Сварог: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 1.718 бајти ,  пред 14 години
Сварог
(Сварог)
 
(Сварог)
Прабогот на старите Словени бил познат под името Сварог. Неговото друго име, веројатно е Род. Во Хрониката на Хемолд е запишано:
Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.
Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за Перун.
Треба да се земат предвид и зборовите на хроничарот Нестор, во врска со договорите меѓу Русите и Византијците од 945 и 947 година. Таму се вели: Оние Руси-христијани што ќе го прекршат овој договор, да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени, да бидат лишени од секоја помош од Бога и Перуна.
Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од 11 век, името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, Дажбог.
Анонимен корисник

Прегледник