Разлика помеѓу преработките на „Џовани Бокачо“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 6 бајти ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
с
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:Giovanni_Boccaccio.jpg|right|thumb|150px|Џовани Бокачо.]]
'''Џовани Бокачо''' ({{роден на|16|јуни|1313}} - {{починал на|21|декември|1375}}), [[италија]]нски [[писател]] и [[хуманист]], третиот претставник на [[италија]]нската [[предренесанса]], со своето најважно дело за светската [[литература]], со ''[[Декамерон]]'', во целост се одделува од [[Метафизика|метафизичноста]] на [[Среден век|средновековниот]] начин на мислење. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во [[Неапол]], кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема [[Ренесанса|ренесансен]] град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот [[Роберт (крал)|Роберт]], [[Марија (лик)|Марија]], која во творештвото на писателот се трансформирала во дона [[ФијаметаФјамета]]. Таа е опеана во [[стих]]ови и во [[проза]] како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.
 
Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со [[Франческо Петрарка]] во [[Фиренца]], [[Падова]], [[Милано]] и во [[Венеција]]. Тие тогаш ги делеле своите интелектуални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.
Творештвото на Бокачо ја покажува предноста на неговиот раскажувачки талент, иако и тој го почнал творештвото со [[поезија]]. Песните во "Рими" кои ги пишувал во различни периоди од животот покажуваат дека тој ја нема дарбата на [[Данте Алигиери|Данте]] и на Петрарка за префинета поетска медитација за љубовта. Романот во проза ''[[Филокло]]'' има љубовно-авантуристичка содржина. И покрај својата почетничка несигурност, тој сведочи за талентот на идниот голем раскажувач.
 
[[Антика|Античкиот]] мотив за љубовта на [[ТроилТроило]] и [[КрисеидаКризеида]] (преземен од средновековниот ''[[Роман за Троја]]''), Бокачо го обработил во спевот ''[[Филострато]]''.
 
Во овој првичен период на своето творештво Бокачо ги напишал:
* [[Ловот на Дијана]], покус еп.
 
Во позрелите дела на Бокачо треба да се спомене и т.н. прв италијански психолошки роман ''[[ЕлегијатаЕлегија на госпоѓа ФијаметаФјамета според неа на жените вљубени раскажана]]'', кој е интересен по раскажувањето во прво лице. Раскажувачот е жена, па тој факт го прави ова дело уште поинтересно.
 
Меѓу помалите дела на италијански јазик се ''[[Буколички песни]]'', како и биографиите на познатите жени (од Ева до [[Ивана Неаполска]]), потоа важното учено дело на Бокачо ''[[За родословите на паганските богови]]'', а треба да се истакне и активноста на Бокачо во врска со проучувањето на делото на Данте. ''[[Расправите во слава на Данте]]'' го содржат култот на Бокачо кон големиот поет на ''[[Божествена комедија|Комедијата]]'', па со право се смета дека токму Бокачо ја нарекол ''божествена''.
315

уредувања

Прегледник