Прејди на содржината

Мем: Разлика помеѓу преработките

Додадени 196 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
с (r2.7.1) (Бот Додава: hi:मीम)
Нема опис на уредувањето
'''Мем''' е постулирана целина на културни идеи, [[симбол]]и или практики, кои можат да бидат пренесени од еден [[ум]] до друг преку пишување, говор, гестови, ритуали или други имитирачки феномени. Зборот е спој од „ген“ и грчкиот збор ''μιμητισμός'' (/mɪmetɪsmos/) за „нешто имитирано“. Поддржувачите на концептот ги сметаат мемите како културни аналози на гените, во тоа дека се само-копираат и реагираат на селективни притисоци.
 
Британскиот научник [[Ричард Докинс]] го создал зборот „мем“ во ''„[[Себичниот Ген]]“'' (1976) како концепт за расправање на [[Еволуција|еволуционите]] принципи при објаснување на ширењето на идеите и културните феномени. Примерите за меми дадени во книгата вклучуваат мелодии, лесно-преносливи досетки, мода и технологијата за градење на лакови.
 
Мем-теоретичарите велат дека мемите еволуираат преку [[природна селекција]] (на начин аналоген како на [[биолошка еволуција|биолошката еволуција]]) низ процесите на [[варијација]], [[мутација]], [[натпревар]] и [[наследство]] кои влијаат на копирачкиот успех на некој конкретен мем. Мемите се шират низ однесувањата кои тие ги создаваат во своите домаќини. Мемите кои се [[Плодност|пропагираат]] помалку ефикасно можат да [[Изумирање|исчезнат]], додека други можат да преживеат, да се рашират и (за подобро или полошо) да [[Мутација (генетика)|мутираат]]. Теоретичарите покажуваат дека мемите кои најефективно се копираат се шират најдобро, и некои меми можат да се копираат ефективно дури и кога се штетни по благосостојбата на нивните домаќини.
 
Домен во науката наречен [[меметика]] се појави во деведесеттите години за да ги истражува концептите и преносот на мемите во термини на [[еволуционен модел]]. Критиките од најразлични фронтови го предизвикаа постулатот дека научниците можат да ги испитуваат мемите [[Емпирија|емпириски]]. Некои коментатори се сомневаат во идејата дека културата може значително да се категоризира во дискретни единици.
 
[[Категорија:Еволуција]]