Зборник на Миладиновци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 81.161.240.27, вратено на последната верзија на StanProg
Ред 11: Ред 11:


==Надворешни врски==
==Надворешни врски==
*[http://promacedonia.org/bugarash/bnpesni/bgnpesni.pdf „Бугарски народни песни“]
*[http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/zbornik.pdf „Зборникот“]
*[http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/zbornik.pdf „Зборникот“]



Преработка од 20:56, 30 јануари 2008

Податотека:Bulgarian Folk Songs.jpg
"Бѫлгарски народни песни", собрани од браќата Миладиновци, Загреб, 1861 година. Македонската наука не го користи овој термин, туку "Зборникот на Миладиновци".

Зборникот на Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни", излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година. Македонската наука за литература го избегнува терминот "Б‘лгарски народни песни" од причини што со едно интервентно вклучување на 70 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер и бугарскиот преродбеник Васил Чолаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни, Константин Миладинов како издавач и редактор бил должен[се бара извор] да се согласи со промената на првобитно најавениот наслов - Македонски народни песни.

Без оглед што оваа епохална книга на Браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво.

Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија. Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.

Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.

Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга. Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана им е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на ѓаковскиот бискуп). Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски музиколог, Наум Миладинов, чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа. Во продолжение, Константин ги изложува правописните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот изговор на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба. Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од Русија, Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати македонски народни песни. фонетски доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата акустичка самобитност.

Надворешни врски