Јехуда Амихај: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с [r2.5.2] Бот Додава: fa:یهودا امیحای
с r2.7.2+) (Робот: Додава eu:Yehuda Amichai
Ред 35: Ред 35:
[[en:Yehuda Amichai]]
[[en:Yehuda Amichai]]
[[es:Yehuda Amijai]]
[[es:Yehuda Amijai]]
[[eu:Yehuda Amichai]]
[[fa:یهودا امیحای]]
[[fa:یهودا امیحای]]
[[fr:Yehuda Amichaï]]
[[fr:Yehuda Amichaï]]

Преработка од 21:06, 20 февруари 2012

Јехуда Амихај
Роденмај 3, 1924(1924-05-03)
Вирцбург, Германија
Починалсептември 22, 2000(2000-09-22) (возр. 76)
Израел

Јехуда Амихај (3 мај 192422 септември 2000) беше израелски поет. Многумина, и во Израел и во светот, го сметаат Амихај за највеличествениот израелски модерен поет.[1] Исто така, тој е меѓу првите што пишувале на разговорен хебрејски.[2]

Амихај е добитник на многу награди, меѓу кои и на Златен венец на Струшките вечери на поезијата во 1995.

Поезија

Поезијата на Амихај обработува настани од секојдневниот живот и филозофски полемики за значењето на животот и смртта. Карактеристични за неговата поезија се благата иронија и оригиналната сликовитост. Како и повеќето секуларни израелски поети, тој се „бори“ со верата во религијата. Во неговите поеми можат да се најдат референци кон Бог и религиското искуство.[3] Беше опишан како поет-филозоф во потрага по пост-теолошки хуманизам.[4] За Амихај се вели дека имал „ретка способност да ја претвори личната, дури и приватна, љубовна ситуација, со сите нејзини радости и таги, во сечие искуство“.[5]

Некои ги сметаат неговите метафори за богохулни.[6] Во неговата поема „И ова е твојата слава“ (Vehi Tehilatekha), на пример, Бог се наоѓа под Земјината топка како механичар под кола и залудно се обидува да ја поправи. Во поемата „Боговите се менуваат, молитвите остануваат исти“ (Elim Mithalfim, ha-Tfillot Nisharot la-Ad), Бог е прикажан како туристички водич или магионичар.

Белешки