Љубљана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава dsb:Ljubljana
с r2.7.1) (Робот: Додава fiu-vro:Ljubljana
Ред 195: Ред 195:
{{Link FA|bar}}
{{Link FA|bar}}
{{Link FA|sh}}
{{Link FA|sh}}

[[vep:Lüblän]]


[[ace:Ljubljana]]
[[ace:Ljubljana]]
Ред 306: Ред 304:
[[ug:ليۇبليانا]]
[[ug:ليۇبليانا]]
[[vec:Łubiana]]
[[vec:Łubiana]]
[[vep:Lüblän]]
[[vi:Ljubljana]]
[[vi:Ljubljana]]
[[vo:Ljubljana]]
[[vo:Ljubljana]]
[[fiu-vro:Ljubljana]]
[[war:Ljubljana]]
[[war:Ljubljana]]
[[wo:Jubaljana]]
[[wo:Jubaljana]]

Преработка од 21:11, 16 март 2012

Љубљана
Ljubljana
Панорама на Љубљана на зајдисонце
Панорама на Љубљана на зајдисонце
Знаме на ЉубљанаГрб на Љубљана
Местоположба на Љубљана во Словенија
Местоположба на Љубљана во Словенија
Координати: 46°3′5″N 14°30′20″E / 46.05139° СГШ; 14.50556° ИГД / 46.05139; 14.50556
Површина
 • Вкупна275,0 км2 (1,060 ми2)
Надм. вис.&10000000000000298000000298 м
Население (2007)
 • Вкупно267,920
Часовен појасCET (UTC+1)
Повик. бр.01
Мреж. местоwww.ljubljana.si

Љубљана (словенечки: Ljubljana, германски: Laibach) е главен град на Словенија сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.

Сообраќајните врски, сконцентрираната на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија.

Етимологија

Историчарите не се согласни за потеклото на името на градот. Некои веруваат дека тоа произлегува од древниот словенски град наречен Laburus [1]. Други мислат дека зборот доаѓа од латинскиот Aluviana според поплавите кои настанувале во градот. Тоа би можело да дојде и од зборот Laubach („мочуриште“). Некои сметаат дека името на градот потекнува од словенскиот збор Luba („љубена“).[1] Старото германско име на градот е Лајбах и тоа било во службена употреба било сѐ до 1918.

Според една легенда, митскиот херој за Јасон и неговите аргонаутитепо наоѓање на Златното Руно, не се вратиле назад кон Егејското Море, туку тргнале на север и пловеле по реката Дунав.[2] Одејќи нагоре, продолжиле по Сава, а потоа и кон изворот на реката Љубљаница. Потоа го напуштиле бродот и и продолжиле кон Јадранското Море и за да се вратат дома [2]. Помеѓу денешна градови Врхника и Љубљана, Аргонаутите откриле големо езеро. Легендата вели дека таму Јасон сретнал чудовиште. Ова чудовиште е змејот кој е присутен и денес на грб и на знамето на градот.[2] Денес неколку крилести змејови го красат Змајскиот мост во Љубљана.

Геологија и клима

Карта на Љубљана.
Карта на центарот на Љубљана.

Градот, со површина од 275,0 km2, се наоѓа во централниот дел на Словенија. Нејзината местоположба меѓу Австрија, Унгарија, регионот Венеција во Италија и Хрватска има силно влијание во нејзината историја. Љубљана се наоѓа околу 140 километри западно од Загреб, 250 km источно од Венеција, 350 km југозападно од Виена и на 400 км југозападно од Будимпешта.[3]

Топографија и хидрографија

Градот се наоѓа на надморска височина од 298 m во долината на реката Љубљаница[4] помеѓу регионот Крас и Јулиските Алпи.[5] Во близина на градот се наоѓа устието на реката Љубљаница во Сава.

