Текелиево: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.5.4) (Бот Додава: el:Σίνδος
Zorrobot (разговор | придонеси)
с r2.5.2) (Бот Додава: nn:Síndos
Ред 17: Ред 17:
[[es:Sindo]]
[[es:Sindo]]
[[lt:Sindas (Salonikai)]]
[[lt:Sindas (Salonikai)]]
[[nn:Síndos]]

Преработка од 14:46, 28 февруари 2012

Женска празничка носија, с.Текелиево и с. Селјачево, Вардарија (Солунско), втора половина на XIX век (од книгата „Македонски народни носии“ Ѓорѓи Здравев)

Текелиево (грчки: Σίνδος) е индустриско предградие на градот Солун, Грција. Таму се наоѓа солунската техничката образовна институција „Александрио“ (грчки: Αλεξάνδρειο ΤΕΙ Θεσσαλονίκης) како и индустриската зона на градот, со голем број на индустриски капацитети, хангари, стоваришта итн. Текелиево претставува и голема товарна железничка станица на излезот од солунското пристаниште кон Република Македонија. На влезот од местото се наоѓаат православна црква и воена касарна. Дел е од општината Ехедорос.

Историја

Селото Текелиево своето име го добило по старо турско теќе кое се наоѓало во селото. Текелиево е сместено во македонската етногеографската област Вардарија во околината на Солун. Пред поделбата на Македонија со мировниот договор од Букурешт во 1913, селото броело стотина куќи и 425 жители (1903 година), Македонци и Турци, oд кои Македонците биле доминантно мнозинство[се бара извор]. Со масовната колонизација на грчко население на местото во 1922 драстично се променил и етничкиот состав на населението на Текелиево. Денес во местото сѐ уште има мал број на Македонци кои местото го нарекуваат со македонското име Текелиево. Доказ за тоа се и неколку пекарници и работилници во сопственост на Македонци кои ги носат имињата „Текели“ и „Текелево“ [се бара извор].