Светлински тек: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с r2.7.2) (Робот: Додава fa:شار نوری
Ред 20: Ред 20:


[[be:Светлавы паток]]
[[be:Светлавы паток]]
[[bar:Liachtstrom]]
[[bg:Светлинен поток]]
[[bg:Светлинен поток]]
[[bar:Liachtstrom]]
[[ca:Flux lluminós]]
[[ca:Flux lluminós]]
[[cs:Světelný tok]]
[[cs:Světelný tok]]
Ред 28: Ред 28:
[[en:Luminous flux]]
[[en:Luminous flux]]
[[es:Flujo luminoso]]
[[es:Flujo luminoso]]
[[fa:شار نوری]]
[[fr:Flux lumineux]]
[[fr:Flux lumineux]]
[[is:Ljósflæði]]
[[is:Ljósflæði]]

Преработка од 18:30, 21 март 2012

Фотопна (црно) и скотопна (зелено) функција на сјајност. Хоризонталната оска прикажува бранова должина во нанометри (nm).
Улбрихтова топка (интегратор) за мерење на светлосниот тек од еден извор.

Во фотометријата, светлосен тек (светлосен флукс, светлосна моќ) е мерка за восприемената моќ на светлината. Се разликува од зрачниот тек (вкупна моќ на израчената светлина) по тоа што светлосниот тек е прилагоден со оглед на различната чувствителност на човечкото око на светлина со разни бранови должини.

Единици

Единицата за светлосен тек во SI системот е луменот (lm). Еден лумен се дефинира како светлосниот тек што го оддава извор кој зрачи со светлосна јачина од една кандела во просторен агол од еден стерадијан. Во другите системи, светлосниот тек се изразува со единици за моќ.

Пондерација

Светлосниот тек ја зема предвид чувствителноста на окото по пат на пондерирање на моќта при секоја бранова должина со функцијата на сјајност, која ја претставува чувствителноста на окото на разни бранови должини. Светлосниот тек е пондериран збир на моќта при сите бранови должини во водливиот појас. Светлината вон видливиот појас се занемарува. Соодносот на вкупниот светлосен тек со зрачниот тек се нарекува светлосна делотворност.

Практична примена

Светлосниот честопати се користи како како објективна мерка на полезна светлина што зрачи од некој извор, и како таква се наведува на опаковката на светилките. Штедливите потрошувачи обично го споредуваат светлосниот тек на разни светилки бидејќи така добиваат претстава за количеството на светлина што ќе го добијат од неа. Оваа мерка е корисна и при споредбата на светлосната делотворност кај жаречките и компактните флуоресцентни светилки.


Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.