Геологија

Градот се протега во алувијалната рамнина која датира од ерата на кватерот. Постарите планински региони кои се наоѓаат во близина датираат од ераите на мезозоик или од палеозоик.[6]

Љубљана била разурната од земјотреси во 1511 и во 1895 година.[7] Словенија се наоѓа во сеизмичка активна зона на јужниот дел од Евроазиското плато.[8], а целата земја е на крстосница на три важни тектонски зони: Алпите до север, на Динарските Алпи од југ и Панонскиот басен на исток.

Клима

Клима на градот, како и климата во источниот дел на Словенија е од континенталнен тип.[4] Во принцип, јули е најтоплиот месец јануари и февруари се најстудените.[9] Најниската измерена температура изнесува -28 °C додека највисоката изнесува 39 °C.[9] На најсушен период е од јануари до април, со помалку од 100 mm на врнежи, а септември и октомври се највлажните месеци.[9]

Климатски податоци за Ljubljana
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Извор: http://www.bbc.co.uk/weather/world/city_guides/results.shtml?tt=TT004670

Реони

Населби во Љубљана.

Љубљана има седумнаесет населби кои се поделени во пет општини (Бежиград, Центар, Мосте-Полје, Шишка и Вич-Рудник).

  1. Бежиград
  2. Центар
  3. Чрнуче
  4. Дравље
  5. Головец
  6. Јарше
  7. Мосте
  8. Поље
  9. Посавје
  1. Рожник
  2. Рудник
  3. Состро
  4. Шентвид
  5. Шишка
  6. Шмарна гора
  7. Трново
  8. Вич

Економија

Љубљана произведува околу 25% од бруто домашниот производ на Словенија.[4] Во 2003 година, нивото на активна работна популација е 62%, од кои 64% работат во приватниот сектор и 36% во јавниот сектор.[4] Во јануари 2007 година, стапката на невработеност изнесувала 6,5% (намалена е од 7,7% од една година порано), во споредба со националниот просек од 8,7%.[10]

Индустрија на градот претставува најголем работодавец, особено фармацевтската индустрија, петрохемиската и индустријата за преработка на храна.[4] Други стопански гранки се банкарството, финансиите, транспортот, градежништвото, трговијата и услуги, како и туризмот. Јавниот сектор обезбедува вработување во образованието, културата, здравството и локалната администрација.[4]

Љубљанската берза (Ljubljanska Borza), која во 2008 година е купена од страна на Виенската берза,[11] се занимава со големите словенечки компании. Некои од овие компании имаат свое седиште во главниот град или во нековата близина: на пример, малопродажен синџир „Меркатор“, нафтената компанија „Petrol“ АД и телекомуникацискиот концерн „Телеком Словенија“.[12] Над 15.000 претпријатија работат во градот, повеќето од нив во терцијарниот сектор.[13]

Култура

Манифестации

  • 23 април: недела на книгата (започнува на Светскиот ден на книгата). Се организираат разни настани, саем/пазар на книгата и др. на Конгресот плоштад;
  • 30 април/1 мај: Ден за труд прославата на љубљански Рожник со палење на оган во предвечерието (на 30 април);
  • 2 недела на мај: Поход по Патот на другарството и спомените кој го обиколува градот и поставен е на местата каде во Втората светска војна градот бил опколен со бодликава жица;
  • 3 недела на мај: Парада на матурантите од Љубљана;
  • Во втората половина на октомври: Љубљански маратон.[14]

Транспорт

Железничката станица во Љубљана, со автобуси паркирани пред неа.

Љубљана е во центар на словенечката патна мрежа, која го поврзува градот до сите делови на земјата. Градот, во централниот дел на Словенија, е поврзана на југозапад преку автопат со италијанските градови Трст и Венеција и со хрватското пристаниште Риека.[15] На север, со автопат поврзан е со Марибор, Грац и Виена. На исток, со автопат поврзан е со Загреб, од каде што може се продолжи кон останатите градови од поранешна Југославија.[15] На северозапад, со автопат поврзан е со Клагенфурт (односно Целовец) и Салцбург.[15] Сево ова ја прави Љубљана важна крстосница на Западна и Централна Европа со Балканскиот полуостров.

