Антарктик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7: Ред 7:
| '''Популација''' || ~1,000
| '''Популација''' || ~1,000

| '''Влада''' || Нема, управувано од [[Antarctic Treaty System]]
| '''Управа''' || Нема, управувано од [[Антарктички договор]]

| '''Територијални претензии''' || [[Аргентина]]
[[Австралија]]
[[Чиле]]
[[Франција]]
[[Нов Зеланд]]
[[Норвешка]]
[[Велика Британија]]
| '''Територијални претензии''' || [[Аргентина]]
[[Австралија]]
[[Чиле]]
[[Франција]]
[[Нов Зеланд]]
[[Норвешка]]
[[Велика Британија]]

Преработка од 10:36, 4 февруари 2012

Антарктик
Location of Antartica
Површина 13,200,000 km?
Популација ~1,000
Управа Нема, управувано од Антарктички договор
Територијални претензии Аргентина
Австралија
Чиле
Франција
Нов Зеланд
Норвешка
Велика Британија
Интернет наставка .aq
Повикувачки број +672
Сателитска снимка на Антарктикот

Антарктик (од грчкиот збор ἀνταρκτικός, "спротивно од Арктик") е континент кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен пол на спротивната страна на планетата.

Иако митовите и претпоставките за Terra Australis ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Петрович Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен.

Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојана популација. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.

Климатски услови

Зелената светлина во позадина е феноменот аурора аустралис.

Антарктика е најладното место на земјата. Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.

На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.

Во зависност од висината, настануваат долги периоди на постојана темнина или постојана сончева светлина, односно климата на која се навикнати луѓето не се појавува на овој континент.

На Антарктик се појавуваат три природни феномени:

• аурора аустралис или јужните светлини
• дијамантски прав - облак од ситни кристали од мраз
• пархелион, или лажно сонце, светла точка покрај вистинското сонце.

Географија

Регионот околу Антарктика

Континентот Антарктика се наоѓа јужно од јужен поларен круг, опкружен од Јужниот Океан. Физички Антарктикот е поделен на два дела од планини близу до Ross Sea и Weddell Sea. Делот од континентот западно од морето Weddell и источно од морето Ross се нарекува Западен Антарктик а остатокот Источен Антарктик.

Популација

Територијална поделба на Антарктикот
Податотека:PALMERPENGUINB.JPG
Станицата Палмер

Се претпоставува дека во секој момент барем 1.000 луѓе живеат на континентот. Оваа бројка варира во зависност од месецот. Иако Антарктикот нема постојани жители, неколку држави имаат постојани истражувачки станици на континентот. Многу од нив имаат персонал во текот на целата година.

Првото дете родено на подрачјето околу Јужниот Пол е девојче Норвежанче, родена на 8 октомври 1913 година, додека Емилио Макрос Палма е првиот човек роден токму на Антарктикот (во базата „Есперанца“) во 1978 година, неговите родители биле пратени на континентот заедно со седум други фамилии.

Ридови од мраз во Антарктикот

Комуникација

Интернационалниот повикувачки број за Антарктикот е +672.

На континентот е развиена безжична телефонска мрежа. Постојат едно келиски предаватели кои користат AMPS технологија во Аргентинската Marambio Base и Entel Chile GSM предавател на King George Island. Сите останати комуникации се одвиваат преку сателитски врски.

Македонски топоними на Антарктикот

Карта на островот Ливингстон со неговите македонски топоними
Рид Делчев

Поврзани статии

Надворешни врски

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA