Разлика помеѓу преработките на „Витамин“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 42 бајти ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
с (r2.7.1) (Бот Менува: ps:ويټامين)
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Витамините''' ([[латински јазик|латински]]: vita-[[живот]]) се [[Комплекс (хемија)|комплексни]] [[Хемиско соединение|соединенија]] со различна [[Хемија|хемиска]] [[природа]], кои, како што кажува самото име, се мошне важни за животот на една [[индивидуа]]. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за [[раст]]ењето, нормалното функционирање на [[Клетка|клетките]] и [[Ткиво|ткивата]] и општо, за одржување на [[здравје]]то. [[Растенија]]та и некои [[микроорганизми]] се способни сами да ги [[Синтеза|синтетизираат]] витамините, додека [[животни]]те мора да ги внесуваат со [[храна]]та. Витамините се среќаваат во две основни форми: ''активна'' (дејствуваат веднаш во организмот) и ''неактивна'' (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во [[Организам|организмот]] во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како [[провитамин]]и. Сите витамини [[раствор]]ливи во [[вода]], освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени [[ензим]]и како [[коензим]]и. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува [[хиповитаминоза]], додека целосниот недостиг-[[авитаминоза]]. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како [[хипервитаминоза]]. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот. Витамините се делат на ''витамини растворливи во вода'' и ''витамини растворливи во масти''.
 
== Список на витамини ==
 
'''Табела: Преглед на витамините и нивното дејство'''

Прегледник