За јавниот превоз во градот одговорно е автобуско претпријатие кое е во сопственост на градот. Во градот функционираат и поголем број на такси служби.[16]

Градот поседува многу добро уредени патеки за велосипеди, а со оглед на неговата големина велосипедите во голема мерка се користат за превоз од локалното население. Велосипеди може и да се изнајмат.[17]

Љубљнската железничката станица е дел од железничката мрежа која ги поврзува Германија и Хрватска преку Минхен-Салцбург-Љубљана-Загреб. Друга важна железничка линија е Грац-Виена-Марибор-Љубљана, која ја поврзува Австрија со Словенија. Третата важна линија е линијата Џенова-Венеција-Љубљана. Таа ја поврзува Љубљана со Италија. Со железничка линија Љубљана е поврзана и со Будимпешта.[5]

Аеродромот во Љубљана, кој од пред некое време се нарекува Јоже Пучник, (ИАТА код LJU), лоциран на 26 километри на север од градот, има летови до многубројни европски дестинации. Меѓу компаниите што летаат од таму се Adria Airways, Air France, Brussels Airlines, EasyJet и Finnair.[18] Меѓу дестинации кои се опслужуваат се Амстердам, Атина, Барселона, Белград, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Копенхаген, Даблин, Франкфурт, Хелсинки , Истанбул, Киев, Лондон, Мадрид, Манчестер, Москва, Минхен, Охрид, Париз, Подгорица, Прага, Приштина, Стокхолм, Скопје, Виена, Варшава, Тирана, Тел Авив и Цирих.[18]

Спорт

Сала Тиволи, Љубљана

Во Љубљана активни се следните познати спортски клубови за хокеј на мраз: ХД ХС Олимпија, СД Алфа, ХК Славија и ХДД Олимпија Љубљана. Сите тие се натпреваруваат во словенечката хокеарска лига; ХДД Олимпија Љубљана, исто така, учествува и во австриската хокеарска лига.[19]

Познати кошаркарски тимови се КД Слован, ЖКД Јежица Љубљана и КК Унион Олимпија. Последниот клуб има зелен змеј како своја маскота, а домаќин е во салата Тиволи која има 6000 места за гледачи.[20]

Фудбалски тимови од градот кои играат во словенечката Прва лига се Интерблок Љубљана[21] и НК Олимпија Љубљана.[21]

Секоја година започнувајќи од 1957 година, во периодот од 8 до 10 мај, се одржува традиционален рекреативен марш по Патот на другарството и спомените околу Љубљана по повод ослободувањето на градот, на 9 мај 1945 година.[22] Последната недела во октомври се одвива Лубљанскиот маратон по градските улици. Оваа манифестација привлекува неколку илјади тркачи секоја година.[14]

Збратимени градови

Љубљана е збратимена со следните градови:

Наводи

  1. 1,0 1,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  2. 2,0 2,1 2,2 Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Станува збор за приближни растојанија проценети со Google Earth.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Предлошка:Цитирана веб страница
  5. 5,0 5,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  6. Предлошка:Цитирана веб страница
  7. Предлошка:Цитирана веб страница
  8. Предлошка:Цитирана веб страница
  9. 9,0 9,1 9,2 Предлошка:Цитирана веб страница
  10. Предлошка:Цитирана веб страница
  11. Предлошка:Цитирана веб страница
  12. Предлошка:Цитирана веб страница
  13. Предлошка:Цитирана веб страница
  14. 14,0 14,1 Официјална стрница на Љубљанскиот маратон
  15. 15,0 15,1 15,2 Michelin, Slovénie, Croatie, Bosnie-Herzégovine, Serbie, Monténégro, Macédoine, Cartes et guides n°736, Michelin, Zellik, Belgium, 2007, ISBN 978-2-06-712627-5
  16. Предлошка:Цитирана веб страница
  17. Предлошка:Цитирана веб страница
  18. 18,0 18,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  19. Предлошка:Цитирана веб страница
  20. Предлошка:Цитирана веб страница
  21. 21,0 21,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  22. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски


Предлошка:Херојски градови на СФРЈ

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA