Тројански коњ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: an:Caballo de Troya
с r2.7.2+) (Робот: Менува tr:Truva Atı
Ред 56: Ред 56:
[[tl:Kabayo ng Troya]]
[[tl:Kabayo ng Troya]]
[[te:ట్రోజన్ హార్స్]]
[[te:ట్రోజన్ హార్స్]]
[[tr:Truva atı]]
[[tr:Truva Atı]]
[[uk:Троянський кінь]]
[[uk:Троянський кінь]]
[[vi:Con ngựa thành Troia]]
[[vi:Con ngựa thành Troia]]

Преработка од 03:17, 18 февруари 2012

Тројанскиот коњ

Тројанскиот коњ претставува дел од митот за Тројанската војна.

Според легендата, грчките војски ја опседнале Троја во продолжение на десет години, и никако не пронаоѓале начин како да ја заземат. Најпосле до израз дошла идејата на мудриот Одисеј. Делото било изработено од страна на Епеј, а идејата била на мудриот Одисеј, кој пак ја послушал на божицата Атена. Најсилните херои се засолниле во коњот, додека пак останатата армија се повлекла навидум од брегот. Во меѓувреме, грчкиот шпион Синон успеал да ги убеди на Тројанците дела коњот е дар од боговите, и покрај предупредувањето кое било дадено од страна на Лаокон и Касандра. Така, Тројанците гигантскиот коњ го внесле зад градските ѕидини. Цела вечер Тројанците ја празнувале големата и долгогодишна победа над Грците. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на Троја, секој маж или момче биле убиени, секоја жена била заробена.

Денеска, на местото каде некогаш се наоѓала Троја, блиску до Дарданелите во денешна Турција, во 1955 година бил изграден музеј во кој се чуваат реликви од градот, а во градината на самиот музеј има изложено дрвен коњ, кој го претставува легендарниот тројански коњ.