Фелисити Хафман: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 23: | Ред 23: | ||
=== Личен живот === |
=== Личен живот === |
||
[[Слика:Huffman_golden_globe.jpg|thumb|left|Фелисити Хафман и сопругот Вилијам]] |
[[Слика:Huffman_golden_globe.jpg|thumb|left|Фелисити Хафман и сопругот Вилијам]] |
||
Фелисити е мажена за [[актер|актерот]] [[Вилијам Х. Мејси]] ([[Англиски јазик|англиски]]: ''William H. Macy''), со кого има две ќерки Софија Грејс (родена на [[1_август|1 Август]], [[2000]]) и Џорџија Грејс (родена на [[14_март|14 Март]], [[2002]]). Тие се венчале на [[6_септември|6 Септември]], [[1997]]. Заедно со својот сопруг се појавила во многу филмови, како и во [[телевизија|телевизиски]] и [[сцена|сценски]] настапи, како што се [[телевизија|ТВ]] [[шоу|шоуто]] ''„Спортска вечер“'' и [[филм|филмот]] ''Магнолија (Magnolia)''. |

Ред 28: | Ред 29: | ||
== Кариера == |
== Кариера == |
||
⚫ | Фелисити Хафман е позната по нејзините улоги во ''„[[Очајни домаќинки]]“'' и ''„[[Трансамерика]]“ (Transamerica)''. На [[телевизија|телевизиските екрани]] таа се појавила во емисијата ''„Спортска вечер“'', а била и гостувачка ѕвезда во сериите ''„[[Фрејзер]]“'', ''„Западно крило“ (The West Wing)'', и ''„Студио 60“''. Се појавила и во [[филм|филмовите]] како што се ''„Одгедувајќи ја Хелен“ (Raising Helen)'' и ''„Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks)''. |
||
[[Слика:Felicity-huffman-big.jpg|thumb|right|Фелисити Хафман]] |

Фелисити освои '''[[Еми]]''' награда за нејзината работа во ''„[[Очајни домаќинки]]“'' за „Најдобра актерка во комични серии“, и две '''2005 Screen Actors Guild Awards''' награди. Нејзината улога во [[филм|филмот]] „Трансамерика“ (Transamerica) беше позитивно оценета од критичарите, обезбедувајќи и [[Златен глобус]] за „Најдобра актерка во драма“, како и номинации за '''Screen Actors Guild Awards за „Најдобра главна актерка“''', и за '''[[Оскар]]''' за „Најдобра главна актерка“. |

Преработка од 02:38, 18 јануари 2008
Фелисити Хафман | |
---|---|
Податотека:DesperateHousewives010.jpg Фелисити Хафман | |
Роден(а) | Фелисити Кендал Хафман |
Сопружник | Вилијам Х. Мејси (1997-) |
Награди | NBR награда за најдобра актерка 2005, за филмот Трансамерика (Transamerica) |
Фелисити Кендал Хафман (англиски: Felicity Kendall Huffman), родена 9 Декември, 1962 е американска актерка, позната по нејзината улога како Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“. Оваа улога и донесе Еми награда. Добила одлични критики за нејзината улога во независниот филм Трансамерика (Transamerica), за којашто доби и Златен глобус. Хафман освоила осум значајни награди, и била номинирана десет пати, вклучувајќи ја и номинацијата зa Оскар.
Биографија
Младост
Фелисити Хафман, родена во Бедфорд, Њу Јорк е ќерка на Грејс Вејл, актерка, и Мур Питерс Хафман, банкар. Нејзините родители се развеле една година по нејзиното раѓање, а таа одраснала со нејзината мајка. Таа има шест сестри и еден брат. Се запишала на академијата Interlochen Arts во Мичиген. После завршувањето на средното образование заминала на универзитетот Њу Јорк (New York University), кадешто дипломирала во 1988.
Личен живот
Фелисити е мажена за актерот Вилијам Х. Мејси (англиски: William H. Macy), со кого има две ќерки Софија Грејс (родена на 1 Август, 2000) и Џорџија Грејс (родена на 14 Март, 2002). Тие се венчале на 6 Септември, 1997. Заедно со својот сопруг се појавила во многу филмови, како и во телевизиски и сценски настапи, како што се ТВ шоуто „Спортска вечер“ и филмот Магнолија (Magnolia).
Во 2005, Хафман откри дека во тинејџерските години боледувала од анорексија и булимија. Меѓутоа, со терапија ги победила овие болести. Таа сеуште е позната по нејзината смисла за хумор, прави шеги на сопствена сметка, и за себе верува дека „не е убава“. Голема обожавателка е на Тина Тарнер, нејзиниот сон бил да стане пејачка, и кога гостувала во Шоуто на Опра Винфри, Опра ја изненадила кога на сцената ја повикала Тина Тарнер и и овозможила да запее со својата омилена пејачка.
Кариера
Фелисити Хафман е позната по нејзините улоги во „Очајни домаќинки“ и „Трансамерика“ (Transamerica). На телевизиските екрани таа се појавила во емисијата „Спортска вечер“, а била и гостувачка ѕвезда во сериите „Фрејзер“, „Западно крило“ (The West Wing), и „Студио 60“. Се појавила и во филмовите како што се „Одгедувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) и „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks).
Фелисити освои Еми награда за нејзината работа во „Очајни домаќинки“ за „Најдобра актерка во комични серии“, и две 2005 Screen Actors Guild Awards награди. Нејзината улога во филмот „Трансамерика“ (Transamerica) беше позитивно оценета од критичарите, обезбедувајќи и Златен глобус за „Најдобра актерка во драма“, како и номинации за Screen Actors Guild Awards за „Најдобра главна актерка“, и за Оскар за „Најдобра главна актерка“.
Фелисити е исто така и ко-автор на книгата „Практичен прирачник за момчето“ (A Practical Handbook for the Boyfriend).
Филмографија
- 1988: „Работите се менуваат“ (Things Change)
- 1990: Reversal of Fortune како Мини
- 1991: „Златни години“ (Golden Years) како Тери Спан
- 1993: The X-Files - "Ice" како др. Ненси да Силва
- 1995: „Хакери“ (Hackers) како адвокатка
- 1997: „Шпанскиот затвореник“ (The Spanish Prisoner) како Пет МекКјун
- 1998-2000: „Спортска вечер“ (Sports Nights) (TV) како Дејна Вајтекер
- 1999: „Магнолија“ (Magnolia) како Синтија
- 2003: „Опседунивање на куќата“ (House Hunting) како Шеила
- 2004-денес:Очајни домаќинки (TV) како Линет Скаво
- 2004: „Одгледувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) како Линдзи Дејвис
- 2004: „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks) како Мери
- 2005: „Трансамерика“ (Transamerica) aкако Сабрина 'Бри' Озборн
- 2007: Georgia Rule како Лили
- 2008: „Фиби во Земјата на чудата“ (Phoebe in Wonderland)
- 2008: „Жената на политичарот“ (The Politician's Wife) (во продукција)
Награди
- 2006: номинирана за „Најдобра актерка во главна улога“ -- Трансамерика
- 2000: номинирана за „Најдобра актерка во телевизиски серии“ -- „Спортска вечер“ (Sports Night)
- 2005: номинирана за „Најдобра актерка во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки
- 2006: номинирана за „Најдобра актерка во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки
- 2006: освоила, за „Најдобра актерка во филм (драма)“ -- Трансамерика
- 2007: номинирана за „Најдобра актерка во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки
- 2007: номинирана за „Најдобра актерка во комични серии“ -- Очајни домаќинки
- 2005: освоила, за „Најдобра актерка во комични серии“ -- Очајни домаќинки
Screen Actors Guild Awards
- 2000: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Спортска вечер
- 2005: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
- 2006: номинирана за „Најдобра актерка во главна улога“ -- Трансамерика
- 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
- 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
- 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
- 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
Надворешни линкови
- Фелисити Хафман на IMDB на Семрежната филмска база на податоци (англиски)