот вид Viretailurus schaubi, кој понекогаш се смета и за ран член на родот Пума. Пантерите најверојатно се развиле во Азија, меѓутоа нивните корени сѐ уште се нејасни. Одделувањетоа на пантеровидните мачки од другите мачки – Felinae се проценува помеѓу шест и десет милиони години[3]. Според фосилните остатоци одвојувањето на пантерите било пред само 2 до 3,8 милиони години[4].

Морфолошките и генетските истражувања укажуваат дека тигарот е првиот од денешните видови што се одвоил од лозата[5]. Снежниот леопард на почетокот бил ставен на базата на Panthera, но новите молекуларни истражувања укажуваат дека тој треба да припаѓа на овој ред, па дури и дека постои можност да е сестрински вид на леопардот[5]. Поради ова, многу научници го ставаат во пантери[3][5][6], но се уште не постои консензус за тоа дали треба да остане во посебниот род Uncia [7][8], или треба да биде префрлен како Panthera uncia[3][5][9][6]. Преисториската мачка, која го носи името Европски јагуар (Panthera gombaszogensis) и најверојатно е доста блиска со денешниот јагуар, се смета дека за прв пат се појавила во денешна Оливола, Италија пред околу 1,6 милиони години.

Облачниот леопард (Neofelis nebulosa), од кој во 2007 година е одвоен посебниот вид Борнејски облачен леопард (Neofelis diardi), не е вклучен во родот Пантери[3][5][9][6].

Таксономија

Постојат многу подвидови на четирите вида пантери, сепак голем број од подвидовите на леопардот и лавот се дискутабилни. Неодамна било предложено дека сите субсахарски популации на леопарди всушност припаѓаат на истиот подвид на леопард, како и сите субсахарски популации на лавови кои припаѓаат на еден подвид. Овие тврдења се базираат на недоволните генетски разлики меѓу нив. Некои од предисториските лавовски подвидови се опишани по историски докази и фосили. Можно е овие да биле различни видови.

Црниот пантер не е посебен вид, туку само заедничко име за црните (меланистични) индивидуи од овој род, најчесто јагуари или леопарди.

Видови и подвидови

Род Panthera

Изумрените видови се означени со †

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана веб страница
  2. Предлошка:Цитирана книга
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Предлошка:Цитирано списание
  4. Turner A (1987) New fossil carnivore remains from the Sterkfontein hominid site (Mammalia: Carnivora). Ann Transvall Mus 34:319–347
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Предлошка:Цитирано списание Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Yu“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. 6,0 6,1 6,2 Предлошка:Цитирано списание
  7. Uncia uncia. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2002. Посетено на 11 мај 2006.
  8. Felid Taxon Advisory Group: Alan H. Shoemaker (1996) Taxonomic and Legal Status of the Felidae
  9. 9,0 9,1 Предлошка:Цитирано списание
  10. Предлошка:Цитирано списание
  11. Предлошка:Цитирано списание