Грегоријански календар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: diq:Teqwimo Gregoryen
с r2.7.2+) (Бот Менува: zea:Gregoriaonse kalender
Ред 215: Ред 215:
[[zh-yue:公曆]]
[[zh-yue:公曆]]
[[diq:Teqwimo Gregoryen]]
[[diq:Teqwimo Gregoryen]]
[[zea:Gregoriaanse kalender]]
[[zea:Gregoriaonse kalender]]
[[bat-smg:Grėgaliaus kalėnduorios]]
[[bat-smg:Grėgaliaus kalėnduorios]]
[[zh:公历]]
[[zh:公历]]

Преработка од 21:32, 24 јануари 2012

Грегоријанскиот календар е календар кој денеска се користи во Европа, поранешните европски колонии како и поголемиот дел од светот. Тој е модификација на Јулијанскиот календар, и првпат бил предложен од неаполскиот доктор Алојзиј Лилиј, а бил прифатен со декрет на папата Григур XIII, по кого е и наречен.

Кога стапил насила во 1582 година, биле избришани 10 дена од сончевата година. Така последен ден од Јулијанскиот календар бил 4 октомври 1582, а прв ден од Грегоријанскиот календар бил 15 октомври 1582 година.

Месеци во годината

Годината во Грегоријанскиот календар е поделена на 12 месеци:

Бр. Име Денови
1 јануари 31
2 февруари 28 или 29
3 март 31
4 април 30
5 мај 31
6 јуни 30
7 јули 31
8 август 31
9 септември 30
10 октомври 31
11 ноември 30
12 декември 31

Лесен начин да се запамти колку денови има даден месец е да се стиснат двете раце во тупаници и да се доближат една со друга кај палците. Потоа се бројат коските и вдлабнатините меѓу прстите. Почнувајќи, од коската на малиот прст на левата рака, се набројуваат месеците од Јануари. Броејќи коска, вдлабнатина, коска, вдлабнатина се до Декември. Коските преставуваат месеци со 31 ден, вдлабнатините преставуваат месеци со 30 денови (со исклучок на февруари).

Седмици и денови

Грегоријанскиот календар е сончев календар, зависи од вртењето на Земјата околу Сонцето. Според грегоријанскиот календар секоја година има 365,2425 денови, секој ден 24 часа, секој час 60 минути, секоја минута 60 секунди.

Период од седум денови се нарекува седмица. Деновите од седмицата се:

Бр. Име
1 понеделник
2 вторник
3 среда
4 четврток
5 петок
6 сабота
7 недела

Прифаќање на државно ниво

Во прво време, бидејќи Папата нема световна власт освен во Папската држава/Ватикан, Грегоријанскиот календар важел само за Римокатоличката црква. Во текот на првите децении по воведувањето прво го прифатиле државите во кои католичкото христијанство било официјална религија, додека протестантските држави и заедници го игнорирале или одбивале. Повеќето земји од Западна Европа, нивните колонии и државите кои произлегле од нив го имале прифатено календарот до средината на XVII век. Јапонија го прифатила во 1873 година, Кореа во 1895 г. а Кина во 1912 г. Во Советскиот Сојуз е прифатен во 1918 година, а последна европска земја што го прифатила била Грција во 1923 г.

Прифаќање од другите христијански цркви

Наспроти граѓанските прифаќања, ниту една православна црква го нема признаено Грегоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на Јулијанскиот календар, кој испуштил 13 дена во 1923 година и вовел поинаква престапна година. До 2003 година овој и Грегоријанскиот календар нема да се разликуваат. Ревидираниот Јулијански календар го прифатиле Цариградската патријаршија, Грчката Православна Црква од Александрија, Грчката Православна Црква од Антиохија, како и националните православни цркви на Грција, Кипар, Романија и Бугарија. До 2800 година овие Новокалендарски цркви ќе го прославуваат Божиќ на 25 декември според Грегоријанскиот календар, на ист ден како западните цркви.

Ерменската Апостолска Црква го прифатила Грегоријанскиот календар во 1923 година, со исклучокна Ерменскиот Патријахат од Ерусалим, кој што сè уште го користи Јулијанскиот календар.[1][2]

Грчката Православна Црква на Ерусалим, Руската, Српската, Македонската, Полската Православна Црква, грузиските православна и апостолска црква, како и грчките старокалендарци го немаат прифатено Ревидираниот Јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божиќ на 25 декември од Јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари. Одбивањето да се прифатат Грегоријанските реформи исто така влијае на различното пресметување на датумот за Велигден кај овие цркви.

Од сите други источни цркви, православните Коптска, Етиопска, Еритрејска и Сириска продолжуваат да ги користат своите стари календари кои се базираат на Јулијанскиот, додека кога Асирската Црква го прифатила Грегоријанскиот календар во неа се случила шизма и од неа се одделила Старовремската Асирска Црква.

За разлика од другите источни цркви, Финската Православна Црква го прославува Велигден според Грегоријанскиот календар.

Поврзано

Наводи

  1. The Armenian Church | Christmas (c. 2010). Diocese of the Armenian Church of America (Eastern).
  2. Ardem A. Tajerian (n.d.). When Is Easter This Year? CAKE Foundation. Retrieved 7 January 2009.