Пикардија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Менува gv:Picardie (ard)
с r2.5.4) (Робот: Менува en:Picardy
Ред 100: Ред 100:
[[de:Picardie]]
[[de:Picardie]]
[[et:Picardie]]
[[et:Picardie]]
[[en:Picardy (region)]]
[[en:Picardy]]
[[es:Picardía]]
[[es:Picardía]]
[[eo:Pikardio]]
[[eo:Pikardio]]

Преработка од 08:22, 2 април 2012

Пикардија
Picardie
Земја Франција
ПрефектураАмиен
Департмани
Управа
 • ПретседателКлод Геверк (PS - Социјалистичка партија)
Површина
 • Вкупна19.399 км2 (7,490 ми2)
Население (2007-01-01)
 • Вкупно1.890.000
 • Густина97/км2 (250/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
NUTSFR2
Мреж. местоcr-picardie.fr

Пикардија (француски: Picardie, француски изговор: [pikaʁdi]) е еден од 27-те региони во Франција. Се наоѓа во северниот дел на Франција.

Историја

Историската провинција Пикардија се протегала северно од Нојон до Кале, низ цел департман Сома и северно од департманот Езн. Провинцијата Артоа (областа Арас) ја делела Пикардија од Француска Фландрија.

Денес, современиот регион Пикардија не го вклучува брегот од Берк до Кале, преку Булоња (Булоне), кој денес е во регионот Север-Па-де-Кале, но ги вклучува земјите (pays) Бовези, Валоа, Нојоне, Лаоноа, Соасоне, Омоа на југ од департманите Езн и Оаз.

Географија

Пејсаж во Пикардија

Пикардија се протега од долгите песочни брегови на устието на Сома на запад до пространите шуми и пасишта на исток и надолу кон замоците на Шантији или Пјерфон близу до париското подрачје и на југ сé до виноградите на границата со Шампања (Champagne picarde). Регионот се состои од 4 департмани:

Култура

Пикардското културно наследство вклучува некои од најубавите готски цркви (Катедралите во Амиен и Буве), изразена локална гастрономија (ficelle picarde, flamiche aux poireaux, tarte au maroilles), пиво и традиционални игри и спортови како longue paume (претходникот на тенисот), како и пикардиските танци.

Демографија

Според пописите помеѓу 1990 и 1999, населението на Оаз се зголемувало за 0.61% годишно (речиси двојно побрзо од Франција во целина) додека департманот Езн бележи намалување на населението додека пак во Сома сосем малку било во пораст (за 0.16% годишно). Денес, 41.3% од популацијата на Пикардија живее во департманот Оаз.

Администрација

Претседател на Регионалниот совет е Клод Геверк, припадник на социјалистите кој е на истата функција од 2004. Од 2008, градоначалник на градот Амиен, главен град на регионот, е социјалистот Жил Демеји.

Поголеми градови

Опатијта во(Оаз)

Наводи

Надворешни врски

Координати: 49°30′N 2°50′E / 49.500° СГШ; 2.833° ИГД / 49.500; 2.833