Јакупица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 34: Ред 34:
<!--Пред повеќе од 300 год.над Чеплес,на 3-км северно од денешното село Папрадиште,се наоѓало селото Чеплес,чии руини се сеуште видливи и чие име денес го носи домот под врвот Солунска глава.Селото Чеплес било разделено со една рекичка на две маала.Во едното живеел Јакуб со своето семејство ,а во другото Даут, исто така со не мал род.И двете семејства се занимавале со сточарство и живееле во мир.Но еден ден едните им го убиле кучето на другите и започнала вистинска војна со многу жртви од двете страни.Малкумината останати живи се одселиле.Даут се населил над Орешка планина која денес се вика Даутица.Јакуб ја запоседнал територијата на масивот Мокра планина која денес го носи името Јакупица.Највисокиот и најубавиот врв го носи името Солунска Глава.Во 1924 год. група војници и еден офицер од тогашна Југославија биле на логорување во реонот околу врвот.Една тивка вечер офицерот покажал кон треперливите светулки во далечината низ Повардарието,велејќи им на војниците дека тоа е Солун.Така се родило новото име Солунска Глава.Се разбира Солун не може да се види но името останало.Планинскиот масив е многу богат со води и од него извираат Маркова , Кадина и Патишка река во северниот дел (Скопско) и Тополка и Бабуна на југ (Велешко).

-->
-->

[[Категорија:Планини во Македонија]]
[[Категорија:Планини во Македонија]]
[[Категорија:Планински венци во Европа]]

== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 21:35, 17 февруари 2012

Јакупица
Солунска Глава
Планината Јакупица со неговиот врв Солунска Глава во средината
Највисока точка
Надм. вис.2.540 м [1]
Истакнатост1.666 м
Заведена какоултра категорија
Друго имеСолунска Глава
Географија
Јакупица на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
Матичен венецЈакупица
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење, но големиот врв (приближно последните 30 метри) затворен од војската.

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка и Осој. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Други важни врвови се: Караџица (2.473 м), Попово Брдо (2.380 м), Остар Брег (2.365 м), Убава (2.353 м), Остар Врв (2.275 м) и Даутица (2.178 м).

Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк[2].

Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област.

На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и врвот.

Наводи

  1. http://www.ii.uib.no/~petter/mountains/europf.html#glava
  2. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81477 Еколозите бараат нов национален парк во Централна Македонија