Безрбетници: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.5) (Бот Додава: sa:अकशेरुकाः
с r2.7.1) (Бот Додава: af:Ongewerweldes
Ред 29: Ред 29:
[[Категорија:Без‘рбетници]]
[[Категорија:Без‘рбетници]]


[[af:Ongewerweldes]]
[[ar:لافقاريات]]
[[ar:لافقاريات]]
[[ast:Invertebráu]]
[[ast:Invertebráu]]
[[zh-min-nan:Bô-chek-chui tōng-bu̍t]]
[[zh-min-nan:Bô-chek-chui tōng-bu̍t]]
[[be:Беспазваночныя]]
[[be:Беспазваночныя]]
[[bs:Beskičmenjaci]]
[[bg:Безгръбначни]]
[[bg:Безгръбначни]]
[[bs:Beskičmenjaci]]
[[ca:Invertebrat]]
[[ca:Invertebrat]]
[[cs:Bezobratlí]]
[[cs:Bezobratlí]]

Преработка од 22:35, 5 февруари 2012

Бентосни без‘рбетници од Росовото Море: школки, рилчест црв и морски змиулки.
Thelenota ananas, морска краставица од типот иглокожи, е без‘рбетно животно.
Helix aspersa: европски белодробен полжав, пример за без‘рбетно животно.

Без'рбетниците (латински: Invertebrata) се голема група на еукариоти во која припаѓаат животните без ‘рбетен столб. Тука се вклучени најголемиот број од сите видови на животни - според некои автори, на без‘рбетниците им припаѓаат 96,3% од целото животинско царство, наспроти 4% кои им припаѓаат на животните со ‘рбетен столб (Vertebrata). Без‘рбетниците се побројни и од сите останати царства (Archaea, Monera, Protista, Fungi и Plantae) заедно.

Терминот без‘рбетници не е валиден од таксономски аспект, додека терминот ‘рбетници е таксон (поттип) во типот на хордовите животни (Chordata). Хордата е еволутивен претходник на ‘рбетниот столб и се јавува само во ларвениот стадиум кај примитивните поттипови од типот Chordata (Tunicata и Acrania), како и во ембрионалниот развиток на ‘рбетниците (вклучувајќи го и човекот). Поради ова, животните од овие два поттипа (Tunicata и Acrania) некаде се сметаат за без‘рбетници. Поделбата на животните на без‘рбетници и ‘рбетници во зоологијата е направена од практични причини - за полесно изучување.

Еволуција и поделба на без‘рбетните животни

Според традиционалната поделба на царството Animalia, праживотните (Protozoa) се сметаат за без‘рбетни животни. Но, во современите класификациски системи праживотните се дел од царството Protista. Ваквата прераспределба е направена, пред се, врз основа на структурата на јадрата кај животните и праживотните. Кај првите, јадрото е од везикуларен тип, додека кај вторите тоа е составено од големо јадро (макронуклеус) и мало јадро (микронуклеус), кои имаат сосема поинакви биохемиски одлики. Како без‘рбетни животни порано се сметаа и некои видови на алги, како еуглената, волвоксот и некои претставници од групата на огнени алги (Dinophyta). Денес и тие се вбројуваат како дел од Protista, бидејќи градбата на нивните клетки е многу поблиска до онаа на растенијата отколку на животните.

Сепак, животните еволуирале од праживотните (одредени динофлагелати), и затоа името на овој таксон е соодветно. Првите животни се оние од без‘рбетните типови Porifera и Cnidaria. Кај сунѓерите се уште се огледува консолидацијата на едноклеточните динофлагелати во многуклеточен организам (клеточен степен на телесна организација) и затоа се означени како Parazoa, односно бесткивни животни, додека кај жаркарите веќе почнува потесното поврзување на клетките во ткива (Eumetazoa или ткивни животни).

Типови на без‘рбетни животни

Постојат околу 35-40 видови на животински типови во зависност од авторот на систематиката. Некои најпознати без‘рбетни типови на животни